verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Провоцирачка вест без никаков извор

on 22 - 08 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #256 - 'FOTO-LAJM_ Hasanbeg_ Populli në baltë, Ministrat e BDI-së shkojnë me veshje të shtrenjta! – Almakos_com' - www_almakos_com_foto-lajm-hasanbeg-populli-ne-balte-mini

 

Напис: ФОТО/ВЕСТ Хасанбег: Народот во кал, Министрите на ДУИ ги посетуваат облечени во скапа облека!

Веќе четири дена штетите од поплавите може да се видат насекаде. Ова веќе стана нешто нормално за жителите кои немаат сила, а ни средства за да ги поправат штетите во поплавените населби на Скопје.

Но, додека жителите се справуваат со оваа тешка состојба, нив ги посетуваат високи функционери на ДУИ облечени во облека која се смета за „брендирана“ и актуелно е најскапа на светските пазари, а последен во низата ова го направил и министерот за економија, Дритон Кучи, кој бил облечен во една блуза од брендот „Лакост“, која чини неколку стотици евра, нормално ако е оригинал./Алмакос

 

[Рецензија: ФОТО/ВЕСТ Хасанбег: Народот во кал, Министрите на ДУИ ги посетуваат облечени во скапа облека!]

 

Вистина е дека медиумите имаат свои уредувачки политики. Но, ова е еден поширок концепт на „политиката“, а поставувањето на медиумите покрај политичките партии и промовирањето на нивните политики или конфронтација со нивните политички противници, покажува дека тие медиуми не се способни да ги создадат нивните уреднички политики и да се позиционираат на медиумскиот пазар, а нивното постоење е можно само доколку се на страната на една одредена политичка сила.

 

[Recension: FOTO-LAJM/ Hasanbeg: Populli në baltë, Ministrat e BDI-së shkojnë me veshje të shtrenjta!]Линк до оригиналниот напис: ФОТО/ВЕСТ Хасанбег: Народот во кал, Министрите на ДУИ ги посетуваат облечени во скапа облека!

Датум и време на објавување: 11.08.2016

Датум на рецензирање: 13.08.2016

Рецензент: Агрон Врангала

Добар дел од порталите во нашата земја се поделени врз основа на нивната политичка ориентација. Ова е многу лесно забележливо, доволно е да се посетат нивните веб-страници и да се види една река од текстови што зборуваат „за“ и „против“ една политичка партија. Всушност, и двете опции се погрешни. Медиумите треба да ги имаат нивните политики во рамките на еден договор кој е печатот на медиумската активност: договорот со јавноста. Во ниеден случај не треба да се манипулира со јавната позиција што ја имаат медиумите. Тие ѝ зборуваат на една голема група луѓе, кои бараат од медиумите транспарентно и сеопфатно информирање, а не политичка пропаганда.

Првата реченица на конкретната вест е во ред, но потоа, ситуацијата се менува. Притоа се прават неколку констатации во врска со облеката на министрите што ги посетуваат жителите погодени од поплавите. Да се навлезе во анализа дали е или не е „брендирана“ облеката на министрите, е малку претерано, иако свечена облека за време на посетите на функционерите во места опфатени од природна катастрофа не е соодветна и може да предизвика реакции. Еве што пишува во содржината:

„Но, додека жителите се справуваат со оваа тешка состојба, нив ги посетуваат високи функционери на ДУИ облечени во облека која се смета за „брендирана“ и актуелно е најскапа на светските пазари, а последен во низата ова го направил и министерот за економија, Дритон Кучи, кој бил облечен во една блуза од брендот „Лакост“, која чини неколку стотици евра, нормално, ако е оригинал./Алмакос”

И ние, како една не толку богата категорија на општеството, успеваме понекогаш да облечеме „брендирана“ облека како што ја нарекува авторот, но ова не значи ништо. Значи, да се анализира од овој аспект и да се искористи наводно „незаситноста“ на министрите за купување скапа облека, не е најдобрата варијанта за да се критикуваат политичките функционери, особено кога станува збор за една блуза не толку необична, која и не чини „стотици евра“, колку што се тврди во текстот. Потоа, во текстот се нагласува дека „не се знае“ дали оваа блуза е оригинал или фалсификат, што уште повеќе ја зголемува неговата иронија.

Да не зборуваме за делот на обезбедување на изворите, изјавите или нешто друго, што сакаме ние или не, ги налага новинарството и професионалните правила. Изгледа ова е едно претерано барање за оваа вест, која е направена само за саркастични цели, но со недоволна креативност.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

Делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

Не

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести