verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Кој се плаши од Сорос лош, три за грош….

on 29 - 08 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Pres 24 - 29 avgust

[Рецензија: Нов план за бегство од избори – СДСМ инсистира СОРОС да го води ад-хок телото за медиуми]

 

 

Многу произволности, а малку вистински факти. Многу спин, а отсуство на именувани извори. Многу мешање „лончиња“, а недоволно аргументирање на тезите. Текст со многу недостатоци, кои морале да бидат отстранети пред тој да биде објавен.


1111Линк до оригиналниот напис: Нов план за бегство од избори – СДСМ инсистира СОРОС да го води ад-хок телото за медиуми

 Датум и време на објавување: 24.08.2016 – 18:35

 Датум на рецензирање: 26.08.2016

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

 

КОЈ СЕ ПЛАШИ ОД „СОРОС-ОТ“ ЛОШ, ТРИ ЗА ГРОШ…?

Повторно „тешка“ приказна за СДСМ, за Сорос, за нивните меѓусебни врски, интереси, интриги итн…. Прашањето е што оваа приказна има зад себе како факти и аргументи за да ги поткрепи сериозните тези, но и обвинувања? По читањето на написот, одговорот сам си доаѓа – малку се на број веродостојните елементи што ги нуди овој материјал. Да, евидентни се неколку факти кои, за жал, се засенети од многуте непроверени информации, односно шпекулации.

„СДСМ инсистира СОРОС да раководи со ад-хок телото во Агенцијата за медиуми. СДСМ до сега ги предложи Горан Трпеновски кој долги години беше новинар на Вест и соросовиот активист Љубомор Костовски. Сега опозицијата во ад хок телото за медиуми инсистира да влезе и Сефер Тахири, еден од оние кои редовно се дел од проектите финансирани од СОРОС“.

„Активист е лице кое се залага за некаков вид на социјална промена“ – вели интеренет-пребарувањето.

Но, што навистина е Соросов активист не може да се утврди! Ако веќе се бележат одредени личности како наводно блиски до оваа „озлогласена“ фондација, тогаш за тоа требало да се приложат и некакви релевантни докази или барем издржани медиумски написи што тоа би го потврдиле. Во спротивно, излегува дека само станува збор за празни обвинувања против двајца докажани новинари и луѓе кои навистина ги разбираат медиумската проблематика и мас-комуникциските системи.

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.

Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.

Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно, вели член 1 од Кодексот на новинари.

 

ТАИНСТВЕНОСТ БЕЗ ПОТКРЕПА

Во целиот тек на написот се забележува нишка таинственост, поточно секогаш кога треба да се „поткрепи“ некоја од проблематичните формулации, се користат неименувани извори и анонимни експерти.

„Извори на Press24 велат дека како што се наближува датумот за избори, СДСМ почнува да се враќа на познатата тактика на блокада на процесите за излез од кризата…“

„Експертите велат дека не треба да изненадува тоа што преку предлози за кои однапред се знае дека не може да бидат прифатени, СДСМ прави обиди да се опструира процесот кој треба да резултира со избори на 11 декември, особено ако се има предвид дека во опозицијата на сите им е јасно дека доколку излезат пред граѓаните оваа зима ќе доживеат реприза на изборите од 2014-та, кога загубија со близу 200.000 гласа разлика“.

Искрено, ваквиот пристап на анонимност воопшто не го уверува читателот дека навистина има работа со некакви доверливи извори и веродостојни експерти. Кој не вели дека сето тоа не е некаков филм измонтиран во некој партиски центар за односи со јавноста? Можеби прашањето е премногу остро поставено, но приложеното во текстот едноставно изнудува таков начин на барање одговори зашто збороредот упатува на сериозна доза пристрасност, која, впрочем, е „забетонирана“ со насловната конструкција:

„Нов план за бегство од избори – СДСМ инсистира СОРОС да го води ад-хок телото за медиуми“

Што е најинтересно, истите тези, а и формулации ги користи владејачката партија, што е само доказ плус за обоеноста на материјалот.

Конечно, ова е уште производ во обид за плашење на читателите од „сдсмовскиот Сорос лош“. Притоа, отсуството на аргументи за пласираните тези се подразбира.

 

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

поголемиот дел не

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести