verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Безусловно тврдење – аргументи нула

on 22 - 08 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 REPUBLIKA

[Рецензија: Сорос вгнезден на факултетите – Нов список на платеници во Србија]

Убаво е кога некој друг ќе ви ја одработи работата да му оддадете признание, да го спомнете на некој начин, да се заблагодарите. Тоа е особено битно, професионално и фер постапка во новинарството, бидејки изворите во оваа професија се најважни.

Во однос на оваа медиумска содржина, можеме само да претпоставиме дека овој текст, објавен некаде којзнае каде, е еден од серијата што се конструираат врз основа на наводната провала на мејл-преписката на фондацииите на милијардерот и филантроп Џорџ Сорос. Велиме „наводна“ зашто сега засега никој не потврди дека објавените содржини од преписката се автентични.

Зашто, да бидеме чесни во професијата докрај, дури и кога се работи за шпекулации, не докрај проверени и потврдени информации, новинарите не мора да бидат воздржани и да не пишуваат за така стекнатите информации. Но, она што мора да го направат е да напишат, да нагласат, да биде регистрирано, дека се работи за информации кои се добиени на еден таков начин.

08192016-Republika-Soros-SrЛинк до оригиналниот напис: Сорос вгнезден на факултетите – Нов список на платеници во Србија

Датум и време на објавување: 18.08.2016, 17:44

Датум на рецензирање: 19.08.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

НЕНАВЕДЕН ИЗВОР

Така е и во случајот на информацијата што ја рецензираме тука, а на предлог на читател на „Сервис за проверка на фактите од медиумите“.

Проверката кажува дека за овие информации нема наведено извор. Од каде се? Нема ниту линк, ако веќе текстот е преземен од некој друг портал, претпоставуваме од Србија, врз основа на кој ќе добиеме податок дека тој не е „роден“ како фикција во главите на неговите автори. Наведувањето на изворот ги заштитува новинарите од една ваква претпоставка.

Бидејки, кога немаме таков податок, внимателниот читател и рецензент може да се запрашаат: Дали наведените „факти“ во текстот се вистинити? Зошто не се вкрстени со другата страна за да добиеме потврда? Дали кога би биле вкрстени, би имале иста природа каква што имаат сега кога се изнесуваат еднострано? Зашто може да се покаже дека нема ништо спорно во поддршката на институциите и поединците кои добиле финансиска подршка од фондацијата на Сорос.

Но, еден збор ја оддава предумислата и намерата на оваа содржина – зборот „платеници“. Тој збор е во насловот и е поставен категорично – како коментар и безусловно тврдење.

За нешто такво нема доволно аргументи во овој текст. Отсуството на такви аргументи го прави политички пристрасен.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Не може да се утврди

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести