verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Застапничка и пристрасна позиција

on 30 - 06 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

dnevnik

[Рецензија: Могерини не знае да одговори на прашањата за владеењето на правото]

Одговорот на прашањето дали новинарите, додека ја извршуваат професионално работата, треба да бидат инволвирани во политичка кампања или активизам е едноставен и категоричен. Не!

Од една страна, новинарите се длабоко политички ангажирани, но тие секогаш мора да се препознаваат како новинари, а не како политички противници, политички партнери или политички застапници на специфични политички партии.

Најлошо е кога тоа го прават како мимикрија. Кога нивната политичка инволивираност е очигледна, а тие ја прикриваат.

Колку и да звучи парадоксално и противречно, тој тип на инволвираност не може да се оправда со некакви национални или патриотски интереси. Бидејки, штом новинарот ќе ја облече одората на политички пристрасен посредник, ја губи аурата на неутралност и со тоа можноста да биде критичен.

Оваа ситуација ја имаме во медиумската содржина што ја рецензираме. Уште од нејзиниот наслов се открива застапничката и пристрасна позиција. Премногу е претензциозно и крајно неодмерено високата претставничка за надворешна политика на Европската Комисија, Могерини, да ја наречете „незнајка“ на темата владеење на правото. Бидејќи тоа произлегува од насловот, кој е извлечен од неодговореното писмо со прашања до Могерини, во кое како учениче се испрашува комесарката за надворешна политика на Унијата, на тема владеење на правото.

06302016-Dnevnik-MogeriniЛинк до оригиналниот напис: Могерини не знае да одговори на прашањата за владеењето на правото

Датум и време на објавување: : 28.06.2016, 22:49

Датум на рецензирање: 30.06.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

ПРЕТЕНЦИОЗНО И НЕОДМЕРЕНО

А зошто? Само затоа што не им одговорила на прашањата, не значи дека Могерини не знае што е владеење на правото. Наредното прашање, со кое од Могерини се бара во правниот поредок на нашата земја да пронајде основа за формирање на Специјалното јавно обвинителство, автоматски ја открива намера да се компромитира Могерини, а при тоа се изгнорира фактот дека СЈО беше формирано како резултат на политичкиот договор меѓу четирите најголеми политички партии.

Во писмото следуваат прашања на кои треба да одговори владејачката партија во Македонија, а не Могерини. На пример, прашањето за аболицијата за Заев и за „Глобал“, за кои се знае дека не спаѓаат во истиот кош како и предметите што произлегуваат од аферата со прислушување.

Сѐ на сѐ, еден текст за кој неговите приредувачи мислат дека се итромани и дека ја наместиле Могерини, а всушност е само политичка конструкција за домашна употреба.

Соодветно на една таква неновинарска постапка, прекршени се членот 14 од Кодексот на новинарите за потребата од непристрасно известување со обезбедена професионална дистанца, како и членовите 13 и 16 кои препорачуваат да се прави разлика меѓу вестите и коментарите, како и да се чува угледот и достоинството и да не се употребува медиумот за пресметка со други личности.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

релевантни, нерелевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести