verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Како смеел Иванов да ја критикува Владата?!

on 26 - 08 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

kurir 2

[Рецензија: Иванов по секоја цена бара причина да влезе во конфликт со владата, под импресија на критиките на СДСМ дека не е самостоен]

 

Текстот што е предмет на оваа рецензија е коментаторски и би можел да се најде во рубриката за коментари, а не во рубрика за вести. Тој е политички мотивиран и има цел да го дискредитира претседателот Ѓорѓе Иванов, само поради тоа што во неговиот говор по повод Денот на Армијата упатил критики кон државните институции за тоа како се справиле со проблемите во поплавените подрачја во Скопско.

Иванов по секоја цена бара причина да влезе во конфликт со владата под импресија на критиките на СДСМ дека не е самостоен Kurir.mkЛинк на оригиналниот напис: Иванов по секоја цена бара причина да влезе во конфликт со владата, под импресија на критиките на СДСМ дека не е самостоен

Датум и време на објавување: 18.08.2016

Датум на рецензирање: 26.08.2016

Рецензент: Ана Анастасовска

 

ИВАНОВ НЕ СМЕЕ ДА ИМА СВОЕ МИСЛЕЊЕ!

Уште од самиот наслов на текстот се гледа неговата тенденција – да се дискредитира претседателот Иванов како политичар, поради дадено сопствено мислење. Во написот, кој личи на коменатр, се прави обид тој да се пласира како вест, повикувајќи се на некакви „познавачи на политичките состојби и на состојбите во АРМ“, но од тие познавачи во текстот нема ниту трага, ниту глас.

Написот го напаѓа Иванов за тоа што упатил критики кон Владата, обвинувајќи го дека „по секоја цена наоѓа начин и изговори да влезе во конфликт со македонската влада“, иако за тоа нема никакви аргументи во текстот. Прво, нема извадок од говорот на Иванов кој предизвикал внимание и кој се обработува во оваа новинарска содржина. Поради тоа, ставот на Иванов лесно може да е изваден од контекст и да се спинува. Кога читателот сам ќе прочита што кажал шефот на државата, ќе може и сам да оцени дали напишаното во врска со тоа држи вода. Но, тоа тука не е случај.

„Познавачите на политичките состојби коментираат дека во вториот мандат на Иванов, кога веќе толку не му е важна поддршката од ВМРО-ДПМНЕ за уште еден мандат имајќи ги во предвид уставните ограничување за не повеќе од 2 мандати, неоспорен факт е дека Претседателот Иванов во првиот мандат на памет не му паѓаше вака да се однесува со владата без чија поддршка невозможно ќе беше да победи на изборите. Пресметливата стратегија на Иванов е видлива“.

Овој дел од текстот е скандалозен. На Иванов на памет не му паѓало во првиот мандат да ја напаѓа Владата бидејќи му била потребна нејзината поддршка за да победи на избори. Директно се сугерира дека тој не бил избран заради тоа што вредел како кандидат и имал програма, туку затоа што партијата го кандидирала и ако не била таа, немало ни да победи. Но, сега, на крајот од вториот мандат, тој се осудил да ја критикува Владата и тоа под притисок на опозицијата. Ова се тврдења без никакви аргументи. Имаме само претпоставки базирани на анонимни познавачи.

„Така размислува тој, а дали е тоа паметно и дали е коректно кон ВМРО-ДПМНЕ после се она што го направија за него е сосема друга тема додаваат експертите“.

Она што на крајот го додаваат „експертите“ е уште поскандалозно. Се убедува читателот дека не е добро претседателот да ја критикува партијата што го поставила на функција. Според Уставот, претседателот не е претседател на партијата, туку на сите граѓани на Македонија.

На крајот од текстот се гледа политичката мотивираност на овој напис и пропагандата што ја шири. Овој новинарски производ е целосно спротивен на новинарските норми и правила.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести