verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Маалско озборување за политичко гребење

on 16 - 08 - 2016       

Telegraf za Zaev

[Рецензија: ДОДЕКА НАРОДОТ ПОМАГА НА НАСТРАДАНИТЕ ВО ПОПЛАВАТА: Заев ужива во Струмица со згодни девојки и Аца Лукас (ФОТО)]

Написот повеќе наликува на објава на блог, отколку на сериозен новинарски производ, имајќи предвид дека единствена цел му е да го дискредитира лидерот на опозицијата, Зоран Заев.

 

 

telegrafЛинк до оригиналниот напис: ДОДЕКА НАРОДОТ ПОМАГА НА НАСТРАДАНИТЕ ВО ПОПЛАВАТА: Заев ужива во Струмица со згодни девојки и Аца Лукас (ФОТО)

Датум и време на објавување: 13.07. 2016

Датум на рецензирање: 15. 08. 2016

Рецензент: Димитар Тануров

 

ЗАТАЛКАН КОМЕНТАР

Насловот на текстот најавува дека станува збор за коментар, а не за вест. Сепак, гледајќи дека написот е објавен во категоријата „Македонија“, сугерира дека станува збор за вест. Имајќи предвид дека, според новинарските стандарди, веста е пренесување информации, без нивно коментирање, од читањето станува сосема јасно дека овој текст не спаѓа во оваа категорија.

„Наместо да помогне на настраданите во поплавата во скопскиот регион, Зоран Заев во Струмица се релаксира во друштво со српски фолк ѕвезди и атрактивни струмичанки во познатите кафулиња во градот“.

Написот не е потпишан од автор, туку во потпис е ставен медиумот, што можеби делумно алудира дека станува збор за редакциски став, но никаде во написот тоа не е наведено.

Целиот текст повеќе наликува на озборување во маало, почнувајќи од податоците каде и со кого бил Заев, а тоа најдобро може да се забележи од во следните реченици: „Нему очигледно поголем приоритет му е забавата додека волонтерите и службените лица на терен се справуваат со штетите од катастрофалните поплави. Заев во друштво на млади струмичанки се релаксираше од напорните ноќни журки во Струмица и дружењето со Аца Лукас“.

Во написот воопшто не се споменува дека Заев донираше финансиски средства за настраданите ниту, пак, оти испратил механизација и луѓе од Општина Струмица за справување со поплавите. Овие податоци се изоставени за да се оцрни лидерот на опозицијата.

Следниот обид за напад на лидерот на опозицијата е поврзан со претходно закажан концерт на српскиот пејач Аца Лукас. Во написот се наведува дека сите општини ги откажале манифестациите за да им помогнат на поплавените, но никаде не се наведува дека во Охрид се одржуваат културни настани, кои се дел од „Охридско лето“, како и фестивалот „Охрид колинг“. Сепак, станува збор за претходно закажани манифестации. Манифестациите се откажуваат или поместуваат само во денови на жалост.

 

„ФАЌАЊЕ“ ЗА ПРОТЕСТ ШТО НЕ Е ОРГАНИЗИРАН ОД ЗАЕВ

Во последните два пасуса се прави спин дека лидерот на опозицијата веднаш по поплавата се обидел да организира насилни протести. Податокот е невистинит, имајќи предвид дека протестот, кој беше откажан, беше најавен од граѓанското движење „Плоштад Македонија“. Исто така, се наведува дека СДСМ и Сорос се обидуваат да предизвикаат инциденти, а и со формулациите „фрик шоу“ се обидува да предизвика гнев и омраза кај читателите.

Написот се коси со новинарските стандарди, кај кои постои јасна дефиниција што е вест, а што е коментар и како тие се пишуваат. Истовремено, во објавата има кршење на неколку члена од Кодексот на новинари:

Член 1.
Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.

Член 10
Новинарот нема свесно да создава ниту да преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и на дискриминација по која било основа.

Член 13
Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.

Член 15
Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката. Неспојливо со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста.

Член 16
Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести