verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Пита од вести, коментари, дисквалификации и од невистини

on 22 - 06 - 2016       

 

FireShot Screen Capture #258 - '„Шарените“ ја нападнаа полицијата и сакаа да го урнат споменикот на Прометеј - NetPress I NetPress' - netpress_com_mk

 

[Рецензија: „Шарените“ ја нападнаа полицијата и сакаа да го урнат споменикот на Прометеј]

 

Ова е текст полн со квалификации и со коментари измешани со самата вест. Веднаш по масовните протести на „Шарена револуција“, вакви и слични текстови, со напади врз демонстрантите и со спинувања, се појавија и по други медиуми кои од јавноста се оквалификуни како провладини. Во конкретниот текст што е предмет на оваа рецензија, има непотврдени и неаргументирани податоци, за кои воопшто не се вложило труд да се проверат.

sarena revolucijaЛинк до оригиналниот напис:Шарените“ ја нападнаа полицијата и сакаа да го урнат споменикот на Прометеј

Датум и време на објавување: 20.06.2016, 22:30

Датум на рецензирање: 21.06.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

„Хулиганите предводени од Зоран Заев и СДСМ вечерва почнаа да ја напаѓаат и навредуваат полицијата. Инцидентот се случи пред Собранието на Република Македонија, односно кај споменикот на Прометеј“.

Веднаш и со квалификации почнува текстот, а притоа и се спинува. Имено, тоа не беа хулигани, туку демонстранти и не беа предводени од Зоран Заев и од СДСМ. Повеќепати во рецензиите сме објаснувале дека протестите се организирани од здруженијата на граѓани „Протестирам“ и „Шарена револуција“, а не од опозициската партија. Точно е дека СДСМ ги поддржа овие протести, но тоа никако не значи дека се предводени од таа партија.

Втората невистина е дека демонстрантите ја нападнале полицијата. Напротив, полицијата тргна кон луѓето, а тоа може да се види и од видеозаписот објавен во прилог на текстот. Вистина е, пак, дека во тој момент, кога почна потиснувањето од на полицијата, кон неа поединци фрлија шишиња со вода и други предмети. Целосно непоткрепена и неаргументирана е реченицата дека наредбата за такво нешто била издадена од Заев и од Спасовски. Тоа тврдење во текстот е „истресено од ракав“. Покрај невистините, во следниот пасус има и навреди и дисквалификации:

„Аболираниот криминалец Зоран Заев и неговиот послушник кој насилно беше внесен во МВР како технички министер, Оливер Спасовски издадоа наредба да се фрлаат пластични шишиња кон полицијата и толпата да ги навредува полицајците нарекувајќи ги убијци“.

Kованицата „аболираниот криминалец Зоран Заев“ e многу проблематична, неетична, невистинита и надвор од професионалните стандарди. Претседателот на СДСМ неколкупати потврдил дека судот ги отфрлил досега сите обвинувања во врска со „Глобал“, а и јавно побара, ако има можност да му се поништи аболицијата од 2009 година, претседателот Иванов да го стори тоа. Тоа воопшто не е ставено во текстот, со што тој губи од објективноста и од целосноста.

Што се однесува до тоа дека Спасовски бил насилно внесен во МВР, повторно станува збор за невистина. Договорот од Пржино предвидува шест месеци пред предвремените парламентарни избори во владата да влезат министри од опозицијата. Спасовски беше токму такво решение.

Без сомневање, станува збор за текст полн со неаргументирани квалификации. За такви написи нема место во новинарството, без оглед дали станува збор за нарачан текст или текст од незнаење на професионалните стандарди.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, наведен извор со линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести