verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Едностраната информација ја убива вистината

on 21 - 06 - 2016       

republika

[Рецензија: Одложени преговорите поради намерата на СДСМ да воведе цензура во медиумите]

 

Текстот што е предмет на оваа рецензија е спинерски и манипулативен и користејќи го правото на анонимни извори, изнесува шпекулативни информации, претставувајќи ги како факти. Притоа, ваквите информации не се проверени, односно за нив нема потврда од ниту една страна.

Одложени преговорите поради намерата на СДСМ да воведе цензура во медиумите Република OnlineЛинк на оригиналниот напис: Одложени преговорите поради намерата на СДСМ да воведе цензура во медиумите

Датум и време на објавување: 16.06.2016

Датум на рецензирање: 21.06.2016

Рецензент: Ана Анастасовска

 

 

ШПЕКУЛАЦИИ ПЛАСИРАНИ КАКО ФАКТИ

Написот, кој е преземен од друг медиум ( тоа е коректно наведено, но не е ставен линкот), информира за она што се случувало на преговорите меѓу партиите, односно за што се дискутирало. Во него се користат анонимни извори преку кои се создава слика дека СДСМ сакала да цензурира медиуми, иако потврда за такво нешто нема од партијата.

„Експлицитното барање на ВМРО ДПМНЕ да нема цензура за медиумите, според извори на Пресс 24 од преговорите била главната пречка заради која порано заврши денешната партиска средба. Како што дознава порталот од страна на ВМРО ДПМНЕ биле побарани цврсти гаранции во форма на одредба дека ниту новинар, ниту медиум не може и не смее да биде казнет за искажан став или мислење, нешто што е предвидено и во Кодексот на новинарите на Македонија“.

Според изнесеното во текстот, ова била главната сопка во преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Социјалдемократите, наводно, го отфрлиле ваквото барање на владејачката партија и барале да има казни за медиумите.

„СДСМ одбиле да дадат поддршка на ваквиот одлучен став на ВМРО ДПМНЕ со што повеќе од јасни станале нивните намери за наводните реформи во медиумската сфера кои што ги предлагаат“.

Ова се класични шпекулации, што не е нагласено во текстот, туку се пласирани како факти. За ваквите информации не е побаран официјален став од засегнатата страна, во случајов од СДСМ. Со ова е прекршен Кодексот на новинарите кој јасно пропишува:

Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно. (член 1)

Очигледна е намерата на овој напис: да се користат анонимни извори за да се шират спинови. Имено, дури и доколку било невозможно да се добие втората страна, ставовите на СДСМ во однос на медиумите, како и ставовите на ВМРО-ДПМНЕ досега биле објавувани и можеле да бидат пренесени. На тој начин, читателите ќе имале можност сами да создадат слика за тоа кој какви ставови има по прашањето за медиумите и кој бара или не бара воведување цензура.

Вака, написот наместо да информира, тој убедува и манипулира, што е спротивно на новинарските стандарди.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести