verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Празни зборови и етикети

on 30 - 06 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 

kurir

[Рецензија: Сдсмовската творба Студентски пленум повикува на кривично дело спречување на избори]

 

„Продолжување на политичката борба со медиумски средства“ – тоа е наједноставниот начин да се опише овој текст кој има клеветничка, етикетирачка и несомнено пристрасна нота.

 2222Линк до оригиналниот напис: Сдсмовската творба Студентски пленум повикува на кривично дело спречување на избори

Датум и време на објавување: 28.06.2016 19:45

Датум на рецензирање: 29.06.2016

Рецензент: Владимир Мирчески

 

ЕПИТЕТИ МНОГУ, АРГУМЕНТИ ИЧ

Сè што некому во врвните кругови на власта не му се допаѓа во државава, мора или да е сдсмовска или соросоидна творба. Нема шанси одредена организација, собир, па дури и дружба, кои имаат отпор кон владините политики, да биде независна иницијатива, граѓанска акција која јавно го искажува незадоволството од поставата што веќе 10 години  без прекин владее со Македонија! Значи, ако некој каже „Долу Влада“, тогаш тој е комуњар. Ако изјави дека Владата троши државни пари без усул, тогаш мора да станува збор за „соросоид“. Ако се порача „промени се неопходни“, тоа по правило се барања на „странски платеници“. Сè што е контра партискиот мејнстрим е непожелно и мора некако да биде етикетирано.

Бележењето најлесно се прави токму преку вакви написи во кои без аргументи, истражувања, факти, се лепат епитети истресени од ракав. Така, по одреден период затишје, пикот повторно му е фрлен на „Студентски пленум“, претпоставуваме инициран поради ангажманот на неговите членови околу изборот на новиот ректор на УКИМ. И затоа сега во папагалски стил, се повторуваат формулациите што беа актуелни во периодот на протестите на студентите:

„Сдсмовската творба Студентски пленум повикува на кривично дело спречување на избори“

 

„По теркот на СДСМ и нивниот начин на функционирање, и Студентскиот пленум со противзаконски активности. Преку социјалните мрежи повикуваат на спречување на изборите на УКИМ.“

 

ЗАЧИНЕТА ФЕЈСБУК-ОБЈАВА

Каде се аргументите за поткрепа на тешките зборови, каде се трагите на опозиционерско масло во студенсткото организирање во овој текст….? Очекувано, не постојат. Значи, имаме само празни зборови, кои поради својата несуштественост ја разголуваат обоеноста и би рекле партиската определба на написот.

Не треба да се заборави ниту отсуството на вистинска содржајност на материјалот кој, заслепен од потребата по задача нешто да испорача, заборава дека на публиката треба да ѝ достави веродостојна информација за настанот. Поточно, станува збор за сложена тема за избор на ново студентско раководство и сите проблеми во процесот преку која, ете, народски кажано, само „се претрчало“. Не треба да се бара доказ повеќе дека т.н. новинарска ангажираност почнала и завршила со едноставно копирање и лепење на фејсбук-објава, нормално зачинета со политичко-партиски мирудии.

Пристрасност, неаргументираност, отсуство на длабочина, никакво истражување, минимален ангажман и затоа конечниот резултат е лош производ.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести