verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Анализа со коментари и непотврдени тези, спакувана како вест

on 14 - 09 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

fireshot-capture-23-marreveshje-e-fshehte-mes-vmro-se-dhe-_-http___ina-online-net_marreveshje

 

Напис: Таен договор меѓу ВМРО и СДСМ на штета на Албанците!

Од сигурни извори во македонската политичка структура, дознаваме дека Договорот познат за јавноста е формален и точките во него не беа пречка за постигнување на договорот, туку некои други точки кои се дел од еден таен договор меѓу ВМРО и СДСМ и кои директно се однесуваат на Албанците, пишува порталот fol.mk

Пред да ги обелодениме точките од овој таен договор меѓу ВМРО и СДСМ, да кажеме дека лидерите на Албанците, Али Ахмети од ДУИ и Мендух Тачи од ДПА, двајца од претставниците во преговорите, колку божем да има правична етничка застапеност на Македонија, реално служеле само како украс во масата на преговорите од кои произлезе fормалниот договор од 31 август веќе познат за јавноста, кој божем ќе служи  за излез од длабоката политичка криза создадена од криминалните дејства на истата ова структура, под водство на истите овие лидери, потписници на Политичкиот договор!

Од овој fормален политички договор сега познат на јавноста, потпишан од четирите лидери, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, Албанците излегоа губитници! Нема дилема дека главните виновници за овој толку штетен dоговор за Албанците се нивните политички лидери, Али Ахмети и Мендух Тачи!

Колку биле сериозни лидерите на Албанците на овие преговори, зборува фактот кој се случи на крај на преговорите, при што во преговорите потрошиле повеќе од една недела за тоа кој од двајцата познати новинари Албанци, Даут Даути и Сефер Тахири, ќе биде избран за петти член на  ад хок комисијата за надзор на преговорите за време на изборната кампања, комисија која е неважна за Албанците, наспроти скандалот со 40.000 гласачи Албанци кои беа избришани од избирачкиот список, и за кои лидерите на Албанците не одвоија ниту еден час од нивното време за да го одбранат нивното право на глас. Скандалозните дејства на лидерите Албанци за време на овие преговори веќе ѝ се познати на јавноста преку нашите написи, затоа овојпат нема да ги повториме, туку ќе ви откриеме еден таен договор меѓу лидерите на Македонците, Никола Груевски од ВМРО и Зоран Заев од СДСМ!

Една стара поговорка вели: „Тогаш кога ти спиеш, непријателот е буден и крои планови за идните напади“! Токму ова се случило во Македонија! Двете политички структури на Македонците, заедно со своите лидери, не спиеле, туку деноноќно работеле за еден таен договор со кој „ќе се бранел“ интересот на Македонците наспроти  албанскиот елемент, што реално би значело „продолжување на притисокот врз Албанците во Македонија“! И овој консензус тие го постигнаа во време кога лидерите на Албанците, Али Ахмети и Мендух Тачи , целата политичка структура на Албанците, оние на власт и опозицијата, разните друштва, академците, професорите и интелектуалците Албанци, аналитичарите и новинарите и целиот албански народ во Македонија беа во сон, беа на годишен одмор и нималку не помислија дека македонската страна нешто подготвува. И, откако потпишаа еден таен договор меѓу ВМРО и СДСМ, на Никола Груевски и на Зоран Заев не им беше тешко да седнат и да се смират еден со друг со формалниот договор од 31 август 2016 година!

Точките од тајниот договор меѓу ВМРО  и СДСМ!

Точките од тајниот договор, кои ќе ви ги претставиме тука, може да се напишани во поинаков редослед од тоа што е потпишано од Никола Груевски и од Зоран Заев, но во содржина се исти.

  1. Се согласуваме за праведни и коректни меѓу себе (избори), но не и наспроти другите;
  2.  Фиктивните гласачи нема да бидат избришани, туку ќе се делат пропорционално 50:50 меѓу ВМРО и СДСМ;
  3.  Бројот на фиктивните гласачи ќе биде покриен со бришење на гласачите Албанци и гласачи од другите националности немакедонци. (Наша забелешка: оваа точка веќе е реализирана);
  4. Која било партија што ќе победи на изборите, ќе ја амнестира водечката структура на ВМРО и на СДСМ;
  5. Која било партија што ќе победи на изборите, политиката кон Албанците ќе ја реализира според националната програма за заштита на националниот интерес наспроти оној на другите. (Наша забелешка. Се разбира „другите“ се главно Албанците);
  6. Која било партија што ќе победи на изборите ќе направи коалиција со победничката партијата на Албанците, според веќе поставената практика од ВМРО!;
  7. По изборите ќе се менува законот за специјалната обвинителка и ќе се донесе формален закон за исполнување на меѓународните барања;
  8. Идните влади ќе работаат според претходно донесената програма со консензус од националното координативно тело составено од ВМРО и од СДСМ, и други важни фактори, во точките кои се однесуваат на националните права на Албанците!

Ова се главните точки на тајниот договор меѓу ВМРО и СДСМ, главно со антиалбанска содржина. Затоа, оваа држава, со ваков менталитет и со вакви дејства на политичката и на интелектуалната структура, не е на прав пат кон поставување цврсти темели на македонската држава, туку кон нивно оштетување и целосно уништување!

 

[Рецензија: „Таен договор меѓу ВМРО и СДСМ на штета на Албанците!“]

Не ретко се случува да рецензираме вести во кои коментарите и личните мислења на новинарите се крајно очигледни. Вестите, пак, претворени во широки анализи и со бројни поставени тези, како што е случајот со овој текст, по сè изгледа се новитет и непознато искуство, сè досега.

[Recension: “Marrëveshje e fshehtë mes VMRO-së dhe LSDM-së në dëm të shqiptarëve!”]Линк до оригиналниот напис: Таен договор меѓу ВМРО и СДСМ на штета на албанците!

Датум и време на објавување: 04.09.2016

Датум на рецензирање: 07.09.2016

Рецензент: Агрон Врангала

Ако авторот направеше една детална анализа и потоа редакцијата текстот го поставеше во рубриката за вести, тогаш ќе беше полесно да му се прости. Во тој случај ќе можеше да се затвори едно око и поголема важност ќе имаше тежината на анализата, а не „мешањето“ на рубриките.

Без да навлеземе во ситници, затоа што и самиот текст е долг, ќе се обидеме да ги евидентираме само оние проблеми кои ниту веста, а ниту, пак, една анализа, во никој случај не смее да ги содржи. Текстот ја анализира тезата според која договорот меѓу лидерите на четирите најголеми политички партии во Македонија нема врска со реалноста, велејќи дека вистинскиот договор е тој склучен тајно меѓу двете партии на Македонците, далеку од очите и од ушите на лидерите на Албанците.

Втората теза вели дека лидерите на Албанците во договорот од 31 август 2016 година се сметаат само за украс. Не недостигаат ни критики кон лидерите за, како што се вели во текстот, криминални дејства. Во содржината, кога се работи за договорот, лидерите на Албанците се нарекуваат неспособни и се прогласуваат за главни виновници за сите можни лоши работи што им се случуваат на Албанците во оваа земја. Внимавајте, во содржината нема ниту еден извор врз кој авторот ги засновал овие тези, сите обвиненија се како удари од гром кои уништуваат некоја одредена цел.

Трето, лидерите на Албанците се обвинуваат за нивната инфериорност при определување на петтиот член на ад хок комисијата за надзор на медиумите, што според текстот, е ирелевантен според тежината што ја има, во споредба со бришењето на илјадници гласачи Албанци од избирачкиот список. Можеби поставената теза и не е толку далеку од вистината, но не можеш истовремено да бидеш и автор на вести и автор на анализи . Или си едното, или си ова второто, или прво првото, па второто. Тука се истакнува и постојаниот придонес на споменатата редакција за да се обелоденат скандалозните дејства на лидерите на Албанците. И сето ова се пренесува во вид на фалење, без да се даде ниту еден конкретен доказ.

И доаѓаме до „големата тајна“ на еден договор, досега непознат за јавноста, меѓу Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ и Зоран Заев од СДСМ. Старата изрека „Тогаш кога ти спиеш, непријателот е буден и крои планови за идните напади“, употребена во овој текст, претставува уште еден елемент кој може да се оцени и како говор на омраза.

И сосема на крај, со голема посветеност, се претставуваат 8 точки на овој „таен договор“ меѓу двајцата лидери на Македонците. Ова нема потреба од коментари, доволна е само една реченица: ако постоеше каков било доказ за овој таен договор, можете да бидете сигурни дека барем меѓунаpодните наблудувачи кои се дел од нашиот политички процес, ќе направеа сè што е во нивна моќ за да дојдат до оригиналната верзија или барем една копија на овој договор… и сигурно почитуваниот автор немаше веќе да го гледаме како се занимава со анализи от типот „што би било, кога би било?“.

Да бидеме искрени, напишаното воопшто не е смешно, затоа што е напишано на многу софистициран начин, претендирајќи за далекувидост. Затоа, доколку имаше каков било доказ, тогаш оваа вест без двоумење ќе беше прогласена за „вест на годината“ или „вест на векот“. Во овој случај не ќе беше неочекувано ако кај народот се создадеше револт и ако имаше немири и насилство, без да се знае кој е против кого. Кога велиме вака, секогаш зборуваме од гледна точка на еден читател под влијание на вознемирувачкиот напис.

На авторите во медиумите им посакуваме среќа во градењето на аналитичката зрелост, затоа што таквите содржини ги нема во медиумите во нашата земја. Но, исто така, им порачуваме дека кога пишуваат вести, треба да имаат предвид неколку кратки и едноставни правила што произлегуваат од етичките кодекси на новинарството во целиот свет.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

Може да поттикне

дискриминира

национална дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести