Рецензии

Една слика, сепак, не е илјада зборови

на 22. 08. 2016 | | sq
 

[Рецензија: ФОТО: Изби вода под Археолошкиот музеј]

  Текстот ја дезинформира јавноста дека под Археолошкиот музеј избила вода. Информацијата не е точна бидејќи оваа институција демантираше дека се поплавила, односно оти станувало збор за чистење на музејот. Материјалот што е предмет на рецензија се базира само на фотографии. Иако станува збор за текст кој многу медиуми го пренесоа, задача на новинарот е да ја провери информацијата за поплавата, односно да се земе изјава од институцијата за која се пишува. Овој текст е уште еден пример како медиумите функционираат при пренесување на текстови, сите се „лепат“ еден на друг, без притоа да се провери она за што се пишува (пренесува).   Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Изби вода под Археолошкиот

Политички инсинуации

на 22. 08. 2016 | |

[Рецензија: Се поочигледна поврзаноста помеѓу СДСМ и СЈО: Жерновски призна дека никогаш не бил физички нападнат]

  Кармакаша од текст, измешано сè и сешто. Ефектот е целосна конфузија, не се знае од каде тргнал написот и каде завршил. Причинско-последичните врски не само што се прекинати, туку како и да непостојат. Наместо новинарско образложување и поедноставување на ситуацијата за публиката полесно да се воведе во приказната, имаме обоени формулации, пристрасни констатции и политички инсинуации. Линк до оригиналниот напис: Се поочигледна поврзаноста помеѓу СДСМ и СЈО: Жерновски призна дека никогаш не бил физички нападнат Датум и време на објавување: 16.08.2016, 17:52  Датум на рецензирање: 19.08.2016  Рецензент: Владимир Мирчески     ARGUMENTUM AD ABSURDUM  Повеќе од јасен е обидот за спинување на фактичката состојба

Новинарот треба да информира, а не да глуми адвокат

на 22. 08. 2016 | | sq

[Рецензија: СЈО без аргументи зошто Талески треба да остане во притвор]

  Овој  едностран и тенденциозен текст има цел да го обели образот на битолскиот градоначалник Владимир Талевски, против кого Специјалното јавно обвинителство има поведено предмет за бесплатниот школски превоз во општината со која раководи. Линк на оригиналниот  напис: СЈО без аргументи зошто Талески треба да остане во притвор Датум и време на објавување: 18.08.2016 Датум на рецензирање: 19.08.2016 Рецензент: Ана Анастасовска

 

А КАДЕ Е СТАВОТ НА ОБВИНИТЕЛИТЕ

Ваквата тенденција на написот се гледа уште на самиот почеток од текстот. „Во Советот на скопска Апелација денес се одржа седница на која се расправаше по жалбата на одбраната на градоначалникот на Битола Владимир Талески да му биде укинат домашниот притвор.

Безусловно тврдење – аргументи нула

на 22. 08. 2016 | | sq
[Рецензија: Сорос вгнезден на факултетите – Нов список на платеници во Србија] Убаво е кога некој друг ќе ви ја одработи работата да му оддадете признание, да го спомнете на некој начин, да се заблагодарите. Тоа е особено битно, професионално и фер постапка во новинарството, бидејки изворите во оваа професија се најважни. Во однос на оваа медиумска содржина, можеме само да претпоставиме дека овој текст, објавен некаде којзнае каде, е еден од серијата што се конструираат врз основа на наводната провала на мејл-преписката на фондацииите на милијардерот и филантроп Џорџ Сорос. Велиме „наводна“ зашто сега засега никој не потврди дека објавените содржини од преписката се автентични. Зашто, да бидеме чесни во професијата докрај, дури и кога се работи за шпекулации,

Провоцирачка вест без никаков извор

на 22. 08. 2016 | | sq

 

Напис: ФОТО/ВЕСТ Хасанбег: Народот во кал, Министрите на ДУИ ги посетуваат облечени во скапа облека!

Веќе четири дена штетите од поплавите може да се видат насекаде. Ова веќе стана нешто нормално за жителите кои немаат сила, а ни средства за да ги поправат штетите во поплавените населби на Скопје. Но, додека жителите се справуваат со оваа тешка состојба, нив ги посетуваат високи функционери на ДУИ облечени во облека која се смета за „брендирана“ и актуелно е најскапа на светските пазари, а последен во низата ова го направил и министерот за економија, Дритон Кучи, кој бил облечен во една блуза од брендот „Лакост“, која чини неколку стотици евра, нормално ако е оригинал./Алмакос  

[Рецензија: ФОТО/ВЕСТ Хасанбег: Народот во кал, Министрите

Ширење паника што сериозен блогер не би го направил

на 20. 08. 2016 | | sq
   

[Рецензија: Само што слушнав дека има над 100 погинати и дека се даваат пари на фамилиите за да преќутат]

Објавата, вака како што е поставена, не заслужува да се објави ниту во блог, а не, пак, во медиум. Чаршиските муабети не може да се користат како релевантни информации, особено не во медиум кој сака себеси да се прикаже како сериозен, професионален, влијателен и релевантен.     Линк до оригиналниот напис: Само што слушнав дека има над 100 погинати и дека се даваат пари на фамилиите за да преќутат Датум и време на објавување: 16.08.2016 Датум на рецензирање: 17.08.2016 Рецензент: Димитар Тануров   „РАДИО МИЛЕВА“ НА ИНТЕРНЕТ „Само што слушнав дека има над 100 погинати и дека се даваат

Коментарите не се дел од веста!

на 19. 08. 2016 | | sq

 

Напис: На опозицискиот совет не му се слушна гласот. Ни збор за Хасанбег?!

Поплавите што ги зафатија албанските населби, било во Скопје или Тетово, предизвикаа реакции кај многу политички актери, разни организации од земјава, од странство и други. Предизвикаа реакции кај многу соседни власти, Косово и Албанија, но и од функционери од Брисел, но не и од еден совет што се нарекува себеси Опозициски совет во Македонија. Од нив не само што не видовме да посетат и да видат што се случило во поплавените села и населби во албанските средини, но не најдоа време ни декларативно да речат два-три збора за оваа тешка трагедија што заврши со 20 жртви. Би рекле: Тие се активни само во организирање протести, но

Вест изгубена во регионот

на 19. 08. 2016 | | sq
   

[Реценција: ВИДЕО: Сите го видоа апсењето на педофилот Драган кој го измами мајка на негова жртва]

  На текстот што е предмет на оваа рецензија му недостигаат географски одредници и извори, односно информации за тоа каде се одвивал настанот и од каде се преземени информациите. Линк на оригиналниот напис: ВИДЕО: Сите го видоа апсењето на педофилот Драган кој го измами мајка на негова жртва Датум и време на објавување: 13.08.2016 Датум на рецензирање: 18.08.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

НЕДОСТИГААТ ГЕОГРАФСКА ОДРЕДНИЦА И ИЗВОРИ

Оваа вест е ставена во категоријата „Регион“, иако читајќи го насловот и написот не може да се добие таков впечаток. Насловот: „Сите го видоа апсењето на педофилот Драган кој го измами мајка на негова жртва“,

Наместо фото-вест, вулгарности, навреди и дискредитации

на 19. 08. 2016 | | sq
  Објавата што ја рецензираме е напис кој нема речиси ништо заедничко со новинарството, со правилата и со етичките стандарди. Јазикот што се користи е крајно вулгарен, информација нема, а содржината се состои од навреди и од дискредитации, пред сè за лидерот на владејачката партија и за „сопственикот“ на телевизијата „Канал 5“. Линк до оригиналниот напис: Трчка срцката по Грујо како газела, ах Емиле од петка кај ги наоѓаш бе вака вредни следачки и следачи маме да ти ебам  Датум и време на објавување: 14.08.2016 Датум на рецензирање: 17.08.2016 Рецензент: Димитар Тануров Насловот кој е ставен на писанието што е предмет на рецензијата е предолг и во него се изнесени коментар и пцости, но не и податок што ќе кореспондира

Злоупотреба на трагедијата за валкање на неистомислениците

на 18. 08. 2016 | |

[Рецензија: СДСМ не се откажува од обидите политички да профитира од туѓата несреќа]

  Првата реченица во  материјалот „Механизми за медиумско известување при Катедрата на УНЕСКО за медиуми, дијалог и заемно разбирање“, вели дека „треба да се избегнуват прилози кои можат да предизвикат атмосфера на сериозни тензии во политичките односи, кои промовират дискредитација, нетолеранција, дискриминација, негативна стереотипизација, прикриени или отворени повици на мобилизација, говор на омраза, амбивалентен приод“… Рецензираме непотпишан текст кој не почитува ништо од ова. Написот е тенденциозен, дискредитирачки, полн со популистички пароли, конструкции, невистини и со шпекулации. Линк до оригиналниот напис: СДСМ не се откажува од обидите политички да профитира од туѓата несреќа Датум и време на објавување: 16.08.2016, 14:23 Датум на рецензирање: 17.08.2016 Рецензент: Александар Писарев