verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Наместо вест само коментари

on 9 - 09 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

fireshot-capture-12-ju-nga-bdi-ja-qe-e-kritikoni-muhamed-z_-http___www-monitor-mk_ju-nga-bdi-j

Напис: Вие од ДУИ што го критикувате Мухамед Зекири, да не сте случајно во коалиција со Шабан Полужа?!

Вие од ДУИ што го критикувате Мухамед Зекири, да не сте случајно во коалиција со Шабан Полужа?!

По приклучувањето на поранешниот новинар Мухамед Зекири кон СДСМ, многу партиски војници на ДУИ почнаа да ни продаваат патриотизам против оваа одлука од страна на Мухамед Зекири, но парадоксот е јасен, тие една деценија се заедно со ултранационалистите Mакедонци од ВМРО, почнувајќи од Никола Груевски, па сè до Миленко Неделковски, кој јавно го навредува албанскиот народ.

Пред да почнете да продавате патриотизам, не го заборавајте:

Сопот

Монструм

По каурин од кауринот

„Куманово“

„Командант Шќипоња“

Итн.

 

[Рецензија: „Вие од ДУИ што го критикувате Мухамед Зекири, да не сте случајно во коалиција со Шабан Полужа?!“]

Не се ретки случаите кога на вестите на македонските портали и на македонски и на албански јазик, може да се забележат одредени дози коментари. Тие се пикаат, камуфлираат внатре, во веста, без да се образложи воопшто дека станува збор за коментар во внатрешноста на една информативна содржина. Но, има случаи и кога може да се згреши целата вест и да се претвори во коментар.

[Recension: “Ju nga BDI-ja që e kritikoni Muhamed Zekirin a mos rastësisht jeni në koalicion me Shaban Polluzhen?!”]Линк до оригиналниот напис: Вие од ДУИ што го критикувате Мухамед Зеќири, да не сте случајно во коалиција со Шабан Полужа?!

Датум и време на објавување: 02.09.2016

Датум на рецензирање: 04.09.2016

Рецензент: Агрон Врангала

Да се рече дека има многу коментари во оваа вест, не е најреалната проценка што може да се даде. Всушност, целата вест е еден коментар. Коментар, собран во неколку редови. Сè би било во ред доколку овој текст се наоѓаше во рубриката коментари или мислења. Дури, можеби немаше ниту да биде забележан како таков. Ова, можеби е главната причина што редакциите често одбираат да пишуваат коментари во рубриката за вести.

Преку поранешните искуства и за време на директната комуникација што сме ја имале со луѓе вработени по овие редакции, тие признаваат дека се многу свесни за „играта“ на манипулирање со рубриките. Причината, според нив, е дека коментарите имаат многу помал број кликнувања отколку вестите. Како последица на ова, тие се решаваат личните ставови што ги имаат сопствениците или раководителите на овие портали, да ги вклучат во вестите. Вака, велат тие, има поголемо влијанието кај читателите.

Сме прашале и неколку колеги дали реагирале во такви случаи и дали им дале до знаење на нивните шефови дека ова е прекршување на етиката. Да, велат, но додаваат дека нивните претпоставени не сакаат ни да слушнат за овие прекршувања и дека ги тераат сосила да извршат такво дело. Кога станува збор за пријавувањето на овие случаи од страна на новинарите, пак, тие велат дека ова потоа може да има своја цена, што подразбира бркање од работа и разни закани.

Друго прашање што се поставува потоа и за кое уште нема одговор, е зошто информативните портали се претвораат во марионети на политичките партии. Дали се во прашање парите, силните политички убедувања, омразата кон некој друг субјект и желбата за реваншизам, личните каприци што ги имаат страните меѓу себе или некоја друга причина? Која и да е причината или и да се сите заедно, не го оправдуваат земањето на една таква одлука, бидејќи ова се смета за прекршок во две важни области. Првин, прекршок е кон јавната мисија што ја има еден медиум и газењето на довербата што ја има јавноста кон еден медиум, и второ, прекршување на професионалните правила на кои се повикува новинарството. Ова може да го најдете во секој етички кодекс на светот.

Во Кодексот на новинарите на Македонија пишува:

„Новинарите имаат право да имаат свое мислење, став и проценка, но не смеат нивните мислења да ги камуфлираат како да се факти“;

и:

„Треба да биде јасно поделено кои се факти, а кои информации и кои се коментари, претпоставки или ставови на авторот, за да се избегне дезинформација и манипулација со јавноста“.

Конкретно, текстот што го рецензиравме прикажува аверзија кон милитантите на ДУИ кои реагирале во врска со одлуката на новинарот Мухамед Зекири за неговото вклучување во СДСМ. Исто така, се напаѓа и ДУИ, која е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и, на крај, се редат неколку случаи, со кои доаѓа до израз желбата да се даде до знаење на албанските партии дека се неуспешни во нивната работа. Сето ова би било во ред, доколку се објавеше во форма на еден коментар основан врз повеќе вести, а не како многу коментари во форма на една вест.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

нема извртување на вистина (спин)

наклонетост

политичка пристрасност,

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

има контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести