verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сензационализам од погреб

on 16 - 08 - 2016       

 

Sitel za obesenoto momce

 

[Рецензија: Ти си се на мајка, ќе дојдам по тебе – одекнуваа на гробиштата лелеците на мајката на детето што се обеси]

 

Во новинарските кругови постои поделеност околу тоа дали треба да се известува за самоубиства или не, имајќи го предвид јавниот интерес. Текстот што тука го имаме неоправдано оди чекор понатаму и отстапува од професионалните стандарди, со тоа што сензационално известува од погреб на малолетник, кој, наводно, се самоубил. Се добива впечаток дека се брка погребална кола за да се оствари читаност и гледаност, без никакво почитување на туѓата болка и жалост.


Ти си се на мајка ќе дојдам по тебе одекнуваа на гробиштата лелеците на мајката на детето што се обеси Сител ТелевизијаЛинк до оригиналниот напис:
 Ти си се на мајка, ќе дојдам по тебе – одекнуваа на гробиштата лелеците на мајката на детето што се обеси

Датум и време на објавување: 13.08.2016

Датум на рецензирање: 14.08.2016

Рецензент: Александар Пешев

 

ЈАВНИОТ ИНТЕРЕС ОТСУСТВУВА

Некои работи не се за пред камери или за во текст. Известување од погреб во речиси сите случаи е неоправдано, бидејќи деталите од туѓата болка и жалост на ниту еден начин не се од јавен интерес.

Новинарот ќе ја почитува приватноста на личноста, освен кога тоа е во спротивност со јавниот интерес. Новинарот е должен да ги почитува личната болка и жалост – член 7 од Кодексот на новинари на РМ.

Во овој случај имаме грубо прекршување на ова професионално начело.

„-Среќо мајкина! Сине мој, мајкина сило, гордост и надеж! Ти си се на мајка. Јас не можам без тебе, ќе дојде мајка – лелекаше неутешната мајка“.

Во најмала мера, ваквиот начин на известување е невкусен, непрофесионален и несоодветен. Главното прашање кое се изведува од објавата е зошто е потребно да се известува токму за погребот на малолетник, кој, наводно, се самоубил? Кој дел од текстот е релевантен за публиката?

„Бабата Добрила вели дека таа не може да го дочека новото утро без поздравот на Милан: „Добро утро бабо“.“

Евидентно е дека имаме сензационализам врз гробот на дете. Самоубиствата се чувствителни теми и известувањето за нив е оправдано во многу ретки случаи, меѓу кои:

  • Надлежните институции регистрираат зголемен број самоубиства во одредена возрасна група, па оттука постои и причина за загриженост и потребно е да се известува за проблемите;
  • Доколку постојат системски недостатоци кои предизвикуваат самоубиства меѓу припадници на одредена група;
  • Доколку самоубиството е под сомнителни околности и на некој начин е поврзано со истрага од јавен интерес;
  • Доколку се самубие јавна личност или вршител на општествено значајна функција.

Во овие и слични инстанци, повторно важи професионалното начело за почитување на личната болка и жалост, наспроти овој напис кој остава впечаток на „јадица за кликови“:

„Учениците, пак беа разочарани што се појавија само неколку учители и наставници од училиштето. -Милан беше одличен другар и многу активен во училишниот оркестар, токму и се подготвувавме, вели низ солзи неговиот другар.“

Сѐ на сѐ, имаме невкусна непрофесионална објава која грубо ја нарушува приватноста на семејство и на блиски кои патат. Во подигнувањето на нивото на медиумска култура и писменост важно е да се напомене дека улога на кој било медиум не е да драматизира семејни трагедии.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести