verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„Решетање“ со многу промашувања

on 30 - 08 - 2016       

Josifovski i Andov - Infomax

[Рецензија: Стојан Андов вмешан во бизнисите на Андреја Јосифовски]

 

Најавата за преземање на една од нашите најдоходовни компании – „Макпетрол“, од страна на анонимна странска фирма (Балкан петролеум), сигурно дека го зголемува „гладот“ за текстови поврзани со сите актери во тие случувања. Секако, јавноста повеќе би била заинтересирана да дознае нешто за тие за кои ништо или малку се знае (потенцијалните купувачи на мнозински пакет акции) отколку за оние, главно наши сограѓани, за кои се знае доста или многу повеќе во однос на странците. Оттаму, текстот што е предмет на рецензија го привлекува вниманието уште со самиот наслов, секако и со фотографијата, со оние елементи со кои се отвора пред нас, а кои се чинат многу атрактивни.

Стојан Андов, првиот спикер на плурална Македонија, заедно со еден од најбогатите поединци во земјава – Андреја Јосифовски, првиот во УО на „Макпетрол“, како наводна бизнис-двојка веднаш се магнет за јавноста, секако, и поради изнесениот сомнеж дека се дејствувало во некаков пакет. Ова воедно го отвора прозорецот за слабеење на евентуалната поддршка на јавноста во „дуелот“ на „Макпетрол“ со потенцијалниот преземач од Лондон, настан кој одамна има димензии на афера.

Дали прилогот ја оправдува атракција која ја има првата, визуелна средба со понудата?

 

 

FireShot Capture 25 - СТОЈАН АНДОВ ВМЕШАН ВО БИЗНИСИТЕ НА АНЛинк до оригиналниот напис: Стојан Андов вмешан во бизнисите на Андреја Јосифовски

Датум и време на објавување: 25.08.2016

Датум на рецензирање: 29.08.2016

Рецензент: Љубомир Костовски

 

 

СОМНИТЕЛНО БОГАТСТВО?

„Во минатото, и дури и денес, јавна тајна е и дел од неа се добро познати и докажани факти, дека тој има заработено богатство додека е на врвот на менаџментот на Макпетрол и во нафтениот бизнис во последните 20 години во најмала рака. Сепак, како е можно, ниедна институција да не била доволно храбра до сега да ја истражи оперативната работа на неговиот менаџмент?“

Уште од почетокот се соочуваме со прашањето дали сомнежот кон богатите луѓе се претвора во некаква априорна омраза кон парите и моќта, карактеристична за партиските хајки кои постоеја во социјализмот, кон оние кои беа над просекот?! Ако е така, тоа тешко ќе е одржлива теза?!

Впрочем, прилогот, кога сме на тој терен, го прескокнува многу значајниот факт дека против Јосифовски и неговите бизниси лани беше поднесено обвинение. Дали Јосифовски се појави пред суд? Не. Дали беше одмрзната сметката на компанијата? Да, ама добро е ако прилогот ни открие повеќе детали за оваа постапка, на која речиси заборавивме, бидејќи нема процесни дејствија. Но, тоа не се прави бидејќи нема доволно „штоф“ кој би дошол од ОЈО (Да не им откриваме, ама тука имаше дузина обвиненија од акционери, потоа беа повлечени, а сега, во светлината на преземањето, старите обвиненија се вратени, а има и нови). Но, чудно е тврдењето на авторот/авторите на овој прилог, кој се презема од дузина гласила со истоветен наслов, што, нели, говори за кампања, дека никој ништо не презема против Јосифовски кога „тој допрен глас“ Јавното обвинителство го слушна лани ова време?!

 

ПРОФЕСИОНАЛЕН ТЕКСТ НЕ ПРЕСКОКНУВА ФАКТИ

И одиме понатаму. Гледаме дека случајот „Макпетрол“, како во многу други случаи, се отвора и се затвора без да се види ставот на ОЈО по ова прашање. Секако, тоа за јавноста е повеќе од интересен мотив за читање. Наместо тоа, новинарот се завртува кон улогата на Јосифовски во преземањето на осигурителната компанија „Кјуби“ од страна на „Виена иншуренс груп“. Тој премин во текстот не е осмислен. Не може да се прави некаква општествена хроника, а да се прескокнуваат мотивите како да одите по некој мост. Секако, таму, во поранешен „Кјуби“ и треба да се најде евентуалната врска меѓу Андов и Јосифовски, бидејќи во осигурителната компанија е на висока позиција синот на првиот спикер во нашиот плурален парламент. И што се дознава – дека Јосифовски од претседател на УО по преземањето преминал во НО, каде е сега само член. Добро, тоа се случува во многу компании, мали и големи. Бошко Андов и некогаш и сега е крупна фигура во осигурителната компанија и, сепак, тој е одамна таму и во овој бизнис – ама каде е валканата зделка, не гледаме! Значи ништо не може да се спори, како намера за откривање и за истражување, ама немаме оправдување „ниту за јота“, што се вели на тезата од насловот.

И пак имаме премин по имагинарниот мост назад, сега од „Виена иншуренс“ кон „Макпетрол“. Затоа што нема епилог од излетот кај осигурителната компанија! И одново имаме претпоставки за криминалите во нафтената компанија.

 

АКО… МОЖЕБИ…

Еве една од последните реченици:

„Според објавените факти и изјави, изгледа дека личност со таков профил, најверојатно има многу повеќе банкарски сметки и имот во странство кој можеби не е пријавен во македонските државни институции, или пак дали е можно дека тие не се пријавени и со нив не се запознаети институциите и јавноста бидејќи постои можност дека овие поседувања им припаѓаат на акционерите на Макпетрол.“

Целата реченица, која треба да е финално обвинување, врие од оценки низ зборови кои служат за релативизирање или за изразување на дилема и на несигурност – „изгледа“, „најверојатно“, „можеби“, „дали е можно“, „постои можност“…

И дојдовме до рид на целосна несигурност на авторот/авторите на текстот. И како сега да се оправда насловот и споменувањата на личности кои немаат никаква видлива или со факти насочена врска со споменатите компании?

 

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

анонимни

релевантни, нерелевантни,

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

комерцијална пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести