Рецензии

„Пофалба на глупоста“

на 28. 06. 2016 | | sq

[Рецензија: Јанкулоска до Гарет: Сега шу праиме?]

  Детската игра на искусна политичарка и тоа за исклучително сериозна тема, обработена е крајно непрофесионално, пристрасно и шпекулантски. Наместо од новинарска гледна точка критички да се анализира нејзиниот несоодветен потег, овде имаме некакво си воздигнување и идеализирање, а притоа уште се делат и непоткрепени коментари.  Линк до оригиналниот напис: Јанкулоска до Гарет: Сега шу праиме? Датум и време на објавување: 24.06.2016 14:06 Датум на рецензирање: 27.06.2016  Рецензент: Владимир Мирчески    

ВООДУШЕВУВАЊЕ НА НЕДИПОЛОМАТСКИОТ ТВИТ

Смешка од напис. Како поинаку да се карактеризира текст во кој се искажува воодушевување на недипломатскиот, нискиот и тенденциозниот твит на Гордана Јанкуловска, ексминистерка за внатрешни работи и актуелен член на извршниот комитет на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, по објавувањето

Новинарството не е алхемија

на 28. 06. 2016 | | sq
 

[Рецензија: Османлиските архиви докажаа: Македонија никогаш не била грчка!]

  Новинарите не мора да знаат сѐ и сешто. Најважно е да бараат на вистинските места, а кога ќе најдат индиции, факти, документи, приказни… што било што во себе содржи некоја интригантна информација, таа информација треба да се претвори во медиумски вредна содржина. Значи, не е секоја информација со потенцијал да биде вест, да биде медиумски вредна содржина. Дури и кога ќе наиде на таква информација, новинарот треба да ја совлада сопствената суета и да побара мислење од некој експерт, познавач, кој ќе му потврди дека информацијата може да метаморофозира во вест. И уште повеќе, во атрактивна, релевантна вест која е од интерес за медиумската публика. Кога новинарите немаат таква

Во вести не се сатиризира, туку се аргументира

на 27. 06. 2016 | | sq

Напис: Али Ахмети ќе добие 200 илјади гласови

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ќе излезе победник и на следните парламентарни избори. Независно од деградацијата на албанското прашање, убиствата на командантите и на борците за слобода, апсењата, претресите, малтретирањата и сиромаштијата, Албанците пак ќе гласаат. Се зборува дека овојпат тој ќе добие 200 илјади гласови за да му служи на Груевски до гроб. Со Мијалков, Чавков ќе оркестрира уште многу други случаи, слични на Куманово, ќе има и нови апсења до последниот борец на ОНА. Ќе има уште многу други сценарија. Албанскиот јазик ќе продолжи да се деградира, знамето ќе се распарчи и смали уште повеќе, рокот на ОД ќе се одложи до 2030 година, но ако, Албанците пак одлучиле да

Без содржина и со коментари не се прави вест

на 27. 06. 2016 | | sq

Напис: Само во МК: Се поништува одлуката за поништување на одлуката… за имињата на училиштата  (документ)

Ова е можно само во Македонија. Министерот Пиштар Лутфиу ја поништил одлуката на заменикот министер Спировски со која е поништена одлуката на поранешниот министер Абдилаќим Адеми, за промена на имињата на училиштата во Чаир, пишува „Факте“. И сега, оваа одлука не ја спроведува Централниот регистар под раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Случајот со исмејувањето на албанските имиња на двете училишта во Чаир ја покажува најдобро неспособноста на ДУИ како партнер на власт. Освен тендерите и личните профитирања, функционерите на оваа партија немаат ниту една можност и друг интерес. [Рецензија: Само во МК: Се поништува одлуката за поништување на одлуката… за имињата на училиштата  (документ)]   Новинарството

Пример за совршен спин

на 27. 06. 2016 | |

[Рецензија: Полемика меѓу актерката Жугиќ и лидерот на СДСМ: Заев смета дека е „црпнат антимакедонски криминалец“]

  Текстот што е предмет на оваа рецензија претставува пример за тоа како еден професионален напис може да се искористи да се искоментира и притоа да се изврти неговата смисла, создавајќи кај јавноста погрешна слика. Овој напис претставува  совршен спин. Линкуван наслов на анализираниот напис: Полемика меѓу актерката Жугиќ и лидерот на СДСМ: Заев смета дека е „црпнат антимакедонски криминалец“ Датум и време на објавување: 22.06.2016 Датум на рецензирање: 27.06.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

ПОГРЕШНА СЛИКА

Имено, преземен е напис од неделникот „Фокус“ за преписката меѓу директорката на театар „Комедија“, Јелена Жугиќ, и лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Како што се гледа од самиот

Неточна информација

на 27. 06. 2016 | | sq
   

[Рецензија: ПРОВОКАТОРОТ ОСЛОБОДЕН: Богоевски пуштен од полициска станица со кривична пријава!]

  Четиво што го карактеризираат два типа „фабрички фелери“. Првиот е од професионален карактер, како невистинитост, непрециозност. Вториот, пак, е од непрофесионална природа, односно станува збор за употреба на „недозволени средства“ за еден кредибилен медиумски материјал, како што се подбуцнување, навивање, стигматизирање.  Линк до оригиналниот напис: ПРОВОКАТОРОТ ОСЛОБОДЕН: Богоевски пуштен од полициска станица со кривична пријава!  Датум и време на објавување: 19.06.2016  Датум на рецензирање: 23.06.2016  Рецензент: Владимир Мирчески  

ПОДБУЦНУВАЊЕ, НАВИВАЊЕ, СТИГМАТИЗИРАЊЕ

Кажавме дека текстот има сериозни проблеми во делот на вистинитоста. Попрецизно, се пласира информација која не е точна. Во насловот, а и подолу во содржината, се тврди нешто што не е така: „Богоевски е

Корумпирање на новинарските стандарди

на 27. 06. 2016 | | sq

[Рецензија: Комуњари и соросоиди, засрамете се!]

Почнувајќи од наднасловот и од насловот и вклучувајќи ги сите други елементи од содржината на овој текст, тој ги има сите елементи на мислење или коментар. Но, со оглед на тоа дека не е така означен, истите тие елементи повторно го прават овој извештај, ретроспекција, што и да е, политички едностран и определен и со тоа е доведен во прашање неговиот интегритет како професионален новинарски продукт. Но, „што и да е“ не е доволно кога станува збор за определувањето на новинарските жанрови. Се разбира, тие не се догма, еднаш засекогаш дадени, но постојат одредени правила кои мора да се следат, дури и во практикувањето на слободата. Тие, по правило, произлегуваат од кодексите на новинарите.

Објективноста на текстот како игла во сноп сено

на 24. 06. 2016 | |

[Рецензија: СДСМ пред бојкот на Собранието – СОРОС пред формирање партија]

  Ова е едностран и необјективен текст, кој нагласено се труди да ги поврзе СДСМ, „Шарена револуција“ и Фондацијата „Отворено општество – Македонија“ (ФООМ). Написот не се темели на факти, туку врз основа на паушални и тенеденциозни информации има цел да ги дискредитира и опозицијата и граѓанските протести, кои веќе трет месец се одржуваат на улиците во повеќе градови во земјава. Линк до оригиналниот напис: СДСМ пред бојкот на Собранието – СОРОС пред формирање партија Датум и време на објавување: 23.06.2016, 11:31 Датум на рецензирање: 24.06.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

СПИНЕРСКИ ТЕЗИ

„СДСМ се очекува да влезе во нов бојкот на Собранието. По барањето кое СОРОС преку т.н. „Шарена

Со навреди кон дното

на 24. 06. 2016 | |

[Рецензија: Шарената Ирена Ристиќ на лице место исплукана и треширана]

  Имаме објава која употребува низа вулгарности со што молскавично го достигнува дното, не само во поглед на професионалните стандарди, туку и во поглед на културата на говор. Употребата на кованицата „треширана“ во насловот, дури е најмалку спорната работа во текстот кој е видно насочен кон лични дискредитации, навреди и омаловажување.
Линк до оригиналниот напис: Шарената Ирена Ристиќ на лице место исплукана и треширана Датум и време на објавување: 22.06.2016, 23:23 Датум на рецензирање: 23.06.2016 Рецензент: Александар Пешев  

ДИСКРЕДИТАЦИЈА

Главата го исполнува тоа што насловот го ветува. Неосновано се коментира дека актерката е неуспешна и дека пропаднатиот проект што го водела вредел речиси милион долари. Нема наведено извор на

Обид за сатанизирање на демонстрантите

на 23. 06. 2016 | |

[Рецензија: Обид за рушење на споменик, напад врз македонската полиција се само дел од вечерашниот срамен протест на СДСМ и СОРОС]

Коментари, спин и изрази на политичка пристрасност во овој случај се употребуваат за омаловажување, па дури и за сатанизација на демократското право на протест на секоја индивидуа и група. Полицијата се става во двојна улога на херој и на жртва, а нападот е насочен кон демонстрантите, кои освен што се нарекуваат хулигани, неосновано се обвинети дека биле издрогирани и пијани, веројатно за да се постигне конечната цел на писанието, а тоа е лична и групна дискредитација.     Линк до оригиналниот напис: Обид за рушење на споменик, напад врз македонската полиција се само дел од вечерашниот срамен протест на