verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Во вести не се сатиризира, туку се аргументира

on 27 - 06 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Ali 200 iljadi glasovi

Напис: Али Ахмети ќе добие 200 илјади гласови

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ќе излезе победник и на следните парламентарни избори. Независно од деградацијата на албанското прашање, убиствата на командантите и на борците за слобода, апсењата, претресите, малтретирањата и сиромаштијата, Албанците пак ќе гласаат.

Се зборува дека овојпат тој ќе добие 200 илјади гласови за да му служи на Груевски до гроб. Со Мијалков, Чавков ќе оркестрира уште многу други случаи, слични на Куманово, ќе има и нови апсења до последниот борец на ОНА.

Ќе има уште многу други сценарија. Албанскиот јазик ќе продолжи да се деградира, знамето ќе се распарчи и смали уште повеќе, рокот на ОД ќе се одложи до 2030 година, но ако, Албанците пак одлучиле да го гласаат Ахмети, командантот на ОНА.

Одлучиле да го остават на слобода, за да видат до каде ќе дотурка. Ќе го трпат до гроб.

 

[Рецензија: Али Ахмети ќе добие 200 илјади гласови]

 

Границата што ги дели празните зборови од новинарски текст се фактите и аргументите. Новинарите имаат право да коментираат и да сатиризираат, но на читателот треба да му биде јасно дека не станува збор за вест, туку за личен став. Покрај ова, секој новинарски напис треба да биде заснован на релевантни извори, факти и на аргументи или веродостојни изјави. На текстот што го рецензираме му недостигаат токму овие карактеристики за да биде вистински текст во рамките на професионалното новинарство.

Ali Ahmeti do t’i marr 200 mijë vota Iliria News Agency

 

Линк до оригиналниот напис:  Али Ахмети ќе добие 200 илјади гласови

Датум и време на објавување: 08.06.2016

Датум на рецензирање: 10.06.2016

Рецензент: Бењамин Арифи

 

Иако се забележува тенденцијата на авторот да употреби доза иронија, текстот е структуриран и објавен како вест, а не како парче политичка сатира. Никаде во текстот на читателите не им се специфицира дека станува збор за хумористичен напис или политичка сатира.

Текстот содржи обвиненија против еден политички субјект и неговиот претседател, кои новинарот не се обидел да ги аргументира. Обвиненијата во форма на констатација и на коментар од страна на авторот се многу тешки, се спомнуваат дури и убиства.

„Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ќе излезе победник и на следните парламентарните избори. Независно од деградацијата на албанското прашање, убиствата на командантите и на борците за слобода, апсењата, претресите, малтретирањата и сиромаштијата, Албанците пак ќе гласаат“, се вели, меѓу другото, во текстот. 

Освен што „зборува“ за минатото, во текстот на тенденциозен начин се предвидува и иднината, па се наведуваат неколку сценарија што, како што се изразува во текстот, „се зборува” дека ќе се случат.

„Се зборува дека овојпат тој ќе добие 200 илјади гласови за да му служи на Груевски до гроб. Со Мијалков, Чавков ќе оркестрира уште многу други случаи, слични на Куманово, ќе има и нови апсења до последниот борец на ОНА. Ќе има уште многу други сценарија. Албанскиот јазик ќе продолжи да се деградира, знамето ќе се распарчи и смали уште повеќе, рокот на ОД ќе се одложи до 2030 година, но ако, Албанците пак одлучиле да го гласаат Ахмети, командантот на ОНА“, продолжува понатаму текстот.

Голем дел од прашањата допрени во текстот се добра основа за вистинска и објективна анализа, за да се побара одговорност од надлежните, во конкретниот случај, албанската партија на власт, ДУИ.

Но, вака како што е третиран, без да се консултираат фактите и експертите, како и без да се побара став од споменатите, само е злоупотребена можноста медиумот да ја врши улогата на коректор на јавните политики, една од основните мисии на оваа професија.

Новинарот треба да биде објективен и политички непристрасен. Кога пишува, тој треба да биде ослободен од емоциите и од личните убедувања, за добро на правичното информирање на јавноста.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не апликативно

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

креативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести