verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Вест изгубена во регионот

on 19 - 08 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 

kurir

 

[Реценција: ВИДЕО: Сите го видоа апсењето на педофилот Драган кој го измами мајка на негова жртва]

 

На текстот што е предмет на оваа рецензија му недостигаат географски одредници и извори, односно информации за тоа каде се одвивал настанот и од каде се преземени информациите.

ВИДЕО Сите го видоа апсењето на педофилот Драган кој го измами мајка на негова жртва Kurir.mkЛинк на оригиналниот напис: ВИДЕО: Сите го видоа апсењето на педофилот Драган кој го измами мајка на негова жртва

Датум и време на објавување: 13.08.2016

Датум на рецензирање: 18.08.2016

Рецензент: Ана Анастасовска

 

НЕДОСТИГААТ ГЕОГРАФСКА ОДРЕДНИЦА И ИЗВОРИ

Оваа вест е ставена во категоријата „Регион“, иако читајќи го насловот и написот не може да се добие таков впечаток.

Насловот: „Сите го видоа апсењето на педофилот Драган кој го измами мајка на негова жртва“, не прецизира ништо, ниту од каде е педофилот ниту. пак, каде ги мамел своите жртви.

Читајќи го текстот подолу, исто така, не може да се добие таква информација. Дури на крајот од написот, каде е објавен видеозапис од неговото апсење, по логиката на она што се гледа, може да се сфати дека станува збор за вест од Србија.

Насловот намерно е така конструиран за да привлече поголемо внимание и кликнувања, односно не е прецизирано дека станува збор за вест од соседството, така што читателите лесно можат да помислат дека се работи за педофил од Македонија и брзаат да отворат, да не случајно е од нивниот град или маало.

Веста, исто така, не нуди конкретни информации, ниту има наведено извори и линкови од каде е преземена, што ја доведува во прашање нејзината веродостојност.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

комерцијална пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

селективно наведен автор (извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести