Една слика, сепак, не е илјада зборови
Објавено во Рецензии
on 22 - 08 - 2016 Автор: Силвана Жежова
[Рецензија: ФОТО: Изби вода под Археолошкиот музеј]
Текстот ја дезинформира јавноста дека под Археолошкиот музеј избила вода. Информацијата не е точна бидејќи оваа институција демантираше дека се поплавила, односно оти станувало збор за чистење на музејот. Материјалот што е предмет на рецензија се базира само на фотографии. Иако станува збор за текст кој многу медиуми го пренесоа, задача на новинарот е да ја провери информацијата за поплавата, односно да се земе изјава од институцијата за која се пишува.
Овој текст е уште еден пример како медиумите функционираат при пренесување на текстови, сите се „лепат“ еден на друг, без притоа да се провери она за што се пишува (пренесува).
Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Изби вода под Археолошкиот музеј
Датум и време на објавување: 17.08.2016 – 16:07
Датум на рецензирање: 19.08.2016
Рецензент: Силвана Жежова
Освен фотографиите, единствен извор во овој текст се лицата што ја чистеле водата од музејот, кои се анонимни во текстот, за кои и воопшто не се знае дали навистина дале некаква изјава, бидејќи не се споменуваат со име и со презиме.
Официјален, односно релевантен фактор за проверка на информацијата е првиот човек на институцијата. Во демантот до медиумите директорката Весела Честоева за акцијата вели дека била рутинско чистење со црево кое еднаш месечно го практикуваат вработените во музејот.
„Како што известува граѓанскиот новинар, жените кои ја метеле насобрната вода, во меѓусебен разговор, се жалеле дека и покрај тоа што чистење на просторот на влезот пред музејот не е нивна надлежност, сепак, единствено тие биле ангажирани околку тоа, а надредените седеле во своите канцеларии“.
При поплава или пожар во институција има одредени правила на однесување за да не се загрози безбедноста на вработените. Тие сигурно не подразбираат претпоставените да седат во своите канцеларии. Кога во 2013 година Археолошкиот музеј се поплави, водата се извлекуваше со пумпи, а не со метли. Сликата уште еднаш можела да биде повод да се испита фактичката ситуацијата на терен.
Да било така како што стои во текстот, сигурно немало да биде првпат објектите кои се покрај Вардар во строгиот центар на Скопје да се поплават. Тоа, според експертите, се случува кога е зголемен водениот тек на Вардар, но и поради тоа што самите објекти „лежат“ на вода. Но, за каква било информација за поплава, најпрво се проверува засегнатата институција, наместо информацијата да се базира само на слики.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
не може да се утврди точноста на наводите
неверодостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
анонимни
нерелевантни,
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
лажни информации
не аплиактивно
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
целосна копија
ненаведен автор, наведен извор со линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
соодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
има контекстуални линкови
стилски уреден
неповрзан со тагови