verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Непоткрепени обвинувања и вулгарност

on 20 - 12 - 2016       

dokazm-mk_foto-eve-koj

[Рецензија: ЕВЕ КОЈ СЕ ЗАКАНУВА ПО ДЕВОЈКИ И ПО ОПОЗИЦИСКИ НОВИНАРИ И КОЈ КРАДЕ КРСТОВИ ОД ГРОБИШТА КОЈ ПОТОА СО ИМЕТО НА ЗОРАН ЗАЕВ ВРЗ НИВ ШЕТА СО НИВ]

 

Во објавата пред нас имаме изнесени обвинувања без докази. Одлуката интегрално да се пренесе допис од прозваното лице, ја става оваа медиумска содржина во улога на платформа за оцрнување и за ширење невкус. А, употребата  на недолични изрази  само го дополнува впечатокот за непрофесионалност.

foto-dokazЛинк до оригиналниот напис: ЕВЕ КОЈ СЕ ЗАКАНУВА ПО ДЕВОЈКИ И ПО ОПОЗИЦИСКИ НОВИНАРИ И КОЈ КРАДЕ КРСТОВИ ОД ГРОБИШТА КОЈ ПОТОА СО ИМЕТО НА ЗОРАН ЗАЕВ ВРЗ НИВ ШЕТА СО НИВ

Датум и време на објавување: 18.12.2016

Датум на рецензирање: 19.12.2016

Рецензент: Александар Пешев

 

 

ОЦРНУВАЊЕ

Насловот, пишуван во сензационалистички манир, најавува дека е пронајдено лицето кое, наводно, шири омраза, се заканува и краде крстови. Ваквата најава претставува сериозно обвинение, кое бара конкретни докази или соодветна атрибуција, но во краткиот текст нема такво нешто.

Непознато е:

  • Кој потврдил дека именуваниот, наводно, крадел надгробни обележја?;

  • Дали се преземени соодветни законски дејства против ваква постапка и ако не, зошто не?;

  • Кои се тие девојки и опозициски новинари (во множина) кои добиле закани од оваа личност и каде се нивните сведочења?

Во текстот се споменува дека медиумот веќе известувал на оваа тема и можеби претходниот напис имал поконретни докази, но истиот не е поврзан со новата објава. Од текстот станува евидентно дека само една новинарка се пожалила на директен напад од личноста што се прозива, што го остава отворено пршањето кои се другите девојки и новинари кои добивале закани, имајќи предвид дека во насловот имаме употреба на множина. Како доказ за ваквото тврдење, наместо изјава од личноста што ги добила заканите, се дава принтскрин од самите закани.

 

 

НЕДОЛИЧЕН ГОВОР

Вулгарниот израз и заканите никако не се оправдани, но одлуката истите интегрално да се пренесат претставува потег кој придонесува за ширење на вугарниот израз со негово презентирање на поширока публика, што не е оправдано во професионалните стандарди. Текстот дополнително се надоврзува на ваквите коментари, видно возвраќајки го ударот со сопствени коментаторски вулгарни изрази (кои би било некоректно дополнително да се цитираат во рамките на оваа рецензија). Стандардите за ваквата практика се јасни:

Новинарот мора да ги негува културата на говорот и етиката. Неспојлива со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста – член 15 од Кодексот на новинарите

Проширените обвинувања се дополнети со коментари кои оставаат впечаток на чаршиски муабет:

„Инаку Тони Марка важи за еден од луѓето во потесниот бизнис круг на битолскиот градоначалник Владимир Талевски. Држи тендери за осветлување во општината како и повеќе тендери во РЕК Битола, важи за богат битолски цепач“.

Повторно немаме извор на информации, документи или изјави од официјални или анонимни заштитени извори, кои би го докажале тврдењето за наводните тендерски привилегии на прозваната личност.

Имајќи го предвид недостигот од докази за изнесените тврдења, текстот остава впечаток на материјал составен за да врши лична дискредитација.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

не може да се утврди

Не може да се утврди

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести