Рецензии

Има разлика меѓу 150.000 и два милиона евра

на 18. 08. 2016 | |

[Рецензија: За ЗНМ на Насер Селмани 200.000 евра за поплавените во Скопско 150.000 евра]

Текстот што е предмет на рецензија има цел да ја минимизира помошта што Европската Унија ја даде за поплавените подрачја и истата да ја претстави како незначителна. Притоа, не се земa предвид фактот што и во самиот текст официјалниот извор од Европската Унија наведува дека помошта не се состои само од наведената сума од 150.000 евра, туку дека „на 8 август е активиран механизмот на ЕУ за цивилна заштита што практично значи доброволна помош од земјите-членки како одговор на потребата од прва помош“. Како своевиден демант на овој текст, беше и изјавата на раководителот на одделот за соработка на Делегацијата на ЕУ во Македонија, Мартин Клауке,

Вирус во медиумската содржина

на 18. 08. 2016 | | sq
[Рецензија: Луксузниот џип во кој  се возеше Шеќеринска уништен на грчката граница] Да имаше пулс од срце на одговорно и професиоално новинарство, оваа медиумска содржина немаше го привлече внимателното око на рецензентите на „Сервисот за проверка на фактите од медиумите“. Наместо да биде и да остане непристрасна техничка информација за една сообраќајна несреќа, само со еден пасус оваа информација прекрши дури 4 членови од Кодексот на новинарите. Ќе почнеме со непочитувањето на принципот за информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки, кој налага известување ослободено од сензационализам (член 8 од Кодексот) Не порекнуваме дека во овој случај, бидејќи се работи за позната јавна личност како еден од учесниците во сообраќајката, интересот на јавноста е

Кога мртвите ќе воскреснат и ќе дадат изјава!

на 18. 08. 2016 | | sq

[Рецензии: Страшно пророштво на старецот Иларион – Ќе си ги продавате душите, а во светот ќе завладее ЗЛО]

  Написот e објавен во сосема несоодветна категорија, односно во „Свет“ и во „Регион“, каде се објавуваат актуелни информации од светската сцена. Информацијата не е целосно разработена, па поради тоа повеќе наликува на блоговска објава на теорија на заговор отколку на извадок од религиозно и филозофско писание. Линк до оригиналниот напис: Страшно пророштво на старецот Иларион – Ќе си ги продавате душите, а во светот ќе завладее ЗЛО Датум и време на објавување: 13.08. 2016 Датум на рецензирање: 16. 08. 2016 Рецензент: Димитар Тануров  

ЦРНИ ПРОГНОЗИ

„Старецот Иларион изрече застрашувачко пророштво за времињата кои доаѓаат, а кои како што вели ќе

Сексистичка повраќаница

на 17. 08. 2016 | |

[Рецензија: НЕКОЈ ПОМАГА НА ПОПЛАВЕНИТЕ, НЕКОЈ ВОДИ ЉУБОВ: Кој е човекот со кого Фатиме така интимно си шепоти?]

  Текстот е дискредитирачки, дискриминирачки и сексистички во однос на јавната обвинителка од Специјалното јавно обвинителство, Фатиме Фетаи. Во него се изнесуваат непоткрепени тврдења за приватниот живот на Фетаи,  што воопшто не е јавен интерес. Од интерес на граѓаните е работата на Специјалното јавно обвинителство, случаите и предметите по кои постапува, но не и приватниот живот на вработените. Насловот на текстот е тенденциозен, бидејќи тоа што Фетаи не беше снимена со камери како помага во поплавените подрачја, не значи дека истото не го сторилa. Но, дали помагала или не, е нејзина лична приватна одлука и не е работа за која граѓаните треба

Гумени чизми, лопати и камери!

на 17. 08. 2016 | | sq
 

[Рецензија: ФОТО: Трајановски деноноќно на терен им помага на настраданите во поплавите]

  Текст-реклама, кој без срам и перде е пласиран како информација значајна за јавноста, иако, всушност, станува збор за нешто што е важно само за партискиот маркетинг, а не и за публиката. „Сè може да биде вест, но не сè е значајно за да има вредност на вест. Новинарството е процес во кој репортерот користи верификација и раскажување за настанот да има значење на вест“, American press institute.  Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Трајановски деноноќно на терен им помага на настраданите во поплавите  Датум и време на објавување: 14.08.2016,  12:16  Датум на рецензирање: 16.08.2016 Рецензент: Владимир Мирчески  

РЕКЛАМЕН ТЕКСТ

Не запира спиралата на текстови од партискиот комуникациски

Создавање паника со нецелосни податоци

на 17. 08. 2016 | | sq
   

[Рецензија: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД РУСКИТЕ МЕДИУМИ: САД планираат хаос во Македонија, Србија и во Грција!]

Текстот има нафрлено информации и парафразирани изјави од аналитичари, кои никаде не се идентификувани ниту, пак, целосно се разработени нивните наводни тврдења. Вака претставени, изгледа дека текстот има само една цел – да предизвика паника.   Линк до оригиналниот напис: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД РУСКИТЕ МЕДИУМИ: САД планираат хаос во Македонија, Србија и во Грција!  Датум и време на објавување: 12.08. 2016 Датум на рецензирање: 15. 08. 2016 Рецензент: Димитар Тануров     Влезот на објавата најавува дека станува збор за анализа, која српскиот весник „Информер“ ја пренесува од руските медиуми. „’Турскиот тек’ е опасност за целиот Балкан и САД ќе бидат мирни само ако Атина,

Сензационализам од погреб

на 16. 08. 2016 | |
   

[Рецензија: Ти си се на мајка, ќе дојдам по тебе – одекнуваа на гробиштата лелеците на мајката на детето што се обеси]

  Во новинарските кругови постои поделеност околу тоа дали треба да се известува за самоубиства или не, имајќи го предвид јавниот интерес. Текстот што тука го имаме неоправдано оди чекор понатаму и отстапува од професионалните стандарди, со тоа што сензационално известува од погреб на малолетник, кој, наводно, се самоубил. Се добива впечаток дека се брка погребална кола за да се оствари читаност и гледаност, без никакво почитување на туѓата болка и жалост.
Линк до оригиналниот напис: Ти си се на мајка, ќе дојдам по тебе – одекнуваа на гробиштата лелеците на мајката на детето што се

Замена на тези скарана со логика: Опозицијата ем спие, ем парадира – истовремено

на 16. 08. 2016 | | sq

[Рецензија: Оливер Спасовски ја преспал оваа недела – СДСМ повторно парадира во кризните подрачја]

  Во ситуација кога лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, толку очигледно ја злоупотребува несреќата што ги снајде луѓето во населбите погодени од поплавите и од тоа прави хиперагресивна медиумска кампања, текстот што го рецензираме тоа ѝ го припишува на опозицијата. Крајно некоректно, тенденциозно и непрофесионално. Линк до оригиналниот напис: Оливер Спасовски ја преспал оваа недела – СДСМ повторно парадира во кризните подрачја Датум и време на објавување: 13.08.2016, 17:55 Датум на рецензирање:15.08.2016 Рецензент: Александар Писарев  

АМОРТИЗЕРИ НА СРАМОТ

За да се амортизира срамот и одговорноста на претседателот на владејачката партија, кој до максимум ја исполитизирал несреќата што ги снајде жителите на Стајковци и на другите

Од ваков текст – само штета

на 16. 08. 2016 | | sq

[Рецензија: Од зелените пазари се враќаме со кеси полни отрови – список на 12 најотровни намирници]

  Наловот на текстот што е предмет на рецензија ја дезинформира јавноста и шири паника меѓу граѓаните за квалитетот на овошјето и на зеленчукот што се продаваат на пазарите. Во него се вели дека на зелените пазари производите, наводно, се полни со отрови. Иако не е исклучена таквата можност, сепак текстот не нуди никакви докази во таа насока. Нема никаква изјава или став од страна на надлежна институција за контрола на квалитетот на храната, во случајот Инспекторат за земјоделство и Агенција за храна и ветеринарство, со што ќе се потврди или ќе се демантира ова тврдење. Притоа, нема наведено од каде се добиени податоците

Маалско озборување за политичко гребење

на 16. 08. 2016 | |
[Рецензија: ДОДЕКА НАРОДОТ ПОМАГА НА НАСТРАДАНИТЕ ВО ПОПЛАВАТА: Заев ужива во Струмица со згодни девојки и Аца Лукас (ФОТО)] Написот повеќе наликува на објава на блог, отколку на сериозен новинарски производ, имајќи предвид дека единствена цел му е да го дискредитира лидерот на опозицијата, Зоран Заев.     Линк до оригиналниот напис: ДОДЕКА НАРОДОТ ПОМАГА НА НАСТРАДАНИТЕ ВО ПОПЛАВАТА: Заев ужива во Струмица со згодни девојки и Аца Лукас (ФОТО) Датум и време на објавување: 13.07. 2016 Датум на рецензирање: 15. 08. 2016 Рецензент: Димитар Тануров   ЗАТАЛКАН КОМЕНТАР
Насловот на текстот најавува дека станува збор за коментар, а не за вест. Сепак, гледајќи дека написот е објавен во категоријата „Македонија“, сугерира дека станува збор за вест. Имајќи предвид дека,