verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Пример за совршен спин

on 27 - 06 - 2016       

Полемика меѓу актерката Жугиќ и лидер_ - http___kurir.mk_makedonija_vesti_z

[Рецензија: Полемика меѓу актерката Жугиќ и лидерот на СДСМ: Заев смета дека е „црпнат антимакедонски криминалец“]

 

Текстот што е предмет на оваа рецензија претставува пример за тоа како еден професионален напис може да се искористи да се искоментира и притоа да се изврти неговата смисла, создавајќи кај јавноста погрешна слика. Овој напис претставува  совршен спин.

Полемика меѓу актерката Жугиќ и лидерот на СДСМ Заев смета дека е „црпнат антимакедонски криминалец“ Kurir.mkЛинкуван наслов на анализираниот напис: Полемика меѓу актерката Жугиќ и лидерот на СДСМ: Заев смета дека е „црпнат антимакедонски криминалец“

Датум и време на објавување: 22.06.2016

Датум на рецензирање: 27.06.2016

Рецензент: Ана Анастасовска

 

ПОГРЕШНА СЛИКА

Имено, преземен е напис од неделникот „Фокус“ за преписката меѓу директорката на театар „Комедија“, Јелена Жугиќ, и лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Како што се гледа од самиот текст, кој е скениран и пренесен, Жугиќ напишала навредлив статус за Заев. По ова, редакцијата на „Фокус“ побарала став од Заев и добила одговор од него.

Но, во овој текст е злоупотребен одговорот на лидерот на СДСМ, така што на јавноста ѝ е презентирано како тој самиот се препознал во навредливите коментари на Жугиќ и самиот се јавил со реакција.

Спинот е содржан во самиот наслов на текстот: „Полемика меѓу актерката Жугиќ и лидерот на СДСМ: Заев смета дека е „црпнат антимакедонски криминалец“. Но, и во следниот пасус:

„Ако некому не му беше јасно кој е црпнатиот аболициран криминалец кој ги тероризира граѓаните се погрижи човекот лично. Зоран Заев реагираше на неадресираниот статус на Жугиќ и потврди дека и тој интимно се пронаоѓа во критиките искажани од директорката на Театар Комедија“.

Заев не реагирал самоиницијативно, туку на барање на новинарот на „Фокус“, како што впрочем може да се види од оригиналниот текст, каде по изјавата на Заев, пишува: „ни изјави Заев по повод статусот на Јелена“.

 

ОБЕЛЕЖУВАЊЕ

Освен оваа манипулација, написот содржи и бројни неосновани коменатри. Во првиот пасус од текстот се покажува со прст кон „Фокус“, бележејќи го како мегафон на СДСМ.

„Денеска во електронското издание на еден од мегафоните на СДСМ – Фокус, се појави напис преку кој Зоран Заев реагира на фејсбук статус на директорката на Театар Комедија, Јелена Жугиќ“.

Недозволиво е за еден професионален новинарски текст да содржи какви било квалификации и коменатри, како што е во овој случај.

„Жугиќ, видно револтирана од хулиганските и вандалски протести во Скопје организирани од Заев и СДСМ, на својот фејсбук профил напиша статус во кој се осудува дивеењето на ордите на СДСМ низ главниот град, уништувањето државен имот и обидите да се рушат споменици“.

Тука интенцијата е и повеќе од јасна – да се нападне „Шарената револуција“ и да се претстави како таа да е организирана од СДСМ, што е апсолутно неточно. Шарената револуција ја организираат граѓански активисти кои се незадоволни од политиките на власта.

Со овој текст е прекршен Кодексот за новинари кој јасно пропишува:

Новинарите имаат улога да пренесуваат информации, идеи и мислења и право да коментираат. Почитувајќи ги етичките вредности и професионалните стандарди во пренесувањето на информациите, новинарите ќе бидат чесни, објективни и точни.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

релевантни, нерелевантни

2 извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести