verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Наместо фото-вест, вулгарности, навреди и дискредитации

on 19 - 08 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Доказ-Грујо-Емил-Стајковци

 

Објавата што ја рецензираме е напис кој нема речиси ништо заедничко со новинарството, со правилата и со етичките стандарди. Јазикот што се користи е крајно вулгарен, информација нема, а содржината се состои од навреди и од дискредитации, пред сè за лидерот на владејачката партија и за „сопственикот“ на телевизијата „Канал 5“.

dokazЛинк до оригиналниот напис: Трчка срцката по Грујо како газела, ах Емиле од петка кај ги наоѓаш бе вака вредни следачки и следачи маме да ти ебам 

Датум и време на објавување: 14.08.2016

Датум на рецензирање: 17.08.2016

Рецензент: Димитар Тануров

Насловот кој е ставен на писанието што е предмет на рецензијата е предолг и во него се изнесени коментар и пцости, но не и податок што ќе кореспондира со содржината на објавата.

Според својата форма, објавеното би требало да претставува фото-вест, но наместо тоа, фотографиите се искористени за да се навредат претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и новинарите на телевизијата „Канал 5“. Во објавата, информации за поплавите нема ниту, пак, е наведено каде е направена фотографијата и кој е автор.

„Ова е ходечи куртон истражувачко новинарство на режимот, се мафтаат по цели денови да го снимаат вождот колку е тоа загрижен за жртвите и поплавите а уствари го заболе тоа главата режимска коцкеста. Го боли него за провизиите од панорамското тркало и барокот од милиони евра“.

Во самиот текст погрешно е употребен и терминот истражувачко новинарство. Во случајот, како што може да се забележи, станува збор за известување од терен – репортерство, а не за работење на некаква си ексклузивна новинарска сторија. Терминот е употребен за да се омаловажи работата на новинарите од телевизијата. Во неколкуте реченици од објавата изнесен е и коментар, кој не е никако поткрпен, што се коси со Кодексот на новинари.

Квазиинформацијата е објавена во категоријата „Живот“, но, без разлика, одредените стандарди во однос на јазикот на вестите мораат да бидат запазени. Користење на жаргони во одредени случаи е дозволено, за подобро да се пренесе одредена изјава или да се долови атмосферата, особено ако станува збор за информација од забавен карактер, но вулгарностите и пцостите во ниту еден случај не се дозволени.

Во написот може да забележи кршење на повеќе членови од Кодексот на новинари, од кои тука издвојуваме само неколку поочигледни:

Член 8
Начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми. Во судските постапки треба да се почитува принципот на пресумпција на невиност, да се известува за сите инволвирани страни во спорот и да не се сугерира пресуда.
Член 15
Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката. Неспојливо со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста.
Член 16
Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести