verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Кога мртвите ќе воскреснат и ќе дадат изјава!

on 18 - 08 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

reporter

[Рецензии: Страшно пророштво на старецот Иларион – Ќе си ги продавате душите, а во светот ќе завладее ЗЛО]

 

Написот e објавен во сосема несоодветна категорија, односно во „Свет“ и во „Регион“, каде се објавуваат актуелни информации од светската сцена. Информацијата не е целосно разработена, па поради тоа повеќе наликува на блоговска објава на теорија на заговор отколку на извадок од религиозно и филозофско писание.

Страшно пророштво на старецот Иларион Ќе си ги продавате душите а во светот ќе завладее ЗЛО Reporter.mkЛинк до оригиналниот напис: Страшно пророштво на старецот Иларион – Ќе си ги продавате душите, а во светот ќе завладее ЗЛО

Датум и време на објавување: 13.08. 2016

Датум на рецензирање: 16. 08. 2016

Рецензент: Димитар Тануров

 

ЦРНИ ПРОГНОЗИ

„Старецот Иларион изрече застрашувачко пророштво за времињата кои доаѓаат, а кои како што вели ќе биде незамисливо тешко“.

Главата на веста е сосема нејасна, не се изнесува кој е старецот Иларион, а според конструкцијата на реченицата и временската форма, се добива впечаток дека изјавата е дадена сега и тоа лично на самиот новинар.

Во остатокот од текстот се пренесува изјава на лицето која, имајќи ја предвид временската одредница, наликува на изјава на нов самопрогласен месија кој дава црни прогнози за иднината на човештвото.

Написот не ги исполнува новинарските стандарди кои наметнуваат во главата на веста да се одговорат главните прашања: што, кој, кога, каде, зошто и како. Без да се одговори на овие прашања, не може да се добие целосна претстава. Во конкретниот случај, со необјаснување кој е старецот Иларион, кога и каде го рекол изнесеното, како и со користење на несоодветно време во речениците, се создава сосема погрешна претстава. Всушност, станува збор за Старецот Иларион Аргату (1913-2006), кој се смета за еден од современите романски духовници, кој преку беседи ја пророкува душевната состојба на денешницата и последиците од неа. Токму овој извадок од неговите беседи е преведен од старогрчки и објавен во мај годинава на религиската веб-страница „Амвон“.

Ваквиот начин на информирање, со испуштање важни информации, е карактеристичен за спинување или за собирање кликнувања. Во овој случај, очигледно дека преку премолчување податоци се обидува да се привлече вниманието на читателската публика за да ја отвори објавата. Таквиот начин на информирање може да биде контрапродуктивен, особено зашто кај читателите создава чувство на измаменост и недоверба во медиумот.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

комерцијална пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести