Манипулирање со агенциска вест
Објавено во Рецензии
on 20 - 12 - 2016 Автор: Зоран Бојаровски[Рецензија: Вашингтон Пост”: ВМРО-ДПМНЕ победи и ќе формира влада]
Многу грешки, непрофесионалност и етички недоследности, а може да се каже и незнаење, се собрале во една куса информација. Тоа е предизвикано од начинот на кој е преземена една вест од угледниот „Вашингтон пост“, која во оригиналот е насловена како „Macedonian politician: Foreigners interfering after vote“ или, во превод: „Македонски политичар: Странците се мешаат во постизборието“.
Треба веднаш да се напомене дека оваа вест во „Вашингтон пост“ е објавена како преземена информација од најстарата новинска агенција во светот – „Асошиејтед прес“. Нагласуваме најстара, бидејки „Асошиејтед прес“ е агенција која не си игра со професионалните стандарди и правила.
Како прво, насловот на веста категорично ја штити агенцијата дека таа вели дека странците се мешаат во постизборниот процес во Македонија со јасната атрибуција дека тоа го тврди македонски политичар.
Како второ, не е „Вашингтон пост“, туку „Асошиејтед прес“. Тоа треба прецизно да се издвои и да не му се припишува на весникот, туку на агенцијата.
Трето, во текстот пишува „конзервативците (ВМРО-ДПМНЕ, н.з.) очекуваат да формираат влада со својот долгодишен партнер…“
Тоа не е воопшто исто со: „Вашингтон Пост: ВМРО-ДПМНЕ победи и ќе формира влада“, како што сугерира насловот на веста што ја рецензираме. Бидејќи тоа не го тврди „Вашингтон пост“, туку „Асошиејтед прес“. Тоа треба прецизно да се издвои и да не му се припишува на весникот, туку на агенцијата.
Линк до оригиналниот напис: „Вашингтон Пост”: ВМРО-ДПМНЕ победи и ќе формира влада
Датум и време на објавување: 18.12.2016, 15:25
Датум на рецензирање: 19.12.2016
Рецензент: Зоран Бојаровски
СПИНУВАЊЕ
Да повториме: во оригиналниот текст пишува „конзервативците (ВМРО-ДПМНЕ, н.з.) очекуваат да формираат влада со својот долгодишен партнер…“. Во насловот, пак, на медиумската содржина што ја објавува нашиот медиум сугерира: „ВМРО-ДПМНЕ победи и ќе формира влада“.
Тоа ниту една агенција не би си го дозволила, а камо ли „Асошиејтед прес“, а исто така, ниту „Вашингтон пост“.
Едноставно, веста што ја рецензираме ја извртела, ја спинувала веста на угледната агенција и на познатиот медиум.
Новинските агенции, како и професионалните и одговорни медиуми никогаш нема да си дозволат манипулација во своите извештаи, Тоа го нагласува во лекцијата „Агенциско новинарство – фабрика за вести“ и нашиот колега Владо Ѓорчев:
„Во агенциското новинарство најважно е начелото на сигурен извор на информации, краток опис на настанот и брза дистрибуција на информациите… Агенциските вести информираат за настани (факти) и мора да бидат точни, брзи и непристрасни“.
Но, практиката, еве, ни покажува дека има колеги што ги читаат и ги почитуваат лекциите, а има и такви кои ги бришат границите на професионалното новинарство од некои само ним познати причини и со тоа го злоупотребуваат трудот на професионалците.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
релевантни,
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
делумна копија
наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
неповрзан со тагови