verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Од претпоставки до спектакуларни обвинувања

on 29 - 06 - 2016       

sdrten

[Рецензија: ЦЕЛ ЖИВОТ НА ГРБОТ НА СВЕКОРОТ: Какво е чувството цел живот да напредуваш со протекции, наместено и под биро?!]

 

Овој текст е полн со непроверени информации, претпоставки, а има и обвинувања за сторечи кривични дела, кои се неосновани, a кои можaт да повлечат одредени правни последици.

ЦЕЛ ЖИВОТ НА ГРБОТ НА СВЕКОРОТ Какво е чувството цел живот да напредуваш со протекции наместено и под биро iNFOMAX.mkЛинкуван наслов на анализираниот напис: ЦЕЛ ЖИВОТ НА ГРБОТ НА СВЕКОРОТ: Какво е чувството цел живот да напредуваш со протекции, наместено и под биро?!

Датум и време на објавување: 26.06.2016

Датум на рецензирање: 28.06.2016

Рецензент: Ана Анастасовска

 

ТВРДИ ≠ ПРЕТПОСТАВУВА

Написот уште со насловот најавува спектакуларни обвинувања за професорката Ана Павловска-Данева. Но, кога ќе го отворите текстот, ќе сфатите дека станува збор само за претпоставки, кои се пласирани како факти, што во новинарството е недозволиво.

„До нашата редакција пристигнаа информации за поранешната опозициона функционерка Ана Данева Павловска. Според нив наводно со сигурност се знае дека нејзиниот докторат бил плагијат. Ако е тоа така, тоагаш трба да се провери, бидејќи нели сите се залагаме за владење на право и правна држава. Во тој случај, сите нејзини избори во звање ќе бидат доведени во прашање, најголема штета може да биде направена на студентите но можеби конечно ќе заврши ерата на лажните големини во државата.“

Да одиме чекор по чекор. Информацијата дека докторатот на професорката Данева е плагијат е добиен од некои извори. Не е прецизирано од какви извори, како пристигнала информацијата до редакцијата, ништо конкретно. Оваа информација, која повеќе е претпоставка, обвинува дека докторатот на професорката е плагијат и притоа се наведува дека тоа мора да се провери. Плагијаторството во Македонија е кривично дело, кое се докажува на суд, но претходно мора да биде пријавено до надлежните институции. Ако медиумот дошол до ваква информација, која е сериозно обвинување, мора истата сериозно и да ја провери пред да ја пласира кај јавноста. Во спротивно, може да заработи тужба.

 

А ДОКАЗИ?

Понатаму, написот содржи обвинувања дека Данева својата кариера ја градела на грбот на своите свекор и татко.

„Наводно, сите заслуги што ги добила поранешната опозиционерка се врзани со двете нејзини презимиња. Второто е поврзано со ЦК СКМ. Нејзиниот свекор Михаил Данев бил висок функцинер на тоа тело и противкандидат на Петар Гошев за последен предтседател на ЦК СКМ. Првото презиме пак е врзано со структурите на УДБ-а (Управа државне безбедности), наследничка на озлогласената ОЗН-а (Организација за заштиту народа). Нејзиниот татко Јован Павловски во два наврати бил дописник на Нова Македонија од Париз и од Москва, ноторен факт е дека во тоа време било неопходно да се соработува со оваа структура за да биде воопшто возможно такво работно место. Но сепак главната заслуга за прием на факултетот е тоа што татко и предавал на Интердисциплинарните студии по новинарство, кои се во состав на правниот факултет.“

Ова, исто така, е претпоставка. Имено,  на читателот не му се понудени никакви докази. Нејасно е како изнесеното во написот на овој начин ја докажува нејзината неквалификуваност, нестручност и од каде тоа дека нејзината позиција на професор е незаслужена?

Притоа, во написот се користат и разни квалификации и обвинувања од типот дека татко ѝ, Јован Павловски, бил соработник на ОЗН-а, а за тоа нема никакви аргументи или документи, туку само  „ноторни факти“.

Што уште да се каже за овој текст, освен дека е политички мотивиран и дека има цел да ги нападне угледот и професорската титула на Ана Данева, само затоа што е таа е функционер на СДСМ.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нечитлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести