verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Новинарот треба да информира, а не да глуми адвокат

on 22 - 08 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

kurir

[Рецензија: СЈО без аргументи зошто Талески треба да остане во притвор]

 

Овој  едностран и тенденциозен текст има цел да го обели образот на битолскиот градоначалник Владимир Талевски, против кого Специјалното јавно обвинителство има поведено предмет за бесплатниот школски превоз во општината со која раководи.

СЈО без аргументи зошто Талески треба да остане во притвор Kurir.mkЛинк на оригиналниот  напис: СЈО без аргументи зошто Талески треба да остане во притвор

Датум и време на објавување: 18.08.2016

Датум на рецензирање: 19.08.2016

Рецензент: Ана Анастасовска

 

А КАДЕ Е СТАВОТ НА ОБВИНИТЕЛИТЕ

Ваквата тенденција на написот се гледа уште на самиот почеток од текстот.

„Во Советот на скопска Апелација денес се одржа седница на која се расправаше по жалбата на одбраната на градоначалникот на Битола Владимир Талески да му биде укинат домашниот притвор. СЈО и денес повторно без архументи бараше продолжување на мерката“.

На читателот прво му се дава информација дека во скопскиот Апелациски суд се одржала седница на која се расправало по жалбата на одбраната на Талевски за домашниот притвор и веднаш потоа се напаѓа СЈО дека настапило без аргументи. Но, ваквото трвдење подолу во написот со ништо не е поткрепено.

„Одбраната на Талески потенцираше дека во изминатите 60 дена Специјалното јавно обвинителство не презело ниту едно истражно дејствие, откако тој е во домашен притвор. Сите дејствија СЈО ги има преземено претходно, а периодов надлежните обвинители си ги користат годишните одмори“.

Во написот има став само од одбраната на Талевски, но нема ниту една изјава од обвинителите. Нема наведено ништо од она со што тие настапиле.

„Специјалното јавно обвинителство и денес без аргументи бараше на Талески да не му се укинува притворот. Обвинителот Трајче Пеливанов не изнесе ниту еден контрааргумент на образоложението на одбраната што повторно јасно покажува дека сето ова е уште една политички мотивирана активност на Специјалното јавно обвинителство“.

Кој го констатира тоа дека обвинителот Трајче Пеливанов не изнел ниту еден контрааргумент на образложението на одбраната? Ова, очигледно, е самостојно толкување во написот, што во професионалното новинарство е недозволиво. Потребно е, покрај аргументите на одбраната, да се пренесат и оние на обвинителството, а потоа читателот сам ќе процени чии искази се поиздржани. Вака пренесен текстот звучи како одбрана на Талевски, а работа на новинарите не е да бранат ниту да напаѓаат некого, особено кога судската постапка сè уште трае, туку задача на новинарите е да информираат.

Со овој напис повредени се неколку членови од Кодексот на новинари.

Новинарите имаат улога да пренесуваат информации, идеи и мислења и право да коментираат. Почитувајќи ги етичките вредности и професионалните стандарди во пренесувањето на информациите, новинарите ќе бидат чесни, објективни и точни. (Принципи на однесување)
Начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми. Во судските постапки треба да се почитува принципот на презумција на невиност, да се известува за сите инволвирани страни во спорот и да не се сугерира пресуда. (Член 8)

 

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот. (Член 13)

Ова е непрофесионален, нагласено пристрасен  материјал кој се става во одбрана градоначалникот на Битола во судската постапка која се води против него. Написот повеќе личи на адвокатски говор, отколку на новинарски производ.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

2 извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести