verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Измислената статистика не ја покрива пристрасноста

on 1 - 07 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #266 - 'Studentët nga Kosova braktisin UT-në, Shtulin dhe Universitetet tjera private nga Maqedonia' - www_zhurnal_mk_content

Напис: Студентите од Косово го напуштаат ТУ, УЈИЕ и другите приватни универзитети во Македонија

Голем број студенти од Косово не претпочитаат да студираат на универзитетите во Македонија, пишува „Журнал“. Дардан од Приштина за новинската агенција „Журнал“ вели дека никогаш нема да студира во Македонија.

„Брат ми студираше во УЈИЕ, заврши студии по право и веќе четири години не може да најде работа. Дипломата му ја оспоруваат и велат дека нема вредност. Брат ми ми рече дека од УЈИЕ ги избркале најдобрите професори од Косово, како Хајредин Кучи и многу други. Со еден збор, според брат ми, УЈИЕ го претвориле во семејна чајџилница. Не само мојот брат, туку и братучед ми кој студира на Тетовскиот универзитет. Тој вели дека со нетрпение го чека денот кога ќе се префрли во Приштина. Вели дека таму повеќето од професорите се корумпирани и доаѓаат од Тетово и од Гостивар и дека универзитетите ги претвориле во семејни бизниси. Имајќи го предвид ова, јас јавно изјавувам дека никогаш нема да дојдам да студирам во Македонија“, изјавил Дардан од Приштина.

Поголемиот дел од студентите не се задоволни од квалитетот на овие универзитети, затоа решаваат студиите да ги завршат на универзитетите во Косово и да ги одбегнуваат сите универзитети во Македонија. Но, неколку студенти од Косово, кои веќе ги почнале студиите по медицина и кои сега ја привршуваат третата година од студиите, бараат начин итно да се префрлат на Медицинскиот факултет во Приштина.

Од ова разбираме дека студентите од Косово доаѓаат во Македонија само колку да се запишат и да ги поминат првите години од студиите, а потоа се префрлуваат во Приштина и во други земји каде што квалитетот на образованието е далеку поголем. И последните статистики сведочат дека студентите од Косово претпочитаат да студираат на домашните универзитети. Најсвеж случај е тој со Универзитетот „Иса Болетини“ во Митровица, каде што на последниот конкурс предвидено е да се запишат повеќе од 1.000 студенти.
Во академската година 2016/17 на Универзитетот „Иса Болетини“ во Митровица ќе се примат 1.430 студенти. Оваа одлука е донесена на последното заседание на Сенатот на УМИБ, каде што се дадени и усвоени предлозите на шесте постоечки факултети околу бројот на студентите кои ќе се примаат.

 

[Рецензија: „Студентите од Косово го напуштаат ТУ, УЈИЕ и другите приватни универзитети во Македонија“]

Образованието не е многу истражувано поле од медиумите во Македонија, но, од друга страна, е многу важно поле за општеството. Прашањата околу образованието будат интерес кај јавноста, па затоа едно објективно третирање од медиумите, нормално, би помогнало.  Текстот што ќе го анализираме не го прави ова, токму поради недостигот  од факти и од објективност.

Zhurnal - Studentet nga Kosova braktisin 1
Линк до оригиналниот напис:
Студентите од Косово го напуштаат ТУ, УЈИЕ и другите приватни универзитети во Македонија

Датум и време на објавување: 28.06.2016, 13:42

Датум на рецензирање: 29.06.2016

Рецензент: Фатлуме Дервиши

 

За јавноста е од голем интерс и важност да знае за квалитетот на универзитетите, особено на оние државните, во кои се инвестира и голем дел од буџетот, а во кој учествуваат и самите граѓани како плаќачи на данок. Критикувањето на феноменот на нефункционирање на универзитетите според стандардите е една голема професионална и морална одговорност. Затоа, за ова се потребни извори и докази.

Текстот цитирал само еден извор и неговите претпоставки ги зел предвид како апсолутна вистина. Не направил ниту еден обид истите да ги „преведе“ во факти и во бројки за да бидат поверодостојни.

„’Брат ми студираше во УЈИЕ, заврши студии по право и веќе четири години не може да најде работа. Дипломата му ја оспоруваат и велат дека нема вредност. Брат ми ми рече дека од УЈИЕ ги избркале најдобрите професори од Косово, како Хајредин Кучи и многу други. Со еден збор, според брат ми, УЈИЕ го претвориле во семејна чајџилница. Не само мојот брат, туку и братучед ми кој студира на Тетовскиот универзитет. Тој вели дека со нетрпение го чека денот кога ќе се префрли во Приштина. Вели дека таму повеќето од професорите се корумпирани и доаѓаат од Тетово и од Гостивар и дека универзитетите ги претвориле во семејни бизниси. Имајќи го предвид ова, јас јавно изјавувам дека никогаш нема да дојдам да студирам во Македонија’, изјавил Дардан од Приштина.“

Авторот дошол до заклучок дека студентите од Косово не ги претпочитаат универзитетите во Македонија. Не кажува како дошол до овој заклучок, но, според него, и тие што се запишуваат, тука завршуваат само неколку години од студиите и потоа се префрлуваат на факултетите во Приштина. Ова ќе беше еден алармантен податок, но само ако истиот го  потврдеше надлежно лице. За да се разјаснат сомневањата, не е контактиран ниту еден надлежен орган. Зборот „статистика“ се спомнува само како поим, без да се елаборира за која статистика станува збор и колку е таа веродостојна.

„И последните статистики сведочат дека студентите од Косово претпочитаат да студираат во домашните универзитети. Најсвеж случај е тој со Универзитетот „Иса Болетини“ во Митровица каде што на последниот конкурс предвидено е да се запишат повеќе од 1.000 студенти“.

По сè изгледа, на крај станува јасна целта на објавување на овој напис. Откако ги „оцрнил“ некои од универзитетите во Македонија, давајќи им неколку негативни карактеристики  и оневозможувајќи им да го искажат својот став, авторот со еден промотивен тон известува за Универзитетот „Иса Болетини“ во Митровица и дава детали во бројки, какви што не дал за ниедна друга институција погоре во написот.

Текстот е едностран затоа што проблемот не е третиран на објективен начин, не им се дава ист простор на сите страни и се носат заклучоци кои не треба да ги носи авторот, особено кога нема доволно факти. Еве неколку од професионалните стандарди кои авторот требаше да ги испочитува:

  • Проверката на информациите и нивната точност се морален императив  на новинарството, затоа новинарот е должен точноста на информацијата да ја провери од колку што е можно повеќе извори, а најмалку од два независни извори.

  • Изборот на факти задолжително треба да обезбеди објективна информација, имајќи ги предвид сите важни аспекти на темата што се обработува.

  • Новинарот треба да обезбеди „втора страна“, односно да им даде можност на сите засегнати од новинарскиот продукт да го искажат својот став. Ова уште повеќе доаѓа до израз кога новинарот изнесува сомневања или обвинувања или кога некој е предмет на напад или критики.

  • Мора да биде јасно разграничено што се факти и информации, а што коментар, претпоставка или став на авторот за да се одбегне дезинформирање и манипулирање со публиката.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

нерелевантни,

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

комерцијална пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести