verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Без содржина и со коментари не се прави вест

on 27 - 06 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Fakte

Напис: Само во МК: Се поништува одлуката за поништување на одлуката… за имињата на училиштата  (документ)

Ова е можно само во Македонија. Министерот Пиштар Лутфиу ја поништил одлуката на заменикот министер Спировски со која е поништена одлуката на поранешниот министер Абдилаќим Адеми, за промена на имињата на училиштата во Чаир, пишува „Факте“. И сега, оваа одлука не ја спроведува Централниот регистар под раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Случајот со исмејувањето на албанските имиња на двете училишта во Чаир ја покажува најдобро неспособноста на ДУИ како партнер на власт. Освен тендерите и личните профитирања, функционерите на оваа партија немаат ниту една можност и друг интерес.

[Рецензија: Само во МК: Се поништува одлуката за поништување на одлуката… за имињата на училиштата  (документ)]

 

Новинарството нема право да прави категоризации и oценувања. Се случува или не во Македонија, задача на новинарот е тоа што се случува да стане вест и да се информира јавноста, додека другиот дел, проценката, им припаѓа на читателите. Текстот што го рецензираме има голем број професионални пропусти. Првин, насловот е несфатлив и на прво читање не се разбира за што станува збор, односно насловот со формулација „одлуката за поништување на одлуката“ е разбирлив за авторот, но не и за читателот, кој можеби првпат чита за прашањето за имињата на училиштата.

„Ова е можно само во Македонија. Министерот Пиштар Лутфиу ја поништил одлуката на заменикот министер Спировски со која е поништена одлуката на поранешниот министер Абдилаќим Адеми, за промена на имињата на училиштата во Чаир, пишува „Факте“. И сега, оваа одлука не ја спроведува Централниот регистар под раководствто на ВМРО-ДПМНЕ“. 

Vetëm në MK Anulohet vendimi screenshot

 

Линк до оригиналниот напис: Само МК: Се поништува одлуката за поништување на одлуката…за имињата на училиштата  (документ)”
Датум и време на објавување:
14.06.2016
Датум на рецензирање:
18.06.2016
Рецензент:
Адриан Керими

Текстот има коментари и овој пристап е надвор од професионалните рамки. Освен коментарите, текстот содржи и „обични“ обвиненија, за кои не е дозволено да се кажат од самиот новинар, туку можеби од јавноста, читателот или вклучените страни. Новинарот нема право без докази да ѝ каже на јавноста дека одредени функционери имаат интерес само за тендери и за лични профитирања. Тоа е теза дискутирана секаде во јавноста, но во информативна содржина за тоа требаат факти.

„Случајот со исмејувањето на албанските имиња на двете училишта во Чаир ја покажува најдобро неспособноста на ДУИ како партнер на власт. Освен тендерите и личните профитирања, функционерите на оваа партија немаат ниту една можност и друг интерес“.

Во написот се прикачени релевантни фотографии, што го илустрираат тоа што текстот го има во суштина. Сепак, потребна е една кратка заднина што би ѝ дала повеќе квалитет на содржината. Новинарот е обврзан да ги потсети читателите кој е досегашниот исход на именувањето на училиштата во Чаир, колку од нив се преименувани и зошто ова прашање останало уште нерешено и проблематизирано.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност,

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

несензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести