verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Текст кој комплетно го извртува извештајот на „Фич“

on 29 - 08 - 2016       

 

 

Telegraf za Fichj

 

[Рецензија: „ФИЧ“ ПОТВРДИ: Кризата која ја создаде СДСМ е причина за намалениот кредитен рејтинг]

 

 

Овој текст е дефиниција за спин според учебник – комплетно ја извртува вистината за причините за намалувањето на кредитниот рејтинг на Македнија од страна на агенцијата „Фич“. Во него се вели дека „општиот заклучок поради што оваа агенција го намалила рејтингот е политичката криза предизвикана од СДСМ“, што е делумно точно, бидејќи во образложението наведено од агенцијата, опозицијата се споменува само во контекст на бојкот на Собранието. За другите фактори кои влијаеле врз намалувањето на рејтингот, како сериозните обвинувања за корупција втемелени на прислушуваните  разговори, неуспехот на Договорот од Пржино, протестите, опструкциите на високо ниво што ги искусило Специјалното јавно обвинителство (СЈО), во текстот воопшто не станува збор.

 

 

FicЛинк до оригиналниот напис: „ФИЧ“ ПОТВРДИ: Кризата која ја создаде СДСМ е причина за намалениот кредитен рејтинг

Датум и време на објавување: 20.08.2016 – 15:50

Датум на рецензија: 26.08.2016

Рецензент: Силвана Жежова

 

ПОЛИТИЧКИ МОНТИРАН КАБАЕТ

Почетокот на текстот сака да ја прикаже СДСМ како најголем виновник за намалувањето на кредитниот рејтинг и кога веќе се споменува оваа партија, не се зема предвид нејзиниот став по ова прашање, што укажува на едностраност на материјалот што е предмет на рецензија. Исто така, не се зема предвид дека СДСМ излезе со соопштение за јавноста, во кое истакнува дека „намалувањето на кредитниот рејтинг од страна на агенцијата „Фич“ е поради темпото на задолжување во изминатите осум години и поради огромните корупциски скандали“.

„Најголем фактор за намалувањето на кредитниот рејтинг според „Фич“ е големата политичка криза која СДСМ ја предизвика во Македонија, како и во одбивањето на опозицијата да се појави на изборите кои ќе значеа вовед во нормализацијата на состојбата и избегнување на вакви сценарија“.

Написот потоа дава произволни коментари за наводните „политички прогнози“ на агенцијата „Фич“, која воопшто не се занимава со политички, туку со економски прогнози. Во ниту еден дел од извештајот не се предвидува дека СДСМ повторно ќе го бојкотира парламентот и на тој начин, како што се вели, „уште повеќе ќе ја продлабочи кризата, за животот на народот да стане потежок“. Странската реномирана агенција за мерење кредитни рејтинзи во нејзиниот извештај за Македонија не дава политички коментари, ниту опозициската и владејачката партија ги ословува со имиња, а најмалку нивните лидери.

„Ова може да се протолкува како своевидно предвидување на „Фич“дека СДСМ повторно ќе го бојкотира парламентот, ќе се обиде да ја пролонгира и продлабочи уште повеќе кризата во Македонија со крајна цел животот на народот да стане се потежок и потежок, за СДСМ да може да се презентира како спасител на земјата од таквата состојба. Овие апсурдни и антидржавни дејствија на најголемата опозициона партија не се воопшто непознати за стратезите од Бихаќка“.

 

 

ДЕПОЗИТИТЕ И НИВНОТО ПОВЛЕКУВАЊЕ

Повлекувањето на депозитите од страна на граѓаните во април, исто така, е наведено во извештајот на „Фич“, но никаде не се спомнува дека тоа е резултат на, како што пишува во текстот, „скандалозното однесување на СДСМ со лажните информации за девалвација на денарот“, туку дека повлекувањето на депозитите настанало како резултат на политичката криза, за која секако еднаква вина имаат и власта и опозицијата.

„Како фактор со средно влијание од „Фич“ го наведуваат и скандалозното однесување на СДСМ со лажните информации за девалвација на денарот. Тие потсетуваат дека „во рамките на“ политичката криза во Македонија, опозицијата намерно создаде „мини паника“ во април годинава и натера голем број граѓани да ги повлечат своите девизни депозити од банките, што на крајот значеше и дека тие граѓани, на име на камати кои не се реализираа, доживеаа загуби од милиони евра“.

Текстот ја извртува вистината за она што го пишува во извештајот на агенцијата „Фич“ за причините за намалувањето на кредитниот рејтинг на Македонија од ББ+ на ББ – и наликува на партиско соопштение. Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ исто така испрати соопштение до јавноста со кое на ист начин како и написов што го рецензираме, ја обвинува опозицијата за намалувањето на кредитниот рејтинг.

Оттука, текстот што го оценуваме е тенденциозен, несеопфатен и текст кој ја дезинформира јавноста за вистинските причини за намалувањето на кредитниот рејтинг на државата.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни,

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести