verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Вест за опасна омраза поткрепена со малку факти

on 20 - 12 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

fireshot-capture-172-profesori-shqiptar-u-mbane-ligjerata-_-http___ina-online-net_profesori-sh

 

Напис: Професорот Aлбанец им држи предавања на средношколците: Рака да им се исуши на тие што гласаа за Заев

Учениците од гимназијата „Зеф Љуш Марку“ се бомбардирани од страна на еден професор со политички лекции, кој наместо предавање на наставниот материјал, им зборувал за изборниот процес.

Еден ученик присутен на овој час, за новинската агенција ИНА изјави дека професорот зборувал за тоа како Aлбанците гласале за македонска партија.

„Тој го почна часот велејќи: На сите тие Aлбанци што гласале за СДСМ да им се исушат рацете. Потоа продолжи велејќи: Отсега одете по пат и во себе шепотете: Јас сум предавник. Иако ние сме прва година и немаме право на глас, тој држеше час по политика“, изјави ученикот.

Новинската агенција ИНА нема да го објави името на професорот за да не го наруши угледот на училиштето. (ИНА).

 

[Рецензија: Професорот Aлбанец им држи предавања на средношколците: Рака да им се исуши на тие што гласаа за Заев]

Политиката е забранета по училиштата, бидејќи таму имаме работа со ученици, деца и со малолетници, кои немаат право на глас и не треба да бидат злоупотребени за политички цели. Аголот на веста е фатен на соодветен начин, но не е третиран како што треба или како што се бара од новинарската професија.

За такви случаи, треба да се обезбедат страните инволвирани во веста. Доколку редакцијата навистина има факти дека еден професор од споменатата гимназија одржувал политички говори и вршел пропаганда кон учениците, ова требало да се пријави и во содветните институции и новинарот требало да побара нивен став.

„Учениците од гимназијата „Зеф Љуш Марку“ се бомбардирани од страна на еден професор со политички лекции, кој наместо предавање на наставниот материјал, им зборувал за изборниот процес. Еден ученик присутен на овој час, за новинската агенција ИНА изјави дека професорот зборувал за тоа како Aлбанците гласале за македонска партија“.

Доколку ова се случило во една училница што е дел од гимназијата, тогаш каде е во овој случај директорот на училиштето, како прв во низата што треба да носи одговорност за сè што се случува во училиштето?! Во содржината нема индиции што покажуваат дека имало обид  да се земе негов став, кој во овој случај би требало да биде важен за да се има една побалансирана и пообјективна вест.

profesori-shqiptar-u-mbane-ligjerata-screenshotЛинк до оригиналниот напис: „Професорот Aлбанец им држи предавања на средношколците: Рака да им се исуши на тие што гласаа за Заев

Датум и време на објавување: 14.12.2016

Датум на рецензирање: 15.12.2016

Рецензент: Адриан Керими

Законот е најсилното оружје на новинарот. Во случаи кога имаме работа со злоупотреба на должноста, редно е да се цитира законот и мерките што се предвидуваат. Во конкретниот случај, во веста немаме вклучено таков елемент.

„Тој го почна часот велејќи: на сите тие Aлбанци што гласале за СДСМ да им се исушат рацете. Потоа продолжи велејќи: Отсега одете по пат и во себе шепотете: Јас сум предавник. Иако ние сме прва година и немаме право на глас, тој држеше час по политика“, изјави ученикот.

Новинската агенција ИНА нема да го објави името на професорот за да не го наруши угледот на училиштето“.

За да се потврди дали навистина се случило такво нешто во еден наставен час, текстот требало да обезбеди докази и изјаснувања и од другите ученици и информацијата да ја поткрепи со повеќе цитати. Веста, како таква, без потребните изјаснувања, без ставови од експерти и познавачи на областа на правата на децата и на малолетниците, некомплетирана и незаснoвана врз поцврсти докази, е само тенденциозна и еднострана.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

релевантни,

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

не аплиактивно

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

национална дискриминација, политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести