verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Ќе те вознемирувам за да кликаш

on 12 - 09 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

pres-24-prezemanje-od-dnevnk

[Рецензија: Дневник: Во овие скопски наслеби е најризично за живеење поради земјотреси]

Преземањето текстови од други медиуми не е нешто непознато, ниту невообичаено. Иако тоа зборува за одредена мрзеливост и за неинвентивност, сепак, додека преземањето се прави коректно, тоа е во ред.

Под коректно подразбираме првенствено да се објави изворникот на текстот, со оригинален наслов и со датум и време кога е објавена содржината. Уште повеќе, кога се преземаат само одредени делови од „позајмената“ содржина, тогаш треба да се биде особено внимателен за да не се измести контекстот на преземениот дел и со тоа да се злоупотреби.

 

09122016-press24-zemjotresЛинк до оригиналниот напис: Дневник: Во овие скопски наслеби е најризично за живеење поради земјотреси

Датум и време на објавување: 11.09.2016 – 22:50

Датум на рецензирање: 12.09.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

Во случајот на медиумската содржина што ја рецензираме, станува збор токму за тоа – за избор на делови од изворникот и за нивно ставање во контекст кој не е автентичен и кој воопшто не ја отсликува сеопфатната рамка од која се земени деловите.

Згора на тоа, новата медиумска содржина е „украсена“ со наслов кој е крајно вознемирувачки и кој нагласува само еден аспект на една сложена, сама по себе загрижувачка тема, како што се земјотресите во Скопје.

Во изворникот од каде е екстрахирана оваа вознемирувачка медиумска содржина, оваа тема е сеопфатно и детално елаборирана од страна на експерт. Таа содржина предупредува, но, колку-толку, водено е сметка да не биде вознемирувачка.

Тоа не е случај кога станува збор за текстот што го рецензираме, само со една намера – да биде кликан.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

релевантни,

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

нема лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

наведен извор со линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

Вознемирува

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

има контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести