verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Неточна информација

on 27 - 06 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 

11114

 

[Рецензија: ПРОВОКАТОРОТ ОСЛОБОДЕН: Богоевски пуштен од полициска станица со кривична пријава!]

 

Четиво што го карактеризираат два типа „фабрички фелери“. Првиот е од професионален карактер, како невистинитост, непрециозност. Вториот, пак, е од непрофесионална природа, односно станува збор за употреба на „недозволени средства“ за еден кредибилен медиумски материјал, како што се подбуцнување, навивање, стигматизирање.

 1111Линк до оригиналниот напис: ПРОВОКАТОРОТ ОСЛОБОДЕН: Богоевски пуштен од полициска станица со кривична пријава!

 Датум и време на објавување: 19.06.2016

 Датум на рецензирање: 23.06.2016

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

ПОДБУЦНУВАЊЕ, НАВИВАЊЕ, СТИГМАТИЗИРАЊЕ

Кажавме дека текстот има сериозни проблеми во делот на вистинитоста. Попрецизно, се пласира информација која не е точна. Во насловот, а и подолу во содржината, се тврди нешто што не е така:

„Богоевски е пуштен на слобода откако доби уште една кривична пријава затоа што не послушал наредба од службено лице“.

Вистинската вест е дека приведениот демонстрант добил прекршочна, а не кривична пријава. Разликата е голема, како небо и земја.

Се вели дека станува збор за провокатор. Би рекле пресилен, а и збор употребен без аргументација. Обид да закачиш транспарент како дел од антивладини протести, кои, впрочем, се одржуваат безмалку секој ден, како порака против власта, тешко дека спаѓа во категоријата провокација. Плус, човекот инкриминиран за делото е еден од најистакнатите членови на „Шарената револуција“, тој е активист во движењето, кој не се крие, туку под име и презиме настапува на собирите. Не се работи за човек што упаднал туку-така за да прави некаков зулум.

Недостиг е и едностраноста зашто никаде нема изјава од приведениот, туку се сервира само една верзија на настанот.

Но, проблемите допрва доаѓаат:

„Во меѓувреме додека провокаторот беше задржан во ПС „Пролет“ на соросоидните т.н. медиуми се појавија повици за масовна мобилизација на „Шарените“ со цел да биде ослободен Богоевски, со што самите признаа дека посакувале инцидент кој ќе го искористат како повод за предизвикување на тензии и насилство“.

 

„На оваа провокаторска акција на „револуционерите“, претходеше говорот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој предупреди дека ако СДСМ вака продолжи, ниту тој нема да може да го контролира гневот на граѓаните и дека истиот ќе се истури по улиците, а тоа ќе биде многу лошо за оние кои се замислуваат дека се некакви револуционери!“

Во овие два пасуса  се собрало сè и сешто, но од лошото:

  • Неаргументираност – соросоидни т.н. медиуми;
  • Преувеличување – масовна мобилизација;
  • Спин – посакуваме инцидент за предизвикување насилство;
  • Поистоветување меѓу опозицијата и „револуционерите“ – СДСМ ако вака продолжи;

Ништо ново на провладиниот медиумски фронт.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

официјални, анонимни

релевантни, нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести