verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Обид за сатанизирање на демонстрантите

on 23 - 06 - 2016       

Pres 24 za protestot

[Рецензија: Обид за рушење на споменик, напад врз македонската полиција се само дел од вечерашниот срамен протест на СДСМ и СОРОС]

Коментари, спин и изрази на политичка пристрасност во овој случај се употребуваат за омаловажување, па дури и за сатанизација на демократското право на протест на секоја индивидуа и група. Полицијата се става во двојна улога на херој и на жртва, а нападот е насочен кон демонстрантите, кои освен што се нарекуваат хулигани, неосновано се обвинети дека биле издрогирани и пијани, веројатно за да се постигне конечната цел на писанието, а тоа е лична и групна дискредитација.

 

 

13515360_1102277496510775_231753526_n.pngЛинк до оригиналниот напис: Обид за рушење на споменик, напад врз македонската полиција се само дел од вечерашниот срамен протест на СДСМ и СОРОС

Датум и време на објавување: 20.06.2016, 23:29

Датум на рецензирање: 22.06.2016

Рецензент: Александар Пешев

 

 

КОМЕНТАРИТЕ ПОЧНУВААТ УШТЕ ОД НАСЛОВОТ

Коментарите се забележуваат уште во самиот наслов, кој иако соодветствува на текстот, со својата тенденциозност го насочува читателот кон негативно толкување на настаните од протестот на „Шарена револуција“. Протестот се нарекува срамен, а во стилот на партиските ставови на ВМРО-ДПМНЕ, како главни виновници се издвојуваат опозицискиот СДСМ и Фондацијата „Отворено општество“ – Македонија.

Полицијата, која подоцна во текстот се профилира како херој, во насловот е виктимизирана, со тврдењето дека била нападната.

Репортажниот израз во главата на текстот содржи коментари кои се интегрирани во остатокот од текстот и не се јасно издвоени од фактите. При репортажниот израз, новинарот има слобода да констатира очигледни работи, како, на пример, дека илјадници луѓе на улица секако предизвикуваат хаос, но не се знае од каде е изведен заклучокот дека наводниот напад врз македонската полиција е срамен. Коментари се нижат, поддржани со недокажани квалификации дека на тензичниот протест учествуваат „хулиганите и вандалите предводени од СДСМ и платени од СОРОС“ и дека тие „повторно удрија врз македонската држава“. Не се наведува изворот на информациите и нема јасен доказ ниту, пак, атрибуција на ваквите тврдења.

 

ИМА И ИСКЛУЧОК

„Со брза интервенција на Единицата за брзи реакции беше спречен обидот да го урнат споменикот на Прометеј во паркот „Жена борец“ спроти Македонското собрание. Тоа е прв обид за посериозно уништување на спомениците кои се поставени во централното градско подрачје на Скопје.“

Ова е единствениот пасус во текстот за кој може да се констатира дека не содржи коментаторски елементи насочени кон дискредитација и претставува пристоен репортажен израз. За жал, во остатокот на текстот не може да се забележи ваква внимателност. Репортажата во продолжение повторно констатира дека „хулигани се обиделе да го урнат споменикот а полицијата ги спречила“, но јасниот обид за дискредитација се согледува во следниов коментар:

„Според присутните на терен, видливо било дека имало многу издрогирани и алкохолизирани членови на СДСМ и СОРОС кои дивееле и уништувале се сто им се нашло на патот“.

Вакви сериозни обвинувања бараат силна поддршка со изјави, но до овој дел од текстот немаме никаков извор на информации. Кој и колкумина го тврдат ова, не се знае. Понатаму, кои се тие толку перцептивни присутни на терен, кои успеале, наводно, алкохолизираните и издрогирани лица да ги идентификуваат како членови на СДСМ и на Соросовата фондација? Повторно не се нотира изворот на информации, што фрла сомнеж околу веродостојноста на ваквите тврдења. Но, вистински проблематично е следново тврдење:

„Најголемиот дел говореле дека не знаат зошто се дојдени во Скопје. Тие го поддржувале Заев и би го бранеле доколку треба кривично да одговара и да ги врати украдените 8 милиони евра, но не се согласуваат со уништувањето на јавни добра“.

Повторно немаме нотиран извор на информации, нема изјава за вака сериозно тврдење и се отвораат низа дилеми со ваквиот спин, кој создава сомнеж за политичката пристрасност на текстот:

  • Колкумина од толпата се прашани?
  • Каде се фотографиите или видеозаписите од наводните автобуси кои наводно пренесувале демонстранти до Скопје?
  • Како им било поставено прашањето за наводна кражба на 8 милиони евра?
  • Зошто биле прашани само за обвинувањата против опозициски политичар, а не и за обвинувањата против други политичари од власта?
  • Зошто не се пренесуваат обвинувања против политичари и од ВМРО-ДПМНЕ туку само од СДСМ?

 

ПОЛИТИЧКО ОБОЈУВАЊЕ НА МЕДИУМИТЕ ОД КОИ СЕ ПОЗАЈМУВА

Иако читaтелот не добива одговор на овие прашања, а веродостојноста на едностраниот текст е спорна, објавата се затвора со уште едно неосновано тврдење за „медиумите на СДСМ и СОРОС“. Повторно изразот наликува на извадок од партиско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, а дел од видеоматеријалите во текстот се преземени токму од дел од прозваните медиуми. Тука веќе се поставува прашањето: ако медиумите навистина се пристрасни и контролирани од СДСМ и од Сорос, тогаш на која основа се прифаќаат информациите од нив како доволно веродостојни за употреба во ова писание?

Сè на сè, имаме еднострана, видно пристрасна објава со коментари насочени кон лична дискредитација, а неименувањето на изворите на информациите, кои создаваат сериозни, но неосновани обвинувања, го дополнуваат сомнежот околу веродостојноста на видно спинуваниот текст.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести