verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Потпирање на еден извор е доволно само за мелодрама

on 29 - 08 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Matej - Ohridsky

[Рецензија: На Матеј му треба нашата помош, треба да се лекува во Словенија]

 

 

Секогаш е тешко да се зборува или пишува за туѓите несреќи, особено кога се однесуваат на здравјето на деца. Такви стории има сè почeсто во весниците и во другите медиуми и тие, главно, се придружени со слики од луѓе на кои им треба, по правило, скапа медицинска помош.

И сторијата што е предмет на опсервација е таква и навидум по ништо не се разликува од сличните кои, како што веќе наведовме, ги има сè повеќе и повеќе. Сепак, дали тој факт не е повод на редакциските состаноци некој да помисли дека можеби нешто треба да се промени во начинот за известување за ваквите случаи и тие вести да станат поефикасни?

 

 

FireShot Capture 24 - На Матеј му треба нашата помошЛинк до оригиналниот напис: На Матеј му треба нашата помош, треба да се лекува во Словенија

Датум и време на објавување: 19.08.2016

Датум на рецензирање: 25.08.2016

Рецензент: Љубомир Костовски

 

ПРОДАВАЊЕ „БУБРЕЗИ“

„Приказната за малиот Матеј Стоилов од Делчево (4,5 години) чијшто татко сака да го продаде бубрегот за да го лекува својот син повторно се актуелизира, бидејќи на детето му треба помош.

Матеј боледува од повеќе болести како умерен ментален хендикеп, аутизам, мизијална темпорална склероза.

Лековите кои ги прима се од Германија и Италија и се доста скапи што семејството ги чини 250 евра и плус плаќање на логопед, дефектолог, правење на снимки и слично.

Таткото на Матеј, Кирчо вели дека го продава својот бубрег, бидејќи се сиромашно семејство и немаат пари за лекување“.

Овој текст заедно со фотографијата која е дел од прилогот, несомнено има доста мелодрамски елементи и можеби зад тоа стои – освен намерата на овој начин да се соберат што повеќе средства за заболеното лице, што не може да се исклучи – обид жанрот мелодрама да биде и дел од привлекувањето читатели?!

Суштината е дека во јавноста бргу се заборави, а во таа деменција медиумите притоа како да помогнаа, случајот со малечката Тамара Димовска од Велес (почина на 9 февруари 2015 година). Тој трагичен редослед на настани кој заврши со смрт на девојче на кое можеше да му се помогне, имаше пораки кои исчезнаа од насловните страници на весниците и најавите во електронските медиуми…

Имено, надлежните органи во земјава, а особено оние од областа на здравството (Министерството за здравство, ФЗОМ и други) се тие кои ја имаат својата директна одговорност за оние лекувања кои мораат да бидат вршени во странство, а кои – и токму поради тоа – се скапи за најголем дел од семејствата во земјата. Дали ќе се формира некаков посебен фонд на државно ниво, каде би влегувале и донациите или државата ќе го зголеми здравствениот буџет, како можни опции – за тоа земјава си има свои надлежни органи – кои и овојпат, како и во многу други слични прилози, не се ни споменуваат. На тој начин тие епизоди на нашата секојдневна тегобност, наместо да ја имаат во себе реалната општествена ангажираност, се претвораат во некоја форма на молење за донации, упатено само кон поединци и фирми. И баш поради тоа оние кои земаат плата и имаат одговорност за да излезат во пресрет во ваквите случаи, како во случајов, се амнестирани од својот дел на обврските кои ги имаат по „дифолт“ со работните места на кои седат.

 

НОВИНАРИ ИЛИ ТЕЛАЛИ?

Да не говориме дека во ваквите апели за помош и нема детали зад кои би стоеле цврсти стручни извори, што е сепак важно, кога веќе се става во текстот и жиро-сметка, бидејќи тоа се релации кон јавноста кои претпоставуваат дека стручната оценка е некаков гарант за замолницата! Од новинарски аспект, тоа значи дека немаме доволно извори за да имаме вест, како и да се нарече овој прилог.

Во рамки на прилогот, секако треба да стои информација кај кои надлежни органи се обратиле родителите на заболеното дете, дали биле одбиени, со кое образложение и слично. На тој начин  би се видело дали здравствените и солдирани фондови си ја извршиле својата работа, за најпрвин тие да бидат растоварени од евентуална вина. Дури тогаш прилогот може да се смета за заокружен, од аспект на потпирањето на повеќе извори.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

анонимни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

Напис со некаква дијаметралност во фактите, само ги нема доволно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

Пресугестивна и мелодрамска

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести