verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

И без содржина, вулгарно до крај!

on 23 - 06 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Dokaz za vo wc

 

[Рецензија: Ако нешто не ви иде, гледајте ја баграва ќе ви се приоди тогаш..у веце]

 

Срамно е да се нарече и напис, а не пак новинарски. Освен што има навредлив наслов, во него нема никаква содржина ниту, пак, конкретна поврзаност на сликите.

 

 

Доказ.Мк Ако нешто не ви иде гледајте ја баграва ќе ви се приоди тогаш..у вецеЛинк до оригиналниот напис: Ако нешто не ви иде, гледајте ја баграва ќе ви се приоди тогаш..у веце

Датум и време на објавување: 14.06. 2016

Датум на рецензирање: 22. 06. 2016

Рецензент: Димитар Тануров

 

Објавата што ја рецензираме, веројатно, според нејзината „принудна“ форма би требало да ја класифицираме како фото-вест, но во неа освен навредливиот наслов, кој не доликува ниту за објава на блог или за статус на социјална мрежа, нема никаква содржина, никаков текст.

Во написот има само нафрлени фотографии од новинари од телевизија „Сител“. Фотографиите немаат никаква временска, ниту содржинска поврзаност. Не станува збор за никаков настан. Единствена поента на фотографиите е да ги покаже личностите кои се дисквалификуваат и се оцрнуваат.

Ваквото дезинформирање е спротивно на новинарските стандарди. Новинарите, пред сè, треба да пренесуваат информации, идеи и мислења и имаат право да коментираат, но притоа не смеат да употребуваат говор на омразата, да навредуваат и да дискриминираат, особено не колеги новинари.

Написот се коси со повеќе членови од Кодексот на новинари:

Член 10
Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа.
Член 13
Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.
Член 15
Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката. Неспојливо со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста.
Член 16
Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

нема текст, а ниту факти

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

не во текстот, туку во насловот

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести