verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Лекција по спинување наместо по новинарство

on 23 - 06 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 

FireShot Screen Capture #259 - 'Start_mk' - start_mk_article_169596_sdsm-bara-sudovite-da-sudat-kako-sto-diktira-za

[Рецензија: СДСМ бара судовите да судат како што диктира Заев]

Спин е форма на пропаганда што се постигнува преку пласирање пристрасна интерпретација на настан или кампања за да се убеди јавнста за или против одредена организација или личност“.

Многу убаво кажано, како по мерка правено за конкретниот текст. Тој дури и би можел да биде прифатен како делумно стандардизиран, но само доколку било нагласено дека станува збор за коментар или анализа. Вака, сместен во рубриката „Македонија“, измешан со вестите, не е ништо друго туку една вистинска лекција за спинување.

 

 1111111111111111Линк до оригиналниот напис: СДСМ бара судовите да судат како што диктира Заев

 Датум и време на објавување: 11.06.2016/  17:30 h

 Датум на рецензирање: 12.06.2016

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

 

 

СПИН ВО НЕКОЛКУ ЧЕКОРИ

Во текстот што е предмет на оваа рецензија се забележува спин во неколку чекори. Првиот почнува уште во самиот наслов.

Чекор 1:

„СДСМ бара судовите да судат како што диктира Заев“

А, портпаролот на СДСМ изјави:

„Приоритет за Уставниот суд на државата Република Македонија треба да биде уставноста на Законот за СЈО. Само така ќе се обезбеди непречена работа на единствената независна институција која вистински се бори против криминалот и корупцијата“ – Петре Шилегов (11 јуни 2016г.).

Чекор 2:

СДСМ во континуитет врши притисоци врз легитимните судски власти

„Широко распространетите наводи за политизација и за политичко мешање на извршната власт и на владејачките партии во работата на судството мора да бидат надминати“ – Извештај на ЕК за напредокот на Македонија 2015.

 Чекор 3:

„Јавноста веќе подолг период смета дека СДСМ и нејзиното раководство се мешаат премногу во работата на судството и правосудните институции…“

Прашањето е која јавност, зашто материјалот не нуди ниту некое релевантно истражување на мислењето, ниту барем обична улична анкета. Според последната анкета објавена од Meѓународниот републикански институт ИРИ, 63 отсто од јавноста ја поддржува работата на Специјалното јавно обвинителство.

Чекор 4:

„За жал, потенцираат експертите…“

Кои се тие експерти? Во написот нема ниту „е“ од експерти.

Толку за спинот. Сега нешто за недоследноста и за непрецизноста.

„СДСМ во континуитет врши притисоци врз легитимните судски власти. Денес тоа го направи и портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, кој побара оваа институција да постапува според нивните диктати и да се произнесе за уставноста на Законот за Специјално јавно обвинителство“.

Од која институција побарал Шилегов? Тоа, најверојатно, е Уставниот суд, ама така не е напишано. Јавноста не треба да нагаѓа, туку да добива информации од текстот.

Пристрасноста е на завидно ниво, што се потврдува со формулациите кои се идентични со оние на владејачката партија:

„…Катица Јанева и Специјалното јавно обвинителство не покажаа капацитет да им одолеат на притисоците и влијанието на СДСМ кои во кординација со меѓународниот фактор, нивната работа ја претворија во политичка хајка за дискредитација на раководството на ВМРО-ДПМНЕ“, се наведува во текстот.
„Делуваат како партиски огранок на СДСМ. Ставени се во функција на СДСМ“, Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Од аргументите што ги наведовме доволно е јасно дека станува збор за непрофесионален производ кој не ги почитува основите етички правила во новинарството, стандардите без кои нема објективна и вистинита информација. Без дилеми, станува збор за спинерско, а не веродостојно четиво.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

и да и не

официјални, неофицијални, анонимни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести