Рецензии

Лекција по спинување наместо по новинарство

на 23. 06. 2016 | | sq
 

[Рецензија: СДСМ бара судовите да судат како што диктира Заев]

„Спин е форма на пропаганда што се постигнува преку пласирање пристрасна интерпретација на настан или кампања за да се убеди јавнста за или против одредена организација или личност“. Многу убаво кажано, како по мерка правено за конкретниот текст. Тој дури и би можел да биде прифатен како делумно стандардизиран, но само доколку било нагласено дека станува збор за коментар или анализа. Вака, сместен во рубриката „Македонија“, измешан со вестите, не е ништо друго туку една вистинска лекција за спинување.    Линк до оригиналниот напис: СДСМ бара судовите да судат како што диктира Заев  Датум и време на објавување: 11.06.2016/  17:30 h  Датум на рецензирање: 12.06.2016  Рецензент: Владимир Мирчески      

И без содржина, вулгарно до крај!

на 23. 06. 2016 | | sq
 

[Рецензија: Ако нешто не ви иде, гледајте ја баграва ќе ви се приоди тогаш..у веце]

  Срамно е да се нарече и напис, а не пак новинарски. Освен што има навредлив наслов, во него нема никаква содржина ниту, пак, конкретна поврзаност на сликите.     Линк до оригиналниот напис: Ако нешто не ви иде, гледајте ја баграва ќе ви се приоди тогаш..у веце Датум и време на објавување: 14.06. 2016 Датум на рецензирање: 22. 06. 2016 Рецензент: Димитар Тануров   Објавата што ја рецензираме, веројатно, според нејзината „принудна“ форма би требало да ја класифицираме како фото-вест, но во неа освен навредливиот наслов, кој не доликува ниту за објава на блог или за статус на социјална мрежа, нема никаква содржина,

Фото-вест злоупотребена за пропаганда

на 22. 06. 2016 | |

 

[Рецензија: Марјан е херојот полицаец кој на СДСМ и Шарените им покажа како се сака сопствениот народ]

  Ова е еден коментаторски текст, кој обична фото-вест ја искористил за ширење пропаганда и за напад врз „Шарената револуција“. Линк на оригиналниот напис: Марјан е херојот полицаец кој на СДСМ и Шарените им покажа како се сака сопствениот народ Датум и време на објавување: 21.06.2016 Датум на рецензирање: 22.06.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

ДОДАВАЊЕ ЗАЧИН

Уште во самиот наслов на написот се гледа неговата тенденција, а тоа е да се нападнат СДСМ и поддржувачите на „Шарената револуција“ и тие да се претстават како непријатели на македонскиот народ само затоа што протестирале. Имено, веста во написот е дека полицаец преврзал повреден новинар. „Марјан

Површно и погрешно пренесување на информациите

на 22. 06. 2016 | | sq

 

Напис: Анкета на ИРИ: ДУИ на прво место, борба меѓу ДПА и ДР-ДПА за второто место

Според анкетата реализирана од ИРИ, Американскиот републикански институт со седиште во Вашингтон, од албанските партии ДУИ продолжува да биде најдоверлива кај Албанците со 6 отсто. Борба се води за второто место, меѓу ДПА, Беса и ДР-ДПА.   [Рецензија – Анкета на ИРИ: ДУИ на прво место, борба меѓу ДПА и ДР-ДПА за второто место] Една мултидимензионална анкета за рејтинзите на политичките партии, и не само за нив, во текстот што го рецензираме е пренесена само со две реченици. И овој краток текст, таков каков што е, повеќе шири магла отколку што ги појаснува работите. Дури, се забележува и искривување на фактите од анкетата.

Извртување на изјава до непрепознатливост

на 22. 06. 2016 | | sq

[Рецензија: Наташа Габер го оправдува кршењето, палењето и тепањето од страна на „шарените“]

  Целосно извртување на изјавата на уставната судијка Наташа Габер и манипулирање со додадени и со неточни детали. Текстот што е предмет на оваа анализа ѝ става зборови во уста на судијката кои таа воопшто не ги кажала. Написот е преземен од друг медиум, но не е соодветно линкуван. Линк до оригиналниот напис: Наташа Габер го оправдува кршењето, палењето и тепањето од страна на „шарените“ Датум и време на објавување: 18.06.2016, 18:29 Датум на рецензирање: 21.06.2016 Рецензент: Симона Атанасова  

ИЗВИТОПЕРУВАЊЕ

„Уставната судијка Наташа Габер, која инаку е сестра на Виктор Габер од СДСМ го оправдува кршењето, крадењето, палењето и тепањето обични граѓани за време на протестите

Ќе се изненадите колку неписмен текст…

на 22. 06. 2016 | | sq
[Рецензија: Ќе се изненадите – еве што гледаат Македонците на Јутјуб најмногу] Дури е и неверојатно дека мораме да пишуваме рецензија заради елементарна неписменост изразена во толкаво количество во еден новинарски текст. Написот се иснпирирал од една нова алатка на видеоканалот „Ју тјуб“, „трендинг“, која нуди преглед на најгледаните видеозаписи во една земја. Еве ја реченицата од текстот што го објаснува концептот на „Јутјуб“: „Тој овозможува луѓето со креативни идеји и видео клипови а потпишат договор и нивната работа да биде наплатен во склад со бројот на прегледи“. Навистина премногу правописни, синтаксички и логички грешки во само една реченица. Ова само покажува до кој степен потфрлил целосниот систем на проверки што е елементарна обврска на редакциската структура. Од новинар, преку

Пита од вести, коментари, дисквалификации и од невистини

на 22. 06. 2016 | |
 

 

[Рецензија: „Шарените“ ја нападнаа полицијата и сакаа да го урнат споменикот на Прометеј]

  Ова е текст полн со квалификации и со коментари измешани со самата вест. Веднаш по масовните протести на „Шарена револуција“, вакви и слични текстови, со напади врз демонстрантите и со спинувања, се појавија и по други медиуми кои од јавноста се оквалификуни како провладини. Во конкретниот текст што е предмет на оваа рецензија, има непотврдени и неаргументирани податоци, за кои воопшто не се вложило труд да се проверат. Линк до оригиналниот напис: „Шарените“ ја нападнаа полицијата и сакаа да го урнат споменикот на Прометеј Датум и време на објавување: 20.06.2016, 22:30 Датум на рецензирање: 21.06.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев „Хулиганите предводени од Зоран Заев и

Коментари и снимки со спуштена камера за лична дискредитација

на 22. 06. 2016 | |

 

[Рецензија: Заев повторно фатен жив како ги лаже струмичани (видео)]

Имаме текст кој се фаќа за влакно, со веројатна цел – да се изведе лична дискредитација. Видната едностраност и елементите на новинарски спин укажуваат на политичка пристрасност на објавата. Покрај тоа, во текстот се прекршени неколку други професионални стандарди, има неетичко новинарско однесување, генерализација и необјективност, а самата „вест“ почнува со коментар. Линк до оригиналниот напис: Заев повторно фатен жив како ги лаже струмичани (видео) Датум и време на објавување: 16.06.2016 17:25 Датум на рецензирање: 20.06.2016 Рецензент: Александар Пешев Пристрасноста и непрофесионалноста на објавата се забележува во првиот дел од текстот. Се почнува со коментар, дека „Опозицискиот лидер и струмички градоначалник по којзнае кој пат жив на дело е

Малициозна и спинерска намера

на 21. 06. 2016 | | sq
[Рецензија: Шарената револуција до своите членови: Денес не се дрогирајте] Многу е сериозна, одговорна и, над сè, значајна новинарската професија. Она, автентичното, добронамерно и професионално новинарство. Овие негови димензии се содржани во преамбулата на Кодексот на новинарите: Следејќи ја својата улога во градењето на демократијата и на цивилното општество, новинарите ќе ги бранат човековите права, достоинството и слободата, ќе го почитуваат плурализмот на идеите и на ставовите, ќе придонесуваат за зајакнување на правната држава и во контролата на власта и на другите субјекти од јавниот живот. Но, само во три реченици, од колку што се состои медиумската содржина што ја рецензираме, се прекршени најмалку три одредби од Kодексот. Во само три реченици се саморазоткриваат малициозноста и спинерската намера на оваа

Едностраната информација ја убива вистината

на 21. 06. 2016 | |

[Рецензија: Одложени преговорите поради намерата на СДСМ да воведе цензура во медиумите]

  Текстот што е предмет на оваа рецензија е спинерски и манипулативен и користејќи го правото на анонимни извори, изнесува шпекулативни информации, претставувајќи ги како факти. Притоа, ваквите информации не се проверени, односно за нив нема потврда од ниту една страна. Линк на оригиналниот напис: Одложени преговорите поради намерата на СДСМ да воведе цензура во медиумите Датум и време на објавување: 16.06.2016 Датум на рецензирање: 21.06.2016 Рецензент: Ана Анастасовска    

ШПЕКУЛАЦИИ ПЛАСИРАНИ КАКО ФАКТИ

Написот, кој е преземен од друг медиум ( тоа е коректно наведено, но не е ставен линкот), информира за она што се случувало на преговорите меѓу партиите, односно за што се дискутирало. Во