verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Коментари и снимки со спуштена камера за лична дискредитација

on 22 - 06 - 2016       

FireShot Screen Capture #256 - 'Заев повторно фатен жив како ги лаже струмичани (видео) I Република Online' - republika_mk__p=6122

 

[Рецензија: Заев повторно фатен жив како ги лаже струмичани (видео)]

Имаме текст кој се фаќа за влакно, со веројатна цел – да се изведе лична дискредитација. Видната едностраност и елементите на новинарски спин укажуваат на политичка пристрасност на објавата. Покрај тоа, во текстот се прекршени неколку други професионални стандарди, има неетичко новинарско однесување, генерализација и необјективност, а самата „вест“ почнува со коментар.

Заев повторно фатен жив како ги лаже струмичани (видео) - Република Online 2016-06-20 13-32-51Линк до оригиналниот написЗаев повторно фатен жив како ги лаже струмичани (видео)

Датум и време на објавување: 16.06.2016 17:25

Датум на рецензирање: 20.06.2016

Рецензент: Александар Пешев

Пристрасноста и непрофесионалноста на објавата се забележува во првиот дел од текстот. Се почнува со коментар, дека „Опозицискиот лидер и струмички градоначалник по којзнае кој пат жив на дело е фатен како се обидува да ја манипулира македонската јавност и граѓаните на Струмица“.

Ваквиот вовед создава очекување кај читателот дека станува збор за сериозен пропуст на политичарот кој го загрозува јавниот интерес, но веќе во вториот пасус станува јасно дека проблемот е во тоа што Зоран Заев во интервју ден претходно најавил, а не се појавил во зградата на Општина Струмица.

Редовноста на работното место на избраното лице, секако е тема што е од интерес на пошироката публика, имајќи предевид дека даночниците ги обезбедуваат платите на функционерите, но, во случајов, има неколку спорни елементи со забелешките кои се изнесуваат во објавата.

Прво, градоначалникот се прозива врз основа на изјава дадена за медиум во која вели дека ќе оди во Стримица, а не во зградата на Општина Стримица, без оглед што е градоначалник на Општината. Второ, тој не пропуштил некои официјално закажани настани, а не се споменува ниту конкретно некоја неисполнета работна обврска. Трето, во текстот не се нагласува дека кога го побарале било сабота, неработен ден.

Вториот спорен елемент е начинот на кој е обезбедена информацијата. Покрај постоечки официјални канали за обезбедување информации (портпароли, секретарки, електронска пошта), се употребува методот на спуштена камера, што претставува спорна практика која на терен се употребува само во исклучителни околности.

Според законските прописи во Македонија, неовластеното снимање, прислушување и тонско снимање е строго забрането и е предвидено како кривично дело во Кривичниот законик. Според член 152 од законикот:

Тој што неовластено ќе направи фотогорафски, филмски или видеоснимки на друго лице или на неговите лични простории без негова согласност, повредувајќи ја неговата приватност или тој што таквите снимки непосредно ги пренесува на трето лице или му ги покажува или на друг начин му овозможува со нив да се запознае, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.

Скриената, спуштената камера е забранет метод и со Кодексот на новинарите и се смета за неетичко и непрофесионлно однесување. Новинарот ќе го назначи изворот на информациите, освен ако тој не побара анонимност, се вели во член 4 од Кодексот, а тука гледаме дека снимателот и новинарката воопшто не му ни нагласиле дека го снимаат. Веќе член 5 од истиот Кодекс, наведува дека ќе се почитуваат законите во државата, иако ништо нема да се скрие од јавноста. Прекршени се и други етички правила од Кодексот, меѓу кои и тоа дека нема да се користи медиумот за пресметка со други личности, ниту, пак, ќе се меша веста со коментар, како и тоа за точно и објективно информирање.

Текстот продолжува со тврдење дека градоначалникот „е само лидер на неговата партија, кој не обрнува ниту тронка внимание на градот“. Оваа единечна анонимна изјава се атрибуира како став на сите струмичани, што е уште еден показател на едностраноста и на можната политичка пристрасност на текстот, бидејќи се употребува во форма на новинарски спин со кој се заклучува текстот.

Сè на сè, имаме еднострана објава, со генерализирана изјава насочена кон дискредитација на политичар од опозицијата и веројатно неовластено снимање, кое при спинот се употребува за комплетирање на личниот напад. Сето тоа под капата на првичниот коментар во текстот, кој остава впечаток на реченица која повеќе припаѓа во партиско соопштение.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести