verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Има разлика меѓу 150.000 и два милиона евра

on 18 - 08 - 2016       

dnevnik 1

[Рецензија: За ЗНМ на Насер Селмани 200.000 евра за поплавените во Скопско 150.000 евра]

Текстот што е предмет на рецензија има цел да ја минимизира помошта што Европската Унија ја даде за поплавените подрачја и истата да ја претстави како незначителна. Притоа, не се земa предвид фактот што и во самиот текст официјалниот извор од Европската Унија наведува дека помошта не се состои само од наведената сума од 150.000 евра, туку дека „на 8 август е активиран механизмот на ЕУ за цивилна заштита што практично значи доброволна помош од земјите-членки како одговор на потребата од прва помош“. Како своевиден демант на овој текст, беше и изјавата на раководителот на одделот за соработка на Делегацијата на ЕУ во Македонија, Мартин Клауке, кој истакна дека

„Во однос на износот што ЕУ го издвои за поплавените, ова е првична помош, која е наменета за Црвениот крст за итно справување со кризата. Тој истакна дека благодарение на ЕУ, досега се обезбедени околу два милиони евра и тоа од земјите членки на Унијата и оти по проценката, ако е потребно ќе бидат доделени дополнителни средства“.

DnevnikЛинк до оригиналниот наслов: За ЗНМ на Насер Селмани 200.000 евра за поплавените во Скопско 150.000 евра

Датум и време на објавување: 16.08.2016

Датум на рецензија: 18.08.2016

Рецензент: Силвана Жежова

 

МИНИМИЗИРАЊЕ

За да се претстави колку мала сума  одвоила ЕУ, во текстот се прават споредби колку секоја држава донирала поединечно, но, исто така, се наведува дека „сумата е помала од парите што е ЕУ ги дава за одредени проекти во земјата“. Ваквата споредба е несоодветна од причина што издвојувањето на помошта од земјите-членки на ЕУ следуваше откако ЕУ го активираше механизмот за доброволна помош.

„Хуманитарната помош во висина од 150.000 евра, која минатата недела беше најавена од страна на Европската комисија, е значително помала од помошта што стасува од одредени земји-членки на Европската Унија, така и од земјите што се надвор од оваа заедница. Помошта за една од најголемите катастрофи што ја зафатила главниот град на нашата држава дури е помала од парите што е ЕУ ги дава за одредени проекти во земјата“.

Понатаму, во текстот се споменува и Здружението на новинарите на Македонија, за кое е наведено дека само за проект добило 200.000 евра и ваквата информација се споменува за да се засили впечатокот дека сумата издвоена од ЕУ за поплавените е мала. Останува непознато зошто токму овој пример е земен за споредба.

„Истовремено пред неколку месеци ЕУ, само на Здружението на новинарите на Македонија му даде грант во висина од 200.000 евра за спроведување проект за зајакнување на солидарностамеѓу новинарите. Овие пари, според договорот што во мај годинава го потпишаа Насер Селмани, претседател на ЗНМ и тогашниот претставник на ЕУ во Македонија, Аиво Орав ќе се трошат наредните три години“.

Проект од областа на новинарството и првична, интервентна, итна помош при елементарна непогода се две сосема различни работи кои не можат да се споредуваат. Врз основа на што е направена споредбата? Врз основа на кои критериуми едните средства се малку, а другите се многу? Особено зашто проектот на ЗНМ, чиј износ за имплементација е спомнат во написот, треба да трае цели 4 години, има редица компоненти, голем број акционери и треба да воведе повисоки стандарди во новинарската проефсија, а вклучен е надворешен партнер.

Сериозен проблем во написот претставува и насловната конструкција „ЗНМ на Насер Селмани…“ Здружението на новинари на Македонија е најстара новинарска еснафска организација во земјава и таа не е на актуелниот претседател, ниту на кој било претседател претходен или иден. Таа е организација на новинарите и ничија друга. Нејзиниот претседател Насер Селмани е избран со мнозинство гласови на собранието на организацијата и тоа на двапати во два мандати. Сето ова значи дека тој ја има поддршката на членството. Имајќи го ова предвид, крајно тенденциозно е да се напише „ЗНМ на Насер Селмани…“ во ситуација кога здружението има повеќе од 450 рамноправни членови.

Имајќи го предвид односот на текстот кон ЕУ, како и постојаните критики врз ЕУ, претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, реагирајќи на написот, меѓу другото праша: „ако началниците постојано бараат непријатели во ЕУ, тогаш зошто бараат помош од нивните непријатели?“

Текстот што е предмет на рецензија е тенденциозен со интенција да ги претстави наводните двојни аршини на Европската Унија кога доделува помош, што се гледа и од наднасловот кој гласи „Широката рака на Брисел“. Иако, во текстот постои информација која вели дека оваа помош нема да биде единствената, што подоцна беше потврдено и од официјалните лица на ЕУ во државата, сепак, текстот се тера во насока дека помошта е премала. Наспроти пишувањата дека помошта од ЕУ е 150.000 евра, според раководителот на одделот за соработка на Делегацијата на ЕУ во Македонија, Мартин Клауке, таа досега изнесува два милиона евра.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

2 извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести