Рецензии

Пазарџиски муабет што кантар не го мери!

на 31. 08. 2016 | | sq
     

[Рецензија: АНТОНИО КУПУВАЛ ВИЈАГРА ВО АПТЕКА?!]

  Ултра-ниско четиво кое ни оддалеку не ги исполнува условите да се квалификува како текст што заслужува какво било внимание од публиката. Ама, ете, се нашло објавено како да станува збор за легитимен медиумски производ, а не за најобична чкртаница преполна со навреди.   Линк до оригиналниот напис: АНТОНИО КУПУВАЛ ВИЈАГРА ВО АПТЕКА?!  Датум и време на објавување: 25.08.2016  Датум на рецензирање: 30.08.2016  Рецензент: Владимир Мирчески   ЛИЧЕН ЖИВОТ, ВИЈАГРА, ГАЌИ… СЕДУМ СМРТНИ ГРЕВОВИ КОН КОДЕКСОТ НА НОВИНАРИ „Е де викам па шо у години е чоекот па и не е фаца Ноне му избега сеа има едно провладино порталче Вистина демек и шо мислиш за секс му е?“ „Не бре тоа

„Решетање“ со многу промашувања

на 30. 08. 2016 | |

[Рецензија: Стојан Андов вмешан во бизнисите на Андреја Јосифовски]

  Најавата за преземање на една од нашите најдоходовни компании – „Макпетрол“, од страна на анонимна странска фирма (Балкан петролеум), сигурно дека го зголемува „гладот“ за текстови поврзани со сите актери во тие случувања. Секако, јавноста повеќе би била заинтересирана да дознае нешто за тие за кои ништо или малку се знае (потенцијалните купувачи на мнозински пакет акции) отколку за оние, главно наши сограѓани, за кои се знае доста или многу повеќе во однос на странците. Оттаму, текстот што е предмет на рецензија го привлекува вниманието уште со самиот наслов, секако и со фотографијата, со оние елементи со кои се отвора пред нас, а кои се чинат многу атрактивни. Стојан Андов,

Голема Богородица не е продолжен викенд!

на 30. 08. 2016 | | sq

[Рецензија: Успение на Пресвета Богородица: Уште еден продолжен викенд]

  Текстот ја дезинформира јавноста дека понеделник, 29 август, е неработен ден затоа што во неделата, еден ден претходно, се паѓа празникот Успение на Пресвета Богородица. Оваа информација е целосно погрешна затоа што празникот Успение Пресвета Богородица не е државен празник, туку празник само за припадниците на православната вериосповед и неговото празнување не се поместува на следниот работен ден.     Линк до оригиналниот напис: Успение на Пресвета Богородица: Уште еден продолжен викенд (Текстот во меѓувреме е избришан) Датум и време на објавување: 24.08.2016, 10:40
Датум на рецензирање: 28.08.2016
Рецензент: Симона Атанасова   Иако грешката најверојатно не е намерно направена, сепак, новинарот мора да ги провери сите факти пред

Потпирање на еден извор е доволно само за мелодрама

на 29. 08. 2016 | | sq

[Рецензија: На Матеј му треба нашата помош, треба да се лекува во Словенија]

    Секогаш е тешко да се зборува или пишува за туѓите несреќи, особено кога се однесуваат на здравјето на деца. Такви стории има сè почeсто во весниците и во другите медиуми и тие, главно, се придружени со слики од луѓе на кои им треба, по правило, скапа медицинска помош. И сторијата што е предмет на опсервација е таква и навидум по ништо не се разликува од сличните кои, како што веќе наведовме, ги има сè повеќе и повеќе. Сепак, дали тој факт не е повод на редакциските состаноци некој да помисли дека можеби нешто треба да се промени во начинот за известување за ваквите случаи и

Навивач или „балист“?

на 29. 08. 2016 | | sq
 

[Рецензија: Рецензија: ФОТО: Навивачот на Шкендија Заев непожелен на македонски натпревари]

Кога политиката ќе се вмеша во спортот, кога спинот ќе ја помати реалната ситуација, кога шпекулациите ќе надвладеат над фактите, кога националниот предзнак станува суштина…. Е тогаш го имаме овој текст!   Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Навивачот на Шкендија Заев непожелен на македонски натпревари Датум и време на објавување: 27.08.2016  12:32  Датум на рецензирање: 28.08.2016  Рецензент: Владимир Мирчески     „ШКЕНДИЈА“ НЕ Е МАКЕДОНСКА ЕКИПА!? Навистина се претера со политиката во земјава. Така, сега, политички грев стана и ако некој функционер, во случајов лидерот на опозицијата, се појави на фудбалски натпревар на домашен тим. Проблемот, за кој се разгоропади медумската машинерија спонзорирана од еден центар, е дека екипата е

Текст кој комплетно го извртува извештајот на „Фич“

на 29. 08. 2016 | |
     

[Рецензија: „ФИЧ“ ПОТВРДИ: Кризата која ја создаде СДСМ е причина за намалениот кредитен рејтинг]

    Овој текст е дефиниција за спин според учебник – комплетно ја извртува вистината за причините за намалувањето на кредитниот рејтинг на Македнија од страна на агенцијата „Фич“. Во него се вели дека „општиот заклучок поради што оваа агенција го намалила рејтингот е политичката криза предизвикана од СДСМ“, што е делумно точно, бидејќи во образложението наведено од агенцијата, опозицијата се споменува само во контекст на бојкот на Собранието. За другите фактори кои влијаеле врз намалувањето на рејтингот, како сериозните обвинувања за корупција втемелени на прислушуваните  разговори, неуспехот на Договорот од Пржино, протестите, опструкциите на високо ниво што ги искусило Специјалното

Кој се плаши од Сорос лош, три за грош….

на 29. 08. 2016 | | sq

[Рецензија: Нов план за бегство од избори – СДСМ инсистира СОРОС да го води ад-хок телото за медиуми]

    Многу произволности, а малку вистински факти. Многу спин, а отсуство на именувани извори. Многу мешање „лончиња“, а недоволно аргументирање на тезите. Текст со многу недостатоци, кои морале да бидат отстранети пред тој да биде објавен.
Линк до оригиналниот напис: Нов план за бегство од избори – СДСМ инсистира СОРОС да го води ад-хок телото за медиуми  Датум и време на објавување: 24.08.2016 – 18:35  Датум на рецензирање: 26.08.2016  Рецензент: Владимир Мирчески     КОЈ СЕ ПЛАШИ ОД „СОРОС-ОТ“ ЛОШ, ТРИ ЗА ГРОШ…? Повторно „тешка“ приказна за СДСМ, за Сорос, за нивните меѓусебни врски, интереси, интриги итн…. Прашањето е што оваа приказна

Изјава извадена од контекст

на 26. 08. 2016 | | sq

 [Рецензија: УЧИЛИШТАТА „ЈАХЈА КЕМАЛ“ СЕ ЗАТВАРААТ: Македонија ќе одговори на барањата на демократски избраната власт во Анкара!]

Текстот што е предмет на оваа рецензија наголемо шпекулира за одлуките на Владата. Напишаното е конструирано без релевантен извор, кој може да ги потврди изнесените информации. Написот, а особено насловот, тврди нешто што подолу во текстот не го образложува и не го поткрепува со факти и со докази, па оваа информација која ѝ  се презентира на јавноста „не држи вода“. Линк до оригиналниот напис: УЧИЛИШТАТА „ЈАХЈА КЕМАЛ“ СЕ ЗАТВАРААТ: Македонија ќе одговори на барањата на демократски избраната власт во Анкара! Датум и време на објавување: 25.08.2016 Датум на рецензирање: 26.08.2016 Рецензент: Симона Атанасова   НЕПОТВРДЕНА ШПЕКУЛАЦИЈА По неуспешниот обид за пуч во Турција,

Како смеел Иванов да ја критикува Владата?!

на 26. 08. 2016 | | sq

[Рецензија: Иванов по секоја цена бара причина да влезе во конфликт со владата, под импресија на критиките на СДСМ дека не е самостоен]

  Текстот што е предмет на оваа рецензија е коментаторски и би можел да се најде во рубриката за коментари, а не во рубрика за вести. Тој е политички мотивиран и има цел да го дискредитира претседателот Ѓорѓе Иванов, само поради тоа што во неговиот говор по повод Денот на Армијата упатил критики кон државните институции за тоа како се справиле со проблемите во поплавените подрачја во Скопско. Линк на оригиналниот напис: Иванов по секоја цена бара причина да влезе во конфликт со владата, под импресија на критиките на СДСМ дека не е самостоен Датум и време 

Новинарскиот скандал поголем од политичкиот

на 26. 08. 2016 | | sq

 

Напис – Скандалозно/ Министерот за образование, Пиштар Лутфиу, „неписмен“: Касарната (алб. Казерма) ја нарекува на словенски „касарна“

Пиштар Лутфиу, еден непознат кадар што веќе неколку месеци ја врши функцијата министер за образование и наука, покажува колкаво е неговото интелектуално ниво и неговата професионална подготвеност за да го води ова клучно министерство. Ова го покажува и неговиот речник каде тој касарната (алб. казерма) ја нарекува „касарна“ што е словенски збор, известува ИНА. „На Универзитетот „Мајка Тереза“ му е доделена земја кај касарната „Илинден“. Во тек е подготовка на планот и со буџетот од 2017 година верувам дека ќе почнат и градежните работи за овој објект кај касарната“, рече тој денеска за време на откривањето на плановите за Универзитетот „Мајка Тереза“.