Рецензии

Дискредитирање наместо информирање

на 1. 07. 2016 | |

[Рецензија: Пратеничката на СДСМ Лидија Димовска се повика на пратенички имунитет за да се заштити од казна за сообраќаен прекршок]

  Вистината вреди толку колку што со неа може да се манипулира, би можелo да се заклучи од информацијата што ја рецензираме. Повод за написот е еден вистинит настан во кој е инволвирана пратеничка на опозициска партија, примарен извор на информацијата е автентична снимка од местото на настанот, епилогот е јавно познат, но, сепак, сето тоа е искористено за манипулација со вистината во полза на спротивниот политички табор и за оцрнување на политички неистомисленик. Линк до оригиналниот напис: Пратеничката на СДСМ Лидија Димовска се повика на пратенички имунитет за да се заштити од казна за сообраќаен прекршок Датум и време

Застапничка и пристрасна позиција

на 30. 06. 2016 | | sq
[Рецензија: Могерини не знае да одговори на прашањата за владеењето на правото] Одговорот на прашањето дали новинарите, додека ја извршуваат професионално работата, треба да бидат инволвирани во политичка кампања или активизам е едноставен и категоричен. Не! Од една страна, новинарите се длабоко политички ангажирани, но тие секогаш мора да се препознаваат како новинари, а не како политички противници, политички партнери или политички застапници на специфични политички партии. Најлошо е кога тоа го прават како мимикрија. Кога нивната политичка инволивираност е очигледна, а тие ја прикриваат. Колку и да звучи парадоксално и противречно, тој тип на инволвираност не може да се оправда со некакви национални или патриотски интереси. Бидејки, штом новинарот ќе ја облече одората на политички пристрасен посредник, ја губи

Ништо не е очигледно

на 30. 06. 2016 | |

[Рецензија: „ШАРЕНИТЕ“ ГО РЕСЕТИРААТ БРОЈЧАНИКОТ: Кој споменик ќе им биде следна цел на одбројувачите]

Тврдења за „очигледни работи“ кои не се очигледни, недостиг од информации и јасен спин, изведен со коментари. Имаме објава која не само што не ги задоволува минималните стандарди, туку и грубо ги крши основните одредби на професионално известување. Линк до оригиналниот напис: „ШАРЕНИТЕ“ ГО РЕСЕТИРААТ БРОЈЧАНИКОТ: Кој споменик ќе им биде следна цел на одбројувачите Датум и време на објавување: 27.6.2016 – 10:53 Датум на рецензирање: 29.06.2016 Рецензент: Александар Пешев

ШТО Е ОЧИГЛЕДНОТО?

Употребата на терминот „очигледно“ е строго ограничена во новинарски текст. Очигледни се работите кои можат да се видат со око, како, на пример, дека во одреден дел од денот врнело. Како е

Ако не е дел од веста, етничката припадност не треба да се споменува

на 30. 06. 2016 | | sq

 

Напис: Драма во Куманово, Македонецот намерно прегазил семејство Албанци

Едно семејство и нивното четиригодишно дете се прегазени синоќа од автомобил по вербално недоразбирање што се случило на улица Борис Кидрич во Куманово. Т.Д. (23) го пријавил случајот во полиција, кажувајќи дека физички биле нападнати од тројца коии им ја оштетиле колата, но полициската истрага покажала друго нешто. „Извршена е истрага во местото на настанот, каде е констатирано дека вчера околу 22.30 часот, по претходно недоразбирање со С.А. (36) во Куманово, Б.И. управувајќи со возилото „мерцедес ц200“ заедно со сопатниците, неговите браќа  Б.И. и Т.Д. , со предниот дел на автомобилот намерно ги удриле лицата С.А., неговата сопруга М.К. (36) и нивниот четиригодишен син“, информираа денеска од СВР Куманово, пренесува

Празни зборови и етикети

на 30. 06. 2016 | | sq
 

[Рецензија: Сдсмовската творба Студентски пленум повикува на кривично дело спречување на избори]

  „Продолжување на политичката борба со медиумски средства“ – тоа е наједноставниот начин да се опише овој текст кој има клеветничка, етикетирачка и несомнено пристрасна нота.  Линк до оригиналниот напис: Сдсмовската творба Студентски пленум повикува на кривично дело спречување на избори Датум и време на објавување: 28.06.2016 19:45 Датум на рецензирање: 29.06.2016 Рецензент: Владимир Мирчески  

ЕПИТЕТИ МНОГУ, АРГУМЕНТИ ИЧ

Сè што некому во врвните кругови на власта не му се допаѓа во државава, мора или да е сдсмовска или соросоидна творба. Нема шанси одредена организација, собир, па дури и дружба, кои имаат отпор кон владините политики, да биде независна иницијатива, граѓанска акција која јавно го искажува незадоволството

Повредата на авторското право во Македонија е казнива со закон

на 29. 06. 2016 | | sq
 

[Рецензија: Специјално судско одделение ќе стане нов услов за изборите?]

  Во последно време плагијаторството станува загрижувачки начин на собирање некој клик повеќе. Професионалните редакции, во кои има искусни новинари, постојано се на мета на плагијатори од таканаречените човек-портали или блогови, кои најчесто и не го наведуваат изворот, туку си го пренесуваат текстот како нивни производ. Таков е примерот и со написот кој е предмет на оваа рецензија.   Линк до оригиналниот напис: СПЕЦИЈАЛНО СУДСКО ОДДЕЛЕНИЕ ЌЕ СТАНЕ НОВ УСЛОВ ЗА ИЗБОРИТЕ? Датум и време на објавување: 28.06.2016 Датум на рецензирање: 29.06.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев   Во случајов се работи за текст објавен во весникот „Слободен печат“, кој потоа со уредно назначување од каде е преземен и кој е

Од претпоставки до спектакуларни обвинувања

на 29. 06. 2016 | |

[Рецензија: ЦЕЛ ЖИВОТ НА ГРБОТ НА СВЕКОРОТ: Какво е чувството цел живот да напредуваш со протекции, наместено и под биро?!]

  Овој текст е полн со непроверени информации, претпоставки, а има и обвинувања за сторечи кривични дела, кои се неосновани, a кои можaт да повлечат одредени правни последици. Линкуван наслов на анализираниот напис: ЦЕЛ ЖИВОТ НА ГРБОТ НА СВЕКОРОТ: Какво е чувството цел живот да напредуваш со протекции, наместено и под биро?! Датум и време на објавување: 26.06.2016 Датум на рецензирање: 28.06.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

ТВРДИ ≠ ПРЕТПОСТАВУВА

Написот уште со насловот најавува спектакуларни обвинувања за професорката Ана Павловска-Данева. Но, кога ќе го отворите текстот, ќе сфатите дека станува збор само за претпоставки, кои се пласирани како факти, што

Нема да ви се верува што гатаат новинарските „баба Ванѓи“

на 29. 06. 2016 | | sq
[Рецензија: Баба Ванѓа предвиде: Европа исчезнува во 2016!] Со каков „новинарски“ текст си имате работа ќе ви стане јасно уште по првиот негов пасус. Еве, уверете се сами: „Во Европа во 2016 година речиси да ќе нема никаков живот, континетото ќе изгледа опустошено и разорено. Европа ќе биде речиси ненанселена, а пред тоа ќе се случат низа катастрофи, предвиде пророчицата Ванѓа чии визии се сотваруваа во скоро 85 проценти од случаите.“ И внимавајте сега! Не само што Европа не е опустошена и ненаселена, што е општо познат факт дури и за „новинарите гатачи“, истите тие и во завршницата на реченицата не отстапуваат од нивната идеја дека визиите на Ванѓа се „остваруваат во 85 проценти од случаите“. Оваa констатација, дека 85

Научни невистини сервирани како факти

на 28. 06. 2016 | |

[Рецензија: Македонците се првите луѓе во Европа и сите европските народи имаат потекло од Македонците!!!]

  Пред нас имаме текст кој на ниедна основа не може да припаѓа на ниту еден новинарски жанр, а уште помалку има елементи на научно четиво, иако се обидува да критикува политички контекст зад еден сериозен научен труд. Всушност, темата на научниот труд само до некаде ја допира темата на написот што го рецензираме, а сè друго е плод на фантазијата, која очигледно била појдовната точка при неговото пишување. Насловот сублимира сè – и мотивите, и релевантноста на тврдењата, како и нивото на писменоста и ставовите кои  се промовираат во овој напис. Тврдењето дека Македонците се првите луѓе во Европа и дека сите други народи

Текст што буди спомени

на 28. 06. 2016 | | sq

 [Рецензија: Го снема детскиот џагор од Пелистер]

  Дневно-политичките информации и вести целосно го имаат окупирано медиумскиот простор, па кога ќе се појави еден ваков текст, тој е своевидно освежување. Навистина многу ретко се објавуваат написи за некогаш репрезентативни објекти кои се оставени да пропаѓаат поради институционална немарност, негрижа или неодговорност. Линк до оригиналниот напис:  Го снема детскиот џагор од Пелистер Датум и време на објавување: 27.6.2016 Датум на рецензирање: 28.06.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ТИШИНАТА НА ДЕТСКОТО ОДМОРАЛИШТЕ

Текстот  за тишината на овој подзаборавен објект е полн погодок и ги има сите елементи на професионално сработен новинарски производ. Што е најбитно, низ една фина нарација ја загатнува причината за пропаѓањето на детското одморалиште на Пелистер: „А таквата жална судбина