verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Вирус во медиумската содржина

on 18 - 08 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

puls 24

[Рецензија: Луксузниот џип во кој  се возеше Шеќеринска уништен на грчката граница]

Да имаше пулс од срце на одговорно и професиоално новинарство, оваа медиумска содржина немаше го привлече внимателното око на рецензентите на „Сервисот за проверка на фактите од медиумите“. Наместо да биде и да остане непристрасна техничка информација за една сообраќајна несреќа, само со еден пасус оваа информација прекрши дури 4 членови од Кодексот на новинарите.

Ќе почнеме со непочитувањето на принципот за информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки, кој налага известување ослободено од сензационализам (член 8 од Кодексот)

Не порекнуваме дека во овој случај, бидејќи се работи за позната јавна личност како еден од учесниците во сообраќајката, интересот на јавноста е подигнат на повисок степен, но тоа не е причина за да се политизира настанот и да му се дава нота на политички „отстрел“.

08172016-Puls24-Dzip-SekerkЛинк до оригиналниот напис: Луксузниот џип во кој се возеше Шеќеринска уништен на грчката граница

Датум и време на објавување: 17.08.2016, 12:21

Датум на рецензирање: 18.08.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

ИСПОЛИТИЗИРАНА СООБРАЌАЈКА

Последниот пасус на информацијата е вирусот во оваа сторија и тој го нарушува стандардот дека „новинарите треба да прават разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот“ (член 13 од Кодексот).

Полнежот на тој вирус го повлекува третото прекршување на новинарскиот Кодекс кој нагласува:

Известувањето од политичките процеси, особено од изборите, треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.

Новинарскиот збор, пак, овде употребен како „оружје“ за политичка дискредитација е во спротивност со членот 16 од Кодексот, кој на новинарите им наложува да го чуваат угледот и достоинството на својата професија и да не го употребуваат својот медиум за пресметка со личности.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

релевантни, нерелевантни

не може да се утврди

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести