verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Извртување на изјава до непрепознатливост

on 22 - 06 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

netpres

[Рецензија: Наташа Габер го оправдува кршењето, палењето и тепањето од страна на „шарените“]

 

Целосно извртување на изјавата на уставната судијка Наташа Габер и манипулирање со додадени и со неточни детали. Текстот што е предмет на оваа анализа ѝ става зборови во уста на судијката кои таа воопшто не ги кажала. Написот е преземен од друг медиум, но не е соодветно линкуван.

Наташа Габер го оправдува кршењето палењето и тепањето од страна на „шарените“ NetPress NetPressЛинк до оригиналниот напис: Наташа Габер го оправдува кршењето, палењето и тепањето од страна на „шарените“

Датум и време на објавување: 18.06.2016, 18:29

Датум на рецензирање: 21.06.2016

Рецензент: Симона Атанасова

 

ИЗВИТОПЕРУВАЊЕ

„Уставната судијка Наташа Габер, која инаку е сестра на Виктор Габер од СДСМ го оправдува кршењето, крадењето, палењето и тепањето обични граѓани за време на протестите организирани од опозицијата, пишува „Курир“.“

Никаде во интервјуто судијката Габер ( дадено за веб-порталот „Нова ТВ“)  не изјавува дека го оправдува кршењето, крадењето, палењето и тепањето на обични граѓани за време на протестите, туку, баш напротив, таа вели дека мирните протести се уставно загарантирано право.

„Правото на протест е загарантирано уставно право. И не само со нашот Устав туку и со сите меѓународни документи. Луѓето имаат право на мирен протест. Формата на мирен протест кај нас има други размери. Едната страна смета дека тоа е државен имот, државна сопственост која се оштетува и дека има одредена вредност. Другата страна смета дека таа вредност што системот смета дека има вредност, дека нема вредност всушност бидејќи го нема елементот на партиципативност којшто таа вредност би ја направила заедничка. Оттаму одреден дел од граѓанството на Република Македонија го црпи сопствениот легитимитет да каже дека „јас имам право затоа што е направено со наши средства да интервенирам на таков начин како јас што сметам бидејќи ние на некој начин сме го плаќале тоа“, рече судијката Габер.

Никаде во оваа изјава на Габер (која е ставена во текстот само како видеозапис, но не е транскрибирана) нема изразување поддршка за крадење, кршење, палење и за тепање обични граѓани. Напротив, таа само стручно ги опишува двете страни, демонстрантите на „Шарената револуција“ и тие што се против нивните постапки.

Потоа, скокајќи од една тема на друга, написот сака да го наруши кредибилитетот на судијката Габер со тоа што ја поврзува со опозицискиот СДСМ. Според текстот, а без докази, судијката Габер се поврзува со СДСМ, само затоа што била избрана на предлог на тогашниот претседател Бранко Црвенковски.

Со извртување на тезите и со изјавата на судијката Габер, текстот, наместо да информира, ги манипулира читателите и ги наведува неосновано да формираат негативно мислење за судијката, што е недозволиво во професионалното и етичкото новинарство.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

релевантни, нерелевантни

2 извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести