verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Спинови и навреди сокриени зад „истражувачка сторија“

on 5 - 09 - 2016       

Zurnal za Zekiri

 

[Рецензија: Шарените влегоа во ЦО на СДСМ: Заев се крсти за победа во радикалот Зекири]

Како да се окарактеризира текст кој го критикува изборот на доскорешниот новинар Мухамед Зекири во централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз, користејќи  спинови, навреди, невистини и небулози, повреда на приватноста, што е особено важно – без трошка вистина, но со голем број навреди на лична, верска и на национална основа? Секако не е новинарство. Попрво ќе е – приземна политичка пропаганда подметната како кукавичко јајце на читателите во облик на новинарски текст!

 

 

FireShot Capture 27 - Шарените влегоа во ЦО на СДСМ_ Заев се крсти за победаЛинк до оригиналниот напис: Шарените влегоа во ЦО на СДСМ: Заев се крсти за победа во радикалот Зекири

Датум и време на објавување: 1.09.2016, 22:19

Датум на рецензирање: 4.09.2016

Рецензент: Југослава Дуковска

 

ХИБРИД ОД СТОРИЈА И ОД ПАРТИСКО-ПРОПАГАНДИСТИЧКИ ПАМФЛЕТ

Пред нас имаме типичен примерок на еден посебен квази-новинарски под-жанр, истражувачка сторија вкрстена со партиско пропагандистички памфлет достоен за штапско гласило. Сè е тука – изобилство на „информации“, богатство на ексклузивни фотографии, користење на повеќе „извори“, обработка на темата од повеќе „аспекти“. Сè има, само новинарство – нема. Но, залудно – од аспект на вистинитоста на наводите, кој е еден од темелните критериуми за еден новинарски напис, ова писание има оценка – нула.

Еве неколку примери:

„Својата националистичка реторика Муки вешто ја затскриваше зад позицијата новинар и секоја критика врз него се обидуваше да ја прикаже како напад врз слободното новинарство во што редовно се приклучуваше и заштитникот и негов пријател Насер Селмани со кого на денот на револуционерната борба 23 октомври протестираа.“

Паушалното тврдење дека Зекири е некаков националист, написов го поткрепува со учеството на Зекири на протестите на новинарите одржани на 23 октомври 2013 година, со кои новинарите и граѓаните бараа да престане политичкиот притисок и прогонот на новинарите, како и ослободување на новинарот Томислав Кежаровски, на кој учествуваа неколу стотици новинари и граѓани од повеќе националности, а меѓу нив и Насер Селмани, во својство на претседател на Здружението на новинарите на Македонија.

Патем, крајно е непрофесионално да се каже дека протестот бил на 23 октомври, но не и која година.

„И додека од една страна постојано повторуваше дека власта сакала да го замолчи, од друга Зекири на аџилак се фотографираше со портпаролот на ДУИ, Бујар Османи. Во 2013-та година, по покана од саудискиот крал Абдула, Османи и Зекири, го извршуваа едниот од петте столба на исламот -аџилакот во Мека и Медина, Саудиска Арабија. Тие, заедно со неколку милиони аџии од целиот свет, се поклонија на светите места.“

И, што е спорно тука, би се прашале читателите? Никаде не стои дека на новинар му е забрането како приватно лице да учествува во верски обреди, ниту нив да ги следи во друштво на политичари.

„Зекири тогаш не одговори на низа прашања на Курир за тоа какво искуство е аџилакот и какви впечатоци носи од Саудиска Арабија, како и кој го финансирал неговотo патување во Саудиска Арабија.

Тогашниот уредник на Алсат не одговори дали ќе ја осуди забраната на жените да возат, дали ја осудува смртната казна за хомосексуалци и  што мисли за правата на христијаните во С. Арабија, односно дали би се потпишал на петиција за изградба на првата црква во Саудиска Арабија, бидејќи таму има 2 милиони христијани кои немаат ниту една црква.“

 

ТРЕБАЛО ДА БИДЕ ПРАШАН

Од аспект на човек од новинарска бранша, несмасна е забелешката дека некоја личност не одговорила на прашања на друг медиум бидејќи тоа логично го повлекува прашањето: а зошто тогаш вие не го прашате истото тој човек? Навистина, по толкав труд вложен во обидот да се создаде „истражувачка сторија“ за новинарот – националист Мухамед Зекири, логично ќе беше овие прашања, доколку сè уште ги сметаат за релевантни, авторот на овој текст да му ги постави на Зекири.

Вториот апсурден момент кој произлегува од цитатот би бил – зошто Зекири во овој текст се прозива што бил на аџилак во Мека, Саудиска Арабија, а не го осудил кршењето на човековите права? Која е поентата, релевантноста за темата, и која е впрочем логиката да се бара од Зекири да ја осуди Саудиска Арабија, земја со која Република Македонија лани со свеченост организирана од Министерството за надворешни работи прослави 20 години од воспоставување на дипломатските односи и никогаш не упатила забелешки или дипломатски протести за осуда на кршењето на човековите права, односно, барем не ја известила јавноста за такво нешто? Дали се работи за неинформираност, несмасност, немарност, непрофесионалност можеби?

 

СО ПРИСОБРАНИ ПОСТОВИ, ВПРОЧЕМ, НЕ СЕ ПРАВИ ВИСТИНСКА СТОРИЈА!

„Зекири, кој заедно со „шарените“ речиси секојдневно учествуваше во таканаречената револуција, беше дел од оштетувањето, сквернавењето и демолирањето на македонските спомен-обележја. Радикалниот Муки, со кого СДСМ сега ќе лови гласови, секако во ниту еден момент не оштети ниту еден албански споменик.“

Треба ли да се напомене дека учесниците на протестите на „Шарената револуција“ се движеа во колона и дека прскањето на спомен-обележјата и на објектите на „Скопје 2014“ се случуваше според замислата на организаторите, па според тоа ниту Зекири ниту кој било друг учесник на протестите не презел ништо на своја рака во поглед на изборот на таргетираните објекти?

Изворите во овој напис се посебна приказна. Се работи, речиси исклучиво, за фотографии од протести, како и постови и приватни фотографии од фејсбук-профилот на Зекири. Со други зборови, ниту „И“ од некакво истражувачко новинарство. Без оглед што профилот на новинарот Зекири е јавен, овој текст не може да биде амнестиран од одговорност за злоупотреба на содржини објавени на нечиј профил на социјална мрежа, особено за атак со елементи на дискриминација по верска основа.

И, на крајот, заклучокот се наметнува сам – ова е срамен обид за подметнување пропагандно четиво како новинарска сторија.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

има и веродостојни и неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни,

не може да се утврди

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

селективно наведен автор (извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

национална дискриминација, верска дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести