verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Медиумска милитантна мобилизација

on 5 - 09 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Vecer 113 brigada

[Рецензија: 113-та бригада која го поддржува Заев, почна со мобилизација на Косово]

 

 

Пред нас е еден типичен пример за манипулативно врамување, односно ставање на одредена медиумска содржина во контекст, со што таа добива сосема друго значење од нејзиното автентично.

Во овој случај, содржината е една сосема небитна информација, меморабилија за активностите на ОВК (УЧК) на Косово од 1999 година, а рамката е вонредните парламентарни избори во Република Македонија.

Значи, на денот кога почна одбројувањето на стоте дена до вонредните парламентарни избори, медиумот избрал да врами информација која суштински е определена во насловот „113-та бригада која го поддржува Заев, почна со мобилизација на Косово“ за да предизвика вознемиреност, заплашување кај граѓаните од една страна, и, од друга страна да објави дека политичкиот опонент на актуелната власт, лидерот на опозицијата, на претстојните избори има поддршка од архинепријателот на Македонците – Албанците организирани во воена формација.

Дали имаме аргументи за да го оправдаме ова „растурање“ на рамката? Се разбира. Одиме по ред.

 

09052016-Vecer-113Линк до оригиналниот напис: 113-та бригада која го поддржува Заев, почна со мобилизација на Косово

Датум и време на објавување: 02.09.2016, 15:07

Датум на рецензирање: 05.09.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

ФЕЈСБУК И БЛОГ-ПОСТОВИ КАКО „ДОКАЗ“

Како прво, медиумската содржина не нуди ниту еден линк за да се увериме во автентичноста на тврдењата изнесени во текстот – дека на Косово се мобилизираат паравоени единици, некогашни припадници на ОВК. Текстот се повикува на објава во еден македонски интернет-блог, што е крајно нерелевантен извор и непрофесионална постапка.

Како второ, во текстот на кој се повикува оваа медиумска содржина, се наведува како извор фејсбук-страница на еден поранешен припадник на ОВК, Mujë Krasniqi Legjend E Popullit Shqiptar, и од таа страница се копирани фотографии кои треба да илустрираат мобилизација и некаква сосема нејасна најава наречена „21. очекува бомба“. Конфузијата со ништо не артикулира јасна и разбирлива поента.

 

И „ИЗВОРИТЕ“ НИШТО НЕ ДОКАЖУВААТ

Уште повеќе, и кога ќе го прочитате и проанализирате конкретниот статус на кој се повикува оваа информација, нема да дознаете ништо што е поврзано со некаква мобилизација. Сè што можете да разберете е дека тој статус евоцира спомени од 1999 година и не најавува, ниту навестува, каква било актуелна активност на тие паравоени формации. Тоа укажува дека имаме извртување на фактите во претходно посакувана насока, односно спинување.

Тоа е тоа врамување, кое е опфатено и со методологијата за надзорт на изборното медиумско претставување за време на изборните процеси на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги, во делот на упатствата за квалитативното вреднување на новинарското известување, од кое толку многу се исплашија претставниците на петте национални радидофузери. Токму такви врамувања, манипулативни контекстуализации ни претстојат во овој период.

Добро е да ги препознаваме.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни,

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести