verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Голема Богородица не е продолжен викенд!

on 30 - 08 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Zase Sveta Bogorodica

[Рецензија: Успение на Пресвета Богородица: Уште еден продолжен викенд]

 

Текстот ја дезинформира јавноста дека понеделник, 29 август, е неработен ден затоа што во неделата, еден ден претходно, се паѓа празникот Успение на Пресвета Богородица. Оваа информација е целосно погрешна затоа што празникот Успение Пресвета Богородица не е државен празник, туку празник само за припадниците на православната вериосповед и неговото празнување не се поместува на следниот работен ден.

 

 

Успение на Пресвета Богородица Уште еден продолжен викенд За СеЛинк до оригиналниот напис: Успение на Пресвета Богородица: Уште еден продолжен викенд (Текстот во меѓувреме е избришан)

Датум и време на објавување: 24.08.2016, 10:40
Датум на рецензирање: 28.08.2016
Рецензент: Симона Атанасова

 

Иако грешката најверојатно не е намерно направена, сепак, новинарот мора да ги провери сите факти пред да објави нешто. Згора на сè, и насловот е сензационалистички и ги дезинформира читателите дека ќе имаат продолжен викенд, што е невистина.

„Бидејќи празникот се паѓа во Недела, за неработен ден се смета понеделник, 29ти Август“.

Ова е целосно неточна информација затоа што празникот Пресвета Богородица не е државен празник, па неработниот ден не се префрла за наредниот ден – понеделник. Само за државните, а не за сите празници, празнувањето се префрла наредниот ден кога тие се паѓаат во недела.

Во известувањето од Министерството за транспорт и врски јасно стои дека 28 август е неработен ден, но не и дека се префрла в понеделник, што во текстот е додадено самоиницијативно, без дополнителна проверка.

Ова го потврдува и членот 3 од Законот за празниците на Република Македонија.

Државните празници од членот 2 на овој закон се неработни денови. Доколку празниците од членот 2 на овој закон паѓаат во недела, наредниот ден се смета за неработен.

Според измените на овој закон донесени во 2007 година, како празник за верниците од православната вероисповед е вметнат и 28 август, Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица). Според законот, овие денови се неработни, но доколку се паднат во недела, наредниот ден не се смета за неработен, како кај државните празници.

Новинарот има должност точно да ја информираа јавноста. Тој не смее да ги дезинформира читателите и треба да објавува точни и проверени информации, како што тоа го налага и Кодексот на новинари.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести