verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Текст што буди спомени

on 28 - 06 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

nova m

 [Рецензија: Го снема детскиот џагор од Пелистер]

 

Дневно-политичките информации и вести целосно го имаат окупирано медиумскиот простор, па кога ќе се појави еден ваков текст, тој е своевидно освежување. Навистина многу ретко се објавуваат написи за некогаш репрезентативни објекти кои се оставени да пропаѓаат поради институционална немарност, негрижа или неодговорност.

pelisterЛинк до оригиналниот напис:  Го снема детскиот џагор од Пелистер

Датум и време на објавување: 27.6.2016

Датум на рецензирање: 28.06.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ТИШИНАТА НА ДЕТСКОТО ОДМОРАЛИШТЕ

Текстот  за тишината на овој подзаборавен објект е полн погодок и ги има сите елементи на професионално сработен новинарски производ. Што е најбитно, низ една фина нарација ја загатнува причината за пропаѓањето на детското одморалиште на Пелистер:

„А таквата жална судбина на детското одморалиште многумина му ја предвидуваа, уште пред една година, кога во текот на зимата министерствата за труд и социјала и екологија се откажаа од дотогашната установена практика на своја сметка да им го субвенционираат одморот на учениците на Пелистер, а и откако училиштата од Битола своите настави во природа почнаа да ги одржуваат во други одморалишта.“

Написот е содржаен, реално ја прикажува состојбата на теренот и го третира прашањето зошто објектот не е продаден, иако бил понуден на продажба:

„Минатата година, кога на електронската аукција и во четвртиот обид, на огласот што го распиша Министерството за труд и социјала не се јави никој да го купи детското одморалиште „Пелистер“, се чини дека беше запечатена неговата судбина.

Да потсетиме, тогаш детското одморалиште беше понудено на продажба за износ од 48.646.684,50 денари, или нешто повеќе од 800 илјади евра…“

 

ДА СЕ ПОДРАЗБУДАТ НАДЛЕЖНИТЕ

Текстот  е напишан во репортерски стил и буди силни спомени од едно време кога одморалиштето беше полно со деца. Притоа, се навраќа на изјави на деца од минатите години, кои биле воодушевени при нивниот престој во Пелистер и прави споредба со денешната состојба. Написот е опремен и со фотографија која го отсликува впечатокот на авторот.

Материјалот во завршниот дел потсетува како детското одморалиште, на кое неколку години му беше блокирана жиро-сметката, замина во стечај и ја поставува дилемата дали и овој некогаш репрезентативен објект ќе ја сподели судбината на другите фирми во Битола, во кои беше прогласен стечај. Во финишот, пак, има директна порака до институцијата во чија надлежност е објектот:

„Дотогаш Министерството за труд и социјална политика треба да се погрижи да постави барем обезбедување за објектот, оти доколку не се случи тоа, во најбрзо време арамиите ќе почнат да крадат и изнесуваат од објектите сѐ што ќе најдат.“

Детското одморалиште „Пелистер“ е значаен објект што не смее да се остави на забот на времето. Затоа е добро со написи како овој, кој заслужува позитивна оценка, да се алармираат надлежните институции, во надеж дека ќе се „подразбудат“ и ќе се ангажираат за да го решат проблемот.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

релевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

балансираност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести