Рецензии

Презумција на невиност, што беше тоа?

на 16. 08. 2016 | |

[Рецензии: Бичиклиски има кривична и е осомничен за измама, но не се јавува на поканите на обвинителството]

  Текстот што е предмет на оваа рецензија е спорен во поглед на две работи. Прво, повреден е Законот за заштита на личните податоци и, второ, не е испочитувано правото на презумција на невиност. Написот е политички мотивиран и сугерира дека функционер на владејачката партија е кривично обвинет. Линк на оригиналниот напис: Бичиклиски има кривична и е осомничен за измама, но не се јавува на поканите на обвинителството Датум и време на објавување: 11.08.2016 Датум на рецензирање: 16.08.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

ОТКРИЕНИ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Во текстот е објавена наредба од судот за кривична пријава, без притоа да се заштитат личните податоци на

Кој тоа се осмелил да бара слобода?

на 16. 08. 2016 | |

[Рецензија: Додека илјадници граѓани доброволно им помагаат на поплавените граѓани, соросовите платеници лицемерно се веселат низ Македонија]

  Во пропагандистички стил, во манир на партиско соопштение, под маска дека информира, овој напис пренесува политички став за трибините во организација на невладината организација „Цивил“, кои се одвиваат во текот на август низ повеќе градови во Македонија. Иако е пласиран во форма на информација, написот нема врска со вистинско информирање, бидејќи од него читателот тешко може да разбере за што, всушност, станува збор. Линк до оригиналниот напис: Додека илјадници граѓани доброволно им помагаат на поплавените граѓани, соросовите платеници лицемерно се веселат низ Македонија Датум и време на објавување: 12.08.2016, 18:39 Датум на рецензирање: 15.08.2016 Рецензент: Југослава Дуковска  

НАВРЕДИ, ПОПУЛИСТИЧКИ ПАРОЛИ, ФЛОСКУЛИ…

Контроверзно новинарство: „Тешко на државата со невработените“

на 16. 08. 2016 | | sq

 

Напис: Повеќе од 200.000 „невработени бадијалџии“ не планираат да работат во Хасанбег?!

Скопје, 10 август – Во Македонија продолжува една чудна ситуација, при што повеќе од 200.000 лица се евидентирани во Агенцијата за вработување како невработени, но воопшто не преземаат ниедна конкретна иницијатива за да се ангажираат во последните поплави што се случија во Хасанбег (с. Сингелиќ – заб. на СПВ на македонски јазик) и во другите скопски села. Овие невработени лица се со години евидентирани во Агенцијата за вработување и уживаат многу права од државата. Добиваат помош од државата и имаат бесплатно здравствено осигурување. „Журнал“ прашува како е можно последниве денови, кога Општина Гази Баба бараше доброволци за чистење на населбите од последните поплави и за овие доброволци

Празно сензационално предупредување

на 15. 08. 2016 | |
   

[Рецензија: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Доаѓа пороен дожд, грмежи, силни електрични празнења и ветер]

Кога се известува за чувствителна тема како можен ризик од влошување на ситуацијата на лица погодени од елементарна непогода, нема место за сензационализам. Особено проблематично е што имаме текст кој се сведува на временска прогноза и не дава одговор на клучното прашање: ако повторно заврне, дали ќе има нови поплави?     Линк до оригиналниот напис: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Доаѓа пороен дожд, грмежи, силни електрични празнења и ветер Датум и време на објавување: 09.08.2016 – 19:03  Датум на рецензирање: 13.08.2016 Рецензент: Александар Пешев   ПРОМАШУВАЊЕ ОД НЕКОЛКУ АСПЕКТИ Имаме текст кој се базира на веќе очигледно промашена временска прогноза. Насловот, иако соодветен на остатокот од текстот, остава впечаток на

Од недоразбирање до манипулација

на 15. 08. 2016 | | sq

[Рецензии: КАДЕ БЕ СО ТОЈ ПАМЕТ: Рада се појави на парада, и им порача на мртовците „Немојте не станувајте, седете!“]

    Коментаторски, навредлив и обвинувачки текст без докази. Станува збор за најобично недоразбирање од кое во написот се прави манипулација и пропаганда. Написот (кој е преземен од друг медиум, но тоа не е соодветно атрибуирано) е полн со лични навреди кон заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска. Текстот, освен навредите, изнесува и неколку обвиненија за кои нема соодветна потврда или доказ дека се вистинити. Линк до оригиналниот напис: КАДЕ БЕ СО ТОЈ ПАМЕТ: Рада се појави на парада, и им порача на мртовците „Немојте не станувајте, седете!“ Датум и време на објавување: 11.08.2016 Датум на рецензирање: 13.08.2016 Рецензент: Симона Атанасова

Тенденциозни коментари и гласини камуфлирани како вест

на 15. 08. 2016 | | sq

\

Напис: Тахир, ти ли си? Фатмир… Фазли

Фотографиите се направени на основачкото собрание на најновата политичка иницијатива на „незадоволната“ тројка на ДУИ од Македонија, Фазли Велиу, Тахир Хани и Фатмир Лимани, со помош на нивните пријатели од илегалата. Иницијативата што доаѓа во едно бесмислено време и со бесмислени цели, поради тоа што овие личности се дел од партијата на власт ДУИ, а кои на политичката сцена во Македонија се познати по послушност кон партијата и адвокатура кон нивните лични интереси, иако во приватни средби со поранешните борци на ОНА и со Албанците иселеници идеалисти, се изразуваат поинаку. Како и да е, секој се бори за нешто, и овие тројца исто така. Набргу ќе почнат иницијативите за формирање на структурите

Анкета на тенок мраз

на 15. 08. 2016 | |

[Рецензија: Каде се сега браќата срби да донираат пакет вода и храна за настраданите семејства од поплавите?]

Многу, многу сомневања предизвикува оваа медимска содржина во однос на нејзината веродостојност. Како прво, кога се известува за катастрофи и за вонредни состојби, се користат секогаш официјални и овластени извори. Особено за теми како што е оваа, која ја зачнува овој текст. За тоа кој се вклучил на каков било начин во помош на настрадани граѓани, евиденција и точни информации имаат овластените и официјални институции. Во оваа медиумска содржина нема ниту еден таков извор. Тоа е базично недозволиво. Линк до оригиналниот напис: Каде се сега браќата срби да донираат пакет вода и храна за настраданите семејства од поплавите?      Датум и време на објавување:

Новинарство киднапирано од сензационализмот

на 15. 08. 2016 | | sq

 

 

 Напис: Киднапирани две деца во Гостивар! Дали станува опасен овој град во Македонија?

Гостивар, 3 август – 31-годишниот Ќ.Х. и 21-годишниот Ќ.Џ. од Гостивар во вторникот, околу 7.30 часот, киднапирале две деца на 15 и на 16-годишна возраст. Случајот се случил во планината над гостиварското село Врањовце, пренесува весникот „Лајм“. Едно од децата било врзано со јаже од страна на Ќ.Х., додека другото дете го држел Ќ.Џ. Случајот се случил поради тоа што тие ги обвинувале двете деца дека им ги украле нивните коњи. Исто така, на двете деца им упатиле закани по животот. Случајот бил пријавен во полиција, а против Ќ.Х. и Ќ.Џ. е поднесена кривична пријава. Инаку, граѓаните на Гостивар се жалат дека градот станал опасен за

Политичка парола има, информација нема!

на 15. 08. 2016 | | sq

[Рецензија: ВИДЕО:Зоран Заев , денес им оддржа лекција на напудрените министерчина и на Груевски како се помага во настраданите подрачја]

Актуелен настан, исклучителни околности во кои се случува, со актер кој е високопрофилна политичка фигура, а веста која им се соопштува на читателите – нула. Се работи за веста дека претседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Зоран Заев, ги посетил поплавените делови на Скопје, донел помош и дури се фатил и самиот да помага во некои од куќите кои ги посетил со својата делегација. Веста, со сите детали, ја пренесоа бројни медиуми во земјата, но, за разлика од нив, ова писание се состои само од една единствена реченица, која е всушност став, односно мислење и не ги содржи потребните елементи што сочинуваат

Анонимна „ѕвезда“ употребена за новинарско-политичко гранатирање

на 15. 08. 2016 | | sq
   

[Рецензија: ФОТО: Наместо да се солидаризираат, бистрат политика- ова е Јапонија после поплава]

    Текст темелен на „анонимка“. Некој нешто напишал за поплавите на социјалните мрежи и од тоа е креиран напис. Неразбирливо е како некому му се дава врвен легитимитет пред публиката, а притоа не се соопштува кој е тој т.н. авторитет.     Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Наместо да се солидаризираат, бистрат политика- ова е Јапонија после поплава  Датум и време на објавување: 09.08.2016 10:59  Датум на рецензирање: 11.08.2106  Рецензент: Владимир Мирчески   МЕДИУМСКА РЕЛАТИВИЗАЦИЈА Ова е производ со неколку „вродени мани“. Прва на листата е фактот дека станува збор за нечиј коментар на социјалните мрежи во врска со дебатата дали и како можела да се