verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Ширење паника што сериозен блогер не би го направил

on 20 - 08 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 

Народен глас шпекулации за загинати

 

[Рецензија: Само што слушнав дека има над 100 погинати и дека се даваат пари на фамилиите за да преќутат]

Објавата, вака како што е поставена, не заслужува да се објави ниту во блог, а не, пак, во медиум. Чаршиските муабети не може да се користат како релевантни информации, особено не во медиум кој сака себеси да се прикаже како сериозен, професионален, влијателен и релевантен.

 

 

Народен ГласЛинк до оригиналниот напис: Само што слушнав дека има над 100 погинати и дека се даваат пари на фамилиите за да преќутат

Датум и време на објавување: 16.08.2016

Датум на рецензирање: 17.08.2016

Рецензент: Димитар Тануров

 

„РАДИО МИЛЕВА“ НА ИНТЕРНЕТ

„Само што слушнав дека има над 100 погинати и дека се даваат пари на фамилиите за да преќутат. Ако е навистина така, треба да се гонат кривично не само тие што даваат пари да се прикрие вистината туку и тие што зеле пари и профитирале од смртта на нивните најблиски. Впрочем, тие истите и ги утепаа тие луѓе за гајба зејтин или вреќа брашно години унапред“.

Написот е објавен во рубриката „Вести“, а категорија „Фејсбук и Твитер“. Имајќи ја предвид главната рубрика, се очекува да биде сериозен напис, но, сепак, во неа е пренесена објава на социјалната мрежа „Фејсбук“ на јавна личност. Работите кои се изнесени на социјалните мрежи, особено од лица кои не се носители на функции, не може да се сметаат за релевантни извори на информации.

Имајќи предвид дека во статусот нема никакви факти кои би ја потврдиле вистинитоста на изнесеното, информациите не може да се пренесуваат по принципот „копи-пејст“. Дури и пред да се објават на блог, ваквите информации се проверуваат педантно.

 

ФАКТИ БЕЗ ЛОГИКА

Истовремено, според наводната информација, бројот на жртвите е премногу голем за да може некако да се прикрие, па дури и со поткупување. Сепак, жртвите, покрај семејствата, имаат пријатели, колеги кои сигурно ќе ја рашират приказната… Целата објава изгледда како ширење теорија на заговор, а не како сериозна информација.

Ваквата објава само шири дезинформации и паника кај населението, а главната цел е да собира кликнувања.

Објавата се коси со неколку членови на Кодексот на новинари:

Член 1:
Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што се од јавен интерес. Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.

Член 2.
Ако новинарот е спречен да дојде до бараната информација има право за тоа да ја информира јавноста.

Член 8
Начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми.

Член 13
Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

не апликативно

има контекстуални линкови

стилски уреден

Претплатете се за најнови вести