verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Објективноста на текстот како игла во сноп сено

on 24 - 06 - 2016       

pres 24

[Рецензија: СДСМ пред бојкот на Собранието – СОРОС пред формирање партија]

 

Ова е едностран и необјективен текст, кој нагласено се труди да ги поврзе СДСМ, „Шарена револуција“ и Фондацијата „Отворено општество – Македонија“ (ФООМ). Написот не се темели на факти, туку врз основа на паушални и тенеденциозни информации има цел да ги дискредитира и опозицијата и граѓанските протести, кои веќе трет месец се одржуваат на улиците во повеќе градови во земјава.

sdsm-sorosЛинк до оригиналниот напис: СДСМ пред бојкот на Собранието – СОРОС пред формирање партија

Датум и време на објавување: 23.06.2016, 11:31

Датум на рецензирање: 24.06.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

СПИНЕРСКИ ТЕЗИ

„СДСМ се очекува да влезе во нов бојкот на Собранието. По барањето кое СОРОС преку т.н. „Шарена револуција“ го упати до Бихаќка, пратениците да не доаѓаат во Собранието додека Уставниот суд не се произнесе за уставноста на СЈО, се очекува Заев да ги испразни пратеничките столчиња во десниот дел на законодавниот дом“.

Текстот уште на самиот почеток, преку коментар, се обидува на читателот да му  создаде слика за наводната поврзаност на СДСМ со Фондацијата „Отворено општество – Македонија“ (ФООМ), или „СОРОС“ – како што  пишуваат медиумите наклонети на владејачката партија.

И, секако, како организатор на протестите  се посочува СДСМ, иако социјалдемократите никогаш не кажале дека се организатори на овие протести.  Случајно или намерно, пропуштено е да се каже дека протестите се организирани од граѓанското движење „Протестирам“. А, тоа што членови на СДСМ се појавиле на протестот и дале поддршка, автоматски не значи дека се и организатори на истиот.

Исто така, невистинита и спинерска е  тезата дека СДСМ работи по барање на Сорос.

„Извори од СДСМ велат дека Заев најверојатно ќе мора да одговори на барањето на СОРОС, бидејќи во спротивно, никој не може да ја исклучи можноста т.н. граѓански сектор, кој се плаќа со соросовите пари да направи обид директно да влезе на политичката сцена профилирајќи се во партија која практично ќе значи и дефинитивен крај за социјалдемократите“.

Каде се аргументите за ова тврдење? Никаде!

СДСМ е организирана политичка организација и одлуките ги носи во своите тела. Таква е и одлуката за замрзнување на учеството во Собранието сè додека Уставниот суд не се произнесе за СЈО. Тоа што можеби овој потег се совпаднал со желбите на некои невладини организации, не значи и дека работат заедно. На крајот на краиштата, СДСМ е политичка организација и таа може да одлучи за тоа да влезе или да излезе од Собранието.

НАГЛАСЕНА НЕТРПЕЛИВОСТ

„Од друга страна, огромен дел од финансиските средства со кои СДСМ го уништуваше главниот град доаѓаат токму од соросовите фондови, а од истата каса се финансираат и медиумите кои ја хранат деструктивната политика на опозицијата“.

Непоткрепени се и тврдењата дека „СОРОС “дал пари за да се организира протестот и да се финасираат медиумите за наводно хранење на деструктивност,  па читателот не добива оправдан мотив да верува во него.

Начинот на кој е напишан текстот е во спротивност со принципите на новинарскиот Кодекс, каде уште во првиот член е наведено дека „Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно“. И, иако текстот се повикува на „извори од Бихаќка“, впечаток е дека тој само се затскрива зад ваквата формулација и ја користи  како „параван“ за да ја оцрни опозициската партија.

Овој целосно необјективен материјал, покажува отворена нетрпеливост, па дури и омраза кон невалдината ФООМ и кон СДСМ. Тоа е несвојствено за етички исправното новинарство, кое подразбира дека при пишувањето на информациите треба да се изгради дистанца.

Да се бара балансираност и објективност во овој текст, е исто како да барате игла во сноп сено!

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести